Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

47. Таму каде го наоѓаш Неговото величие

Слушнав

„Онаму, каде што ти го наоѓаш Неговото величие, таму ќе ја најдеш Неговата понизност.“ (Мегила).

Ако човекот постојано се наоѓа во вистинско спојување со Создателот, тогаш гледа дека Создателот се спушта Себеси до своето суштество, т.е. престојува со него во сите недостојни места. И човекот не знае, што треба да прави?

Затоа е речено: „Создателот, кој седи толку високо, се наведнува, за да види на небесата и на земјата". Т.е. човекот го гледа величието на Создателот, а потоа го гледа „паѓањето" на небото до нивото на земјата. Во таков случај на човекот може да му се даде само еден совет: да мисли дека оваа желба произлегува од Создателот и тогаш нема ништо повисоко од тоа, како што е речено: „Од сметот го крева сиромавиот". Пред сè, човекот мора да погледне дали има во себе чувство на недостаток? Ако не постои, тогаш треба да се моли: „Зошто јас не чувствувам недостаток? Бидејќи нечувствувањето на недостаток е од недостаток на осознавањето.

Извршувајќи ја секоја заповед треба да се моли: зошто јас не чувствувам, зошто моето извршување е несовршено, и мојот егоизам ја крие од мене вистината? Кога тој би видел дека престојува во таква недостојност, тогаш, сигурно не би посакал да остане во таква состојба. Туку цело време би вложувал трудољубивост во работата, сè додека не се врати кон Создателот, како што е речено: „Севишниот умртвува и воскреснува, ги спушта во пеколот и ги крева".

Кога Создателот сака грешникот да се покае и да се врати кај Него, Тој го спушта во бездна на такво понижување, додека тој самиот не посака да престане да биде грешник. И затоа тој мора да моли и преколнува, Создателот да ја открие пред него вистината, давајќи му повеќе од Светлината на Тора.

Следна статија бр.48 „Главна Основа“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели