Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

48. Главна основа

Слушнав на крајот од Саботата Ваера (8-ми Ноември 1952 год.)

Најосновно во духовниот пат е претпазливоста и чувањето од работата на разумот. Затоа што работата на разумот е базирана на прашањето, и ако се појавува тоа фамозно прашање, тогаш човекот мора да биде подготвен за него и заштитен, за да издржи и да одговори веднаш, како што се очекува.

Целиот пат кон Создателот се состои од прашања и одговори, од кои се гради духовната градба на човекот. Ако пак нема прашања и соодветно на тоа нема ниту одговори, значи човекот стои во место и не се движи. На оној кој заслужил да стане сад (кли) за Светлината на Шхина и да се качува по духовните скалила, но кога ја нема оваа работа – и нему Создателот му подготвува место за негово исполнување со верба.

Иако е тешко да си замислиме такво нешто во духовните скалила, но Создателот може тоа да го направи.

Тоа се нарекува поправка на средната линија, кога во левата линија не може да се прима. Но ние гледаме дека токму во Малхут се открива Светлината Хохма, иако Светлината Хохма и Малхут се спротивни. За тоа е речено: „Оваа пречка ќе ти биде при рака".

Бидејќи човекот може да дејствува праведно, според законот само таму, каде што претходно згрешил. „Закон“ (алаха) се нарекува Малхут. Малхут значи невеста (кала). А времето кога одат (алаха - одење) кај невестата, се нарекува „закон".

Целиот пат кон Малхут се состои од препреки, т.е. од прашања. Но, ако ги нема, тогаш Малхут не се нарекува ниту „верба" ниту „Шхина".

Следна статија бр. 49 „Главни се разумот и срцето“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели