Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

50. Две состојби

Слушнав на 20-ти Сиван

Има две состојби на светот. Во првата состојба светот се нарекува „болка" додека во втората состојба се нарекува „Света Шхина (Божествена)."

Тоа е така затоа што кога некој е обдарен со поправка на неговите дела да бидат во насока на давање, тој го чувствува светот само во форма на болка и мачење.

Потоа тој е награден со видување дека Светата Шхина е обвиткана во целиот свет, и тогаш се смета дека Создателот го пополнува целиот свет. Тогаш светот се нарекува „Света Шехина," која прима од Создателот. Ова се нарекува „Соединување на Создателот и Божественоста." Како што Создателот дава, така и светот сега е насочен кон давање.

Тоа е како тажна мелодија. Некои мелодии знаат како да го прикажат страдањето за кое мелодијата е компонирана, бидејќи сите мелодии се како зборен јазик каде што мелодијата ги интерпретира зборовите на оној кој сака да ги каже на глас. Доколку мелодијата предизвика плачење кај слушателите, до степенот до кој секој плаче заради страдањето, кое мелодијата го искажува, тогаш се нарекува мелодија и секој сака да ја слушне .

Како може луѓето да уживаат во страдањето? Бидејќи мелодијата не укажува на моментално страдање, туку на минато, маки кои веќе минале, кои се насладени, кои го примиле полнењето, и заради тие причини луѓето сакаат да ги слушаат. Тоа укажува на засладувањето на судовите дека болките кои некој ги имал се засладени. Затоа овие страдања се слатки за слушање и светот се нарекува „Свето Божество."

Важна работа која треба да се знае и чувствува е дека градот има водач, како што рекле мудреците: „Аврам Патриархот рекол", „нема град без водач". Не смее да се мисли дека сè што се случува во светот е случајно и дека Ситра Ахра го тера да греши и вели дека сè е случајно.

Ова е значењето Хамат (садот) и Кери (семето). Постои Хамат исполнет со Кери. Кери го наведува човека да мисли дека се е случајно, (Бемикрех). Дури кога Ситра Ахра му носи некому мисли дека сè е случајно, без водство, и ова исто така не е случајно, туку Создателот сакал да биде така.

Човекот мора да верува во награда и казна и дека постои судење и суд, и сè е спроведено со казна и награда од Божеството. Ако кај некој ќе се појави будење и желба за делото на Бога и тој мисли дека тоа дошло случајно, тој треба да знае дека и во овој случај тој направил напор кој му предходи на одговорот. Тој се молел за да му биде помогнато од Вишото, за да може да направи дело со намера, и ова се нарекува воздигнувачки МАН.

Но, човекот заборавил на тоа и не размислува што направил, бидејќи тој не добил моментален одговор на молитвата за да каже „Слушнете ја молитвата на секоја уста". Сепак човек треба да верува дека поредокот од Вишото е таков што одговорот на молитвата може да дојде неколку денови или месеци после молитвата. Човек не треба да мисли дека случајно се здобил со моменталното будење. Понекогаш тој вели: „Сега кога чуствувам дека ништо не ми недостасува и немам грижи, мојот ум е бистар и заради таа причина можам да го насочам мојот ум и желбата кон божјата работа,"

Може да се каже дека целото негово вклучување во Божјата работа е „Негова моќ и моќта на Неговите раце му го донеле тоа богатство." Така, кога човек може да вклучи и достигне духовни потреби, треба да верува дека тоа е одговорот на неговите молитви.

Исто така кога некој чита книга и Создателот му ги отвара неговите очи па човекот чувствува некое будење, и тогаш човекот тоа најчесто го поврзува со случајност. Меѓутоа сето тоа е достигнато под водство.

Иако се знае дека целата Тора се состои од Божјите имиња, како човек може да каже дека при читањето на книгата му се појавуваат некакви возвишени чувства? Тој треба да знае дека може често ја чита книгата и да знае дека Тора е Божјите имиња, сепак не добива просветленија и чувства. Наместо тоа сè му е суво и знаењето кое го поседува воопшто не му помага.

Кога човек учи одредена книга и неговата надеж е во Него, неговото учење треба да биде базирано на верба, дека тој верува во Божеството и дека Создателот ќе му ги отвори очите. Во таква ситуација тој има потреба од Создателот и така има контакт со Него и сега може да досегне поврзување со Него.

Постојат две сили кои се спротивни една со друга: Виша Сила и ниска сила. Вишата сила е како што е напишано, „Секој што се нарекува со Мое Име и кого Јас го создадов за Моја слав“'. Ова значи дека целиот свет е создаден за слава на Создателот. Ниската сила е желбата за примање, која тврди дека сè е создадено за нејзе, и земските и духовните, сè е за себенасладување.

Желбата за примање тврди дека го заслужува и овој и следниот свет. Секако победува Создателот, но ова се нарекува „патот на болката". Се нарекува и ,,Долг пат". Но, има пократок пат кој се нарекува ,,патот на Тора". На сите треба тоа да им биде намерата - да се скрати времето.

Тоа се нарекува ,,Јас ќе го забрзам". Инаку тоа ќе биде ,,во свое време" како нашите мудреци велат: ,,наградените - Јас ќе го забрзам; ненаградените - во свое време", ,,Јас ќе ставам пред вас крал како Хаман, кој ќе ве присили да се промените."

Тора започнува од Берешит (на почетокот) и.тн. ,,Сега земјата е неоформена и празна, и црна", и завршува , „во погледот на целиот Израел".

На почетокот ние гледаме дека земјата е „неоформена и празна и мрачна", но кога самите ќе се поправат кон давањето, тогаш тие се наградени со: „..и Бог рекол, нека биде Светлина", додека Светлината се појавувала пред ,,погледот на цел Израел".

Следна статија бр 51. „Ако го сретнеш никаквецот“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели