Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

57. Приближи ја желбата на Создателот

Слушнав на првиот ден од неделата Итро (5-ти февруари 1944 г.)

Речено е: „Приближи ја (својата желба) до желбата на Создателот“. Ама како? Присили ја, додека не каже „Јас посакувам!“. Исто така, треба да сфатиме зошто се молиме: „Да биде желбата од Вишото...“? Затоа што е речено: „Колку повеќе телето посакува да цица, толку повеќе кравата посакува да го храни“. Но тогаш останува непознато зошто се молиме, за да ја има Создателот желбата?

Познато е дека за да се привлече Светлината одозгора, потребен е стремеж од долу (итарута де-летата). Но зошто е потребен првин стремежот од долу? За тоа се молиме: „Да биде желбата од Вишото...“, односно ние самите треба да ја пробудиме желбата за Вишото да ни ја дава. Значи, не е доволно тоа што имаме желба за примање во нас, туку и од Вишото треба да има добра желба за давање кај Оној кој дава.

Иако кај Создателот првично има желба да ги наслади своите суштества, сепак Тој ја чека нашата желба да ја разбуди Неговата желба, бидејќи ако ние не можеме да ја разбудиме, тоа е знак дека сè уште не сме подготвени за примање и дека нашата желба не е вистинска и совршена. Затоа всушност со молењето „Да биде желбата од Вишото...“ ние доаѓаме до зајакнување на вистинската желба во нас, која е подготвена да ја прими Вишата Светлина.

Меѓутоа, треба да се одбележи дека сите наши дејствија, како лошите, така и добрите, доаѓаат од Вишото (т.н. „Лично управување“), кога сè прави Создателот и, исто така, треба да жалиме за своите лоши постапки, иако тие доаѓаат од Него.

Разумот, пак, вели дека не треба да жалиме во таков случај, туку да ги оправдаме дејствијата на Создателот кој ни испраќа желби да правиме престапи. Сепак, потребно е да се дејствува спротивно и да жалиме што Создателот не ни дал да правиме добри дела. Секако, тоа е казна затоа што не сме достојни да Му служиме на Него.

Но, доколку сè доаѓа од Вишото, тогаш како ние можеме да велиме дека не сме достојни, бидејќи од нас не зависи ниедно наше дејствие? Затоа ни се даваат лоши мисли и желби кое нè одделуваат од Создателот и од духовната работа и кои сугерираат дека не сме достојни да ја работиме. Како одговор се раѓа молитвата која всушност претставува поправање за да станеме достојни и погодни да ја примиме работата за Создателот.

Така ни станува јасно зошто може да се молиме за избегнување на несреќите. Сепак, несреќите доаѓаат од Вишото, од Создателот, како казна, а казните сами по себе се поправка, бидејќи постои законот: казната е поправка. Но, ако е така, како може да се молиме Создателот да го поништи нашето поправање, како што е речено: „Не треба толку многу да го тепаш бидејќи така братот твој ќе биде понижен во твоите очи!“ (Дварим).

Меѓутоа, неопходно е да се знае дека молитвата го поправа човекот многу поефективно од казната. Затоа, кога човекот се моли наместо да прима казна, тоа ги поништува неговите казни и страдања кои го отстапуваат местото на молитвата, која го поправа неговото тело, односно желбата.

Затоа мудреците рекле: „Ако се удостоиш, ќе се поправаш со патот на Тора. Ако не се удостоиш, ќе се поправаш по пат на страдања“. Но патот на Тора е многу поуспешен од патот на страдањата и носи поголема духовна добивка затоа што желбите (келим), кои е потребно да се поправат за да се прими Вишата Светлина, се отвораат побргу и пошироко, по што човекот се соединува со Создателот. 

За ова е речено: „Го присилуваат додека не каже „Јас сакам!“, односно Создателот вели: „Јас посакувам дејствија од човекот“.

За молитвата, пак, е речено дека Создателот ги очекува молитвите на праведниците, затоа што со молитва се поправаат желбите во кои потоа Создателот ќе може да ја смести Вишата Светлина бидејќи тие веќе ќе бидат подготвени да ја примат Вишата наслада.

Следна статија бр. 58 „Радоста е показател на добрите дејства“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели