Слушнав на четвртиот полупразничен ден од Сукот
Радоста е показател на добрите дејствија – ако дејствијата се добри, односно свети, не заради себе, туку исклучиво заради Создателот – со нив се отвора радост и веселба.
Но, исто така постои и нечистата сила – клипа. За да одредиме дали желбата е чиста или не (света, алтруистичка или земска, егоистичка), потребна е анализа во разумот, „во знаењата“: во чистата желба постои разум, а во нечистата не. Затоа за нечистата сила е речено: „Другиот бог е неплоден и не носи плодови“. Заради тоа, кога доаѓа радоста до човекот, тој треба да се задлабочи во Тора, за да му се открие мудроста, мислењето и знаењето на Тора.
Исто така треба да се знае дека радоста е светење од Вишото, кое се открива по барање (МАН) на човекот за можност за добри дејствија. Создателот секогаш го оценува човекот според целта која сака да ја постигне. Затоа, ако човекот ја прима врз себе желбата на Создателот засекогаш, многу бргу како одговор на таа одлука и желба му засветува Вишата Светлина, бидејќи природата на Вишата Светлина е вечна и постојана и таа може да свети само доколку човекот има постојана добра желба.
Иако Му е познато на Создателот дека тој човек во следниот момент ќе падне од своето духовно ниво, Тој сепак го оценува според одлуката која во вистинското време ја прифатил човекот. Ако човекот одлучил да ја прифати врз себе целосно и засекогаш власта на Создателот во сите свои желби (во она што го чувствува во себе во сегашно време), тоа се смета за совршенство.
Но ако човекот прифаќајќи ја власта на Создателот не сака да остане засекогаш во неа, таквото дејствие и намера не се сметаат за совршени и Вишата Светлина не може да свети во нив затоа што Вишата Светлина е совршена, вечна, постојана и никогаш не се менува, додека човекот посакува состојбата во која се наоѓа да не остане засекогаш.
Следна статија бр. 59 „Стапот и змијата“