Слушнав на првиот ден од неделата Тецаве (14-ти февруари 1943 г.)
Ако човекот ја прима духовната работа заради награда, неговиот однос кон работата се дели на два дела:
- Дејствието се нарекува „заповед“,
- Намерата за примање награда се нарекува грев, затоа што дејствието од Светоста води кон нечистотија.
Доколку целата основа и причината за работата е наградата и само оттаму тој ги добива сите сили, тогаш таа заповед е „изнудена“, затоа што причината која го побудува човекот да ја изврши заповедта е грев. Затоа оваа заповед се нарекува „Заповед изнудена со грев“ – бидејќи до неа води гревот, односно исклучиво желбата за добивање награда.
За да не се случи тоа, човекот мора да работи само за зголемување на славата и големината на Создателот, што се нарекува работа за преродување на Шхина од прав.
Шхина се нарекува целината од сите души, која добива Светлина од Создателот и ја распоредува на душите. Распределбата и предавањето на Светлината на душите се случува при соединување на Создателот со Шхина, кога се спушта Светлината кон душите. Ако нема соединување, тогаш нема ни спуштање на Светлината кон душите.
Бидејќи Создателот сака да ги наслади битијата, мислел на насладување и на желбите за насладување, затоа што едното без другото е невозможно. Тоа го подготвил како потенцијално, за да се родат и развијат оние кои ќе можат вистински да го примат. Примателот на целата таа Светлина во потенцијал се нарекува Шхина, затоа што замислата на Создателот е совршена и нема потреба од дејствие.
Следна статија 61 „Многу е тешко околу Создателот“