Слушнав во предвечерието на Шабат, 1938 год.
Разбирате ли што рекле нашите мудреци со: “Јас најмив и јас враќам.” Tоа значи, дека целта на правење небо и земја е Светлината на Шабат. Оваа Светлина траба да му се открие на најнискиот и оваа цел се појавува преку Тора, Мицвот и добрите дела.
Гмар Тикун (крај на поправката), значи дека оваа Светлина се појавува во целост преку будењето оддолу, се мисли дека ѝ предходи на Тора и Мицвот. Сепак, пред Гмар Тикун, исто така постои ниво на Шабат, наречено: ”Сличност на следниот свет,” кога Светлината на Шабат сјае во единечното, како и во општото; како целина.
Оваа Светлина на Шабат доаѓа со кредит, се мисли без предходен напор, за да подоцна секој го исплати целиот кредит. Со други зборови; подоцна ќе го даде целиот свој напор, кој предходно требало да го даде, кога бил одвоен од Светлината, тој подоцна ќе плати.
Ова е значењето на: “Јас најмив и јас враќам,” се мисли ја влече Светлината на Шабат со кредит и јас ќе платам; од стихот: “..и пушти ги распуштените запуштените коси на женските глави.” [11] Tоа значи дека Создателот ќе ја разоткрие оваа Светлина, само доколку Израел “најми“, се мисли, да рашири. Иако, тие уште не се заслужни, со кредит, сепак секој може да влече.
[11] На хебрејски, истиот збор се користи за „распуштени“ „запуштени“ како и за „исплата“.
Следна статија бр.64 „Од Ло Лишма до Лишма “