Слушнав за време на оброк, спроти Шавујот (Пентакост), 1948год.
Давањето на Тора, која се случило на планината Синај, не значи дека Светлината, Тора, е дадена еднаш и потоа давањето е стопирано. Напротив, во духовното не постои празнина, бидејќи духовното е вечна материја, без крај. Но, бидејќи од перспектива на Давателот ние не сме подготвени да ја примиме Тора, велиме дека прекинот е од Вишиот.
Тогаш, во подножјето на планината Синај, целиот Израел бил подготвен да ја прими Тора, Светлината, како што е запишано: “..таму седеше Израел пред планината, како еден човек во едно срце.” Сите биле подготвени - имале само една намера, една мисла за примање на Тора.
Не постојат промени од страна на Давателот - Тој секогаш дава. Запишано е, во иметоа на Баал Шем Тов дека секој ден мора да се слушаат десетте заповеди од планината Синај.
Тора се нарекува “животна напивка” но и “смртоносна напивка.” Како две спротивности можат да бидат кажани за една работа?
Ние мораме да знаеме, дека не можеме да достигнеме никаква реалност како самостојна. Туку, ние достигнуваме сé според нашите сензации. Реалноста, ако е самостојна, не е воопшто од интерес за нас. Ние не ја достигнуваме Тора како самостојна, туку ги досегнуваме нашите сензации. Така, сите наши импресии ги следат само нашите сензации.
Затоа, кога човекот ја проучува Тора и таа го отргнува него од љубовта кон Бога, оваа Тора сигурно се смета за “смртоносна напивка.” Спротивно од тоа, доколку изучувањето на Тора го донесе човекот поблиску до љубовта кон Бога, таа сигурно се смета за “животна напивка.”
Но, Тора сама по себе, постоењето на Тора во себе и за себе, без да се земе во предвид нижиот кој мора да ја достигне, се смета за “Светлина без сад,” каде не постои достигнување. Меѓутоа, кога ние зборуваме за Тора, тоа се однесува на сензациите кои човекот ги прима од Тора и само тие ја определуваат реалноста за суштествата.
Кога некој работи за себе, тоа се нарекува Ло Лишма (не за Нејзино име). Но, од Ло Лишма ние доаѓаме во Лишма (за Нејзино име). Значи, доколку некој сé уште не е награден со примање на Тора, тој се надева дека ќе биде награден со примањето на Тора во следната година. Но, кога е награден со целоста на Лишма, тој нема што повеќе да прави во овој свет, бидејќи исправил сé за да биде во целоста на Лишма.
Поради оваа причина, секој може и во секоја година постои време на примање на Тора, бидејќи во тоа време е подготвен за будење оддолу. Така е бидејќи тоа е будење во време кога Светлината на давањето, Тора, се открива во нижиот.
Но, постои и будење од Вишото, кое му дава сила на нижиот, да биде способен да изведува стручна акција за примање на Тора, како тогаш кога сите биле подготвени да ја примат Тора.
Затоа, доколку некој оди по патот кој ќе го донесе од Ло Лишма во Лишма, тој чекори по патот на вистината. Тогаш, треба да се надева, дека можеби ќе биде награден со достигнување на Лишма и ќе биде награден со примање на Тора.
Сепак, човекот треба да е внимателен и постојано да ја држи целта пред своите очи да не чекори по спротивната линија, бидејќи коренот на телото е примање за себе. Така, спротивната линија секогаш ќе го влече кон неговиот корен кое е примање со цел да прима, спротивно на Тора, наречена: „дрво на животот.” Затоа Тора го смета телото за „смртоносна напивка.”
Следна статија бр.67 „Напуштање на злото“