Слушнав по празникот Сукот, 5-ти октомври, 1942 год. во Ерусалим
Мораме да внимаваме при „напуштање на злото,“ за да ги одржиме четирите завети. Заветот на очите, (Брит ејнаим), кој предупредува да не се гледаат жени. Забраната не е само затоа што може да доведе до мисла и желба дури и кај стогодишен старец, туку затоа што потекнува од многу висок корен и ако не внимаваме, може да се случи да фрлиме поглед на Светата Шхина (Божество).
Заветот на зборувањето (Брит ха лашон) е да внимаваме на вистината и лагата. Она што се преиспитува сега, по гревот на Адам ха Ришон, е вистината и лагата. Меѓутоа, пред гревот со Дрвото на знаењето, проверката се однесувала на тоа што е слатко и што е горко.
Но кога испитувањето е на вистината и лагата, сосема е поинакво. Понекогаш почнува слатко и завршува горко. Следува дека реалноста е горка но сепак е вистинита. Од таа причина мораме да пазиме како ги менуваме своите зборови и да се внимава да не ја збориме невистината. Иако знаеме дека само го лажеме пријателот, треба да имаме на ум дека телото е како машина: како го привикнуваме на движење тоа така и продолжува. Затоа, ако се навикне на лага и измама, не ќе може да оди на друг начин, и тоа го присилува човек да продолжи со лага и измама и кога ќе остане сам. Излегува дека тој мора самиот да се лаже и воопшто не може да ја разликува вистината, бидејќи не е заинтересиран да ја спознае.
Може да се каже дека тој што мисли дека го лаже својот пријател, всушност го лаже Создателот, бидејќи освен човекот постои само Создателот. Тоа е затоа што суштината на создавањето е дека човекот се нарекува „создадено битие“ само во однос на себе. Создателот сака човекот да почувствува дека тој е одвоена стварност од Него. Но всушност, „целата земја е полна со Неговата слава.“
Затоа, кога го лаже пријателот, всушност го лаже Создателот; кога го растажува пријателот, го растажува Создателот. Затоа, ако некој е навикнат да ја зборува вистината, тоа ќе му помогне во врската со Создателот. Значи, ако му ветил нешто на Создателот, ќе се потруди да го одржи ветувањето, бидејќи не е навикнат да го менува зборот и за тоа ќе биде награден со „Господ е твојата сенка.“
Ако го одржува тоа што го ветува и Создателот за возврат ќе го одржи „благословен е оној кој го прави тоа што го зборува“.“ Во заветот на зборот има еден знак, да не се зборува сешто, бидејќи со зборувањето човек открива што му е во срцето, а тоа го става на дофат на надворешните сили. Сè додека човекот не е сосема чист, кога ќе открие некому дел од својата внатрешност, Ситра Ахра (другата страна) има моќ да се пожали на Вишото и да ја исмева неговата работа. Таа ќе рече, „Какви дела нуди тој кон Виштото, кога целата негова намера во работата е само кон нижото?“
Тоа одговара едно големо прашање: познато е дека „Мицва води до Мицва,“ па зошто тогаш гледаме дека човек престанува да си ја врши работата? Како што рековме, Ситра Ахра клевети и се буни заради неговата работа, а потоа слегува и му ја зема душата. Тоа значи, кога веќе го изнакодошила во Вишото и рекла дека работата на човекот не му е чиста, туку дека работи за да прими за себе, таа слегува и го зема духот на неговиот живот прашувајќи: „Што мислиш ти со оваа служба?“
Оттука, дури и ако човек добие некое просветление на духот на животот, тој сепак го губи. Советот за ова е: понизно да се чекори за таа да не знае за неговата работа, така што „тој не открива од срцето до устата.“ Тогаш Ситра Ахра не може да знае за неговата работа, бидејќи таа знае само за она што е разоткриено со збор или дело; тоа може да го грабне. Треба да знаеме дека болката и страдањето доаѓаат претежно преку оние кои клеветат. Затоа треба да сме внимателни колку може повеќе при зборувањето. И не само тоа, туку треба да знаеме дека дури и кога изговараме обични световни зборови и тоа ги открива тајните на срцето. Тоа е значењето на „душата ме издаде штом проговори.“ Тоа е заветот на зборувањето, со кој мораме да внимаваме. Особено мораме да внимаваме додека се издигнуваме, бидејќи кога паѓаме е тешко да се биде внимателен.
Следна статија бр. „Поврзаност на човекот со сфирот“