Слушнав на 12 Адар (17 февруари 1943 г.)
До извршувањето на гревот Телото (Гуф) на Адам Ришон било од Бина де-Малхут, од светот Асија.
Тоа било исполнето со Светлината НаРаН (Нефеш, Руах, Нешама) на светот Брија и НаРаН на светот Ацилут.
По извршувањето на гревот телото (желбата) на Адам паднало во Мишха де-хивија (змиска кожа), клипата на Бхина Далет, наречена „прашината на овој свет“. Внатре во тоа тело (во егоистичките желби) се претвора внатрешното тело (духовните желби) – Клипат Нога, која се состои од половина на добрите желби и половина на лошите желби. Сите добри дејствија на човекот се случуваат само од телото на Клипат Нога.
Кога работи со кабала, човекот постепено го враќа тоа тело кон целосна добрина, а телото на Мишха де-хивија се одделува од него. Тогаш тој се удостојува со Светлините
НаРаН, согласно своите дејствија.
Поврзаноста на Светлините НаРаН на човекот со сфирот.
Светлините НаРаН на човекот доаѓаат од Малхут на трите сфирот: на Бина, на Зеир Анпин и на Малхут на секој од световите АБЈА.
Доколку тој се удостои со НаРаН на Светлината Нефеш, ќе ја добие неа од трите Малхут: Малхут на Бина, Малхут на З“А (Зеир Анпин) и Малхут на Малхут на светот Асија.
Доколку се удостои со НаРаН на Светлината Руах, ќе ја добие неа од трите Малхут: Малхут на Бина, Малхут на ЗА (Зеир Анпин) и Малхут на Малхут на светот Јецира.
Доколку се удостои со НаРаН на Светлината Нешама, ќе ја добие неа од трите Малхут: Малхут на Бина, Малхут на ЗА (Зеир Анпин) и Малхут на Малхут на светот Брија.
Доколку се удостои со НаРаН на Светлината Хаја, ќе ја добие таа Светлина од трите Малхут: Малхут на Бина, Малхут на ЗА (Зеир Анпин) и Малхут на Малхут на светот Ацилут.
Затоа е решено дека човекот размислува само со срцето, затоа што целото негово тело се смета за срце. Иако човекот се состои од четири вида на желби: неживи, растителни, животински и човечки, сите тие се сместени во „срцето“ на човекот.
После извршувањето на гревот, телото на Адам Ха Ришон паднало во клипата Мишха де-хивија, клипата на Бхина Далет, наречена „прашината на овој свет“, па затоа сите размислувања, сите негови мисли произлегуваат од срцето, односно од телото на Мишха де-хивија.
Кога тој ги надминува тие егоистички мисли со помош на изучувањето на кабала и работата врз себе (што претставува единствено средство за достигнување на давање на Создателот), тогаш таа работа го прочистува неговото тело (желбите) и клипата Мишха де-хивија се оттргнува од него.
Претходната сила, која го турка човекот кон духовното и која се нарекува Клипат Нога, претставува внатрешно тело, составено со една половина од добрина, а другата половина од зло и таа сега, исто така, станува целосно добра. Така човекот достигнува сличност на својствата со Создателот.
Тогаш, според степенот на своите дејствија, човекот се удостојува со Светлината НаРаН. На почетокот тој ја достигнува НаРаН на Светлината Нефеш од светот Асија. Потоа, кога ќе ги поправи сите желби кои се однесуваат кон светот Асија, тој ја добива НаРаН на Светлината Руах од светот Јецира итн., сè до достигнувањето на НаРаН на Светлината Хаја од светот Ацилут. И секогаш се појавува нова конструкција во срцето на човекот. Ако претходно неговото внатрешно тело од клипата Нога било половина добро, а половина лошо, сега ова тело се чисти со помош на работата со кабалата и целосно се претвора во добро.
Кога човекот го имал телото на Мишха де-хивија, тој требало да мисли и да размислува раководејќи се според наредбите на срцето. Тоа значи дека сите негови мисли биле насочени кон тоа како да ги исполни желбите кон кои го принудувала клипата, а немал никаква можност да мисли и да се насочува наспроти желбите на срцето. Неговото срце тогаш претставувало Мишха де-хивија – најлошата од клипот.
Меѓутоа, со помош на работата со кабала, човекот се удостојува за поправање, дури и ако не работи за давање, туку за себе (ло лишма), сепак треба да бара и да Го моли Создателот Тој да му помогне, правејќи сè што е во рамки на човековите сили и да ја очекува милоста од Создателот кој ќе му помогне да достигне намера за давање (лишма). Наградата која тој ја бара од Создателот за својот труд е да се удостои со можноста да Му причини задоволство на Создателот. Во таков случај, како што е речено од мудреците, „Светлината се враќа кон Изворот“.
Тогаш се прочистува телото Мишха де-хивија, односно ова тело се оттргнува од човекот и тој се удостојува со сосема поинаква структура – Нефеш на светот Асија. Така тој ги зголемува своите напори и оди понатаму, додека не ги добие структурите од Нефеш и Руах на Бина, и Зеир Анпин и Малхут на светот Ацилут. Дури тогаш тој нема никаков избор кој би му овозможил да помисли на нешто друго, освен за она на што го обврзува неговата нова духовна структура. Значи, нема можност да размислува за ништо што е спротивно на неговата структура, туку тој мора да мисли и да извршува дејствија само со намера за давање на Создателот, бидејќи чистата духовна структура го обврзува на тоа.
Од искажаното следи дека човекот не може да ги поправи своите мисли. Тој може да го поправи само срцето тоа да биде насочено директно кон Создателот и тогаш сите негови мисли ќе бидат за тоа како да му причини задоволство на Создателот. Кога ќе го поправи своето срце, тоа и неговите желби да бидат насочени само кон духовното, тогаш неговото срце ќе стане сад (кли), во кој ќе завладее Вишата Светлина. А кога Вишата Светлина го исполнува срцето, тоа се зацврстува. Така човекот цело време ги зголемува своите напори и напредува.
Затоа е речено дека е „големо учењето кое води до практични дејствија“. Светлината која се прима при работењето со кабала, води до практични дејствија, односно таа Светлина го враќа човекот кон Изворот, што всушност претставува дејствие. Тоа значи дека Светлината создава нова структура во неговото срце, а претходното тело кое било од Мишха де-хивија, се оттргнува од него. Тогаш човекот се удостојува за духовно тело, кога внатрешното тело, наречено Клипа Нога, кое претходно било половина добро, а половина зло, станува целосно добро. Сега човекот се исполнува со Светлината НаРаН, која ја достигнал со своите дејствија, зголемувајќи ги своите напори и напредувајќи.
Пред да ја добие новата структура, колку и да се обидува да го прочисти своето срце, тоа останува непроменето. Тогаш тој се смета дека „ја исполнува волјата на Создателот“. Треба да се знае дека работата започнува токму со „исполнувањето на Неговата волја“. Меѓутоа, тоа не се нарекува совршенство, бидејќи во таа состојба човекот не може да ги прочисти своите мисли и нема сили да се ослободи од сомнежите, затоа што неговото срце е од тело на клипа, а човекот може да размислува само според наредбите од срцето.
Само Светлината која се добива при работата со кабала го враќа човекот кон Изворот. Тогаш телото кое треба да се оттргне, се одделува од него, а внатрешното тело, Клипат Нога, која половина е добра, а половина зла, целосно станува добра. На тој начин, методот на кабалата води кон дејствие, благодарение на создавањето на нова структура во човекот, што и се нарекува практично дејствие.
Следна статија бр.69 „На почетокот ќе се случи поправање на целиот свет“