Слушнав во месецот Сиван (јуни 1943 г.)
На почетокот ќе се достигне поправање на светот, а потоа ќе се случи целосно ослободување, односно доаѓање на Машиах (Месијата – Царот), кога: „Очите твои ќе Го видат Учителот твој“, „и ќе се исполни земјата со спознанието за Создателот“. Ова е согласно поправањето на внатрешниот дел од световите, кое ќе се случи прво, а потоа и надворешниот дел. Но, треба да се знае дека при поправањето на надворешниот дел од световите се достигнува повисоко ниво, отколку при поправањето на внатрешниот дел.
Израел спаѓа во внатрешниот дел од световите, како што е речено: „А вие сте мал народ“. Меѓутоа, со поправањето на внатрешниот дел исто така се поправа и надворешниот, иако постепено и со помал интензитет. Секој пат по малку се поправа надворешниот дел (како што од „капка по капка се создава езеро“), додека целиот надворешен дел не биде поправен.
Најдобро разликата помеѓу внатрешниот и надворешниот дел се гледа кога човекот извршува некое поправање и чувствува дека не сите негови органи (желби) се спремни да го завршат тоа поправање. Исто како човек кој пости и неговиот внатрешен дел е спремен на ограничувањата, а надворешниот дел страда од тоа, затоа што телото секогаш се наоѓа во спротивност со душата. Затоа само со душите, а не и со телата, Израел се разликува од другите народи. Со телата се слични, затоа што и телото на Израел се грижи само за себе.
Кога ќе се поправат одделните делови кои спаѓаат во Израел, ќе се поправи воопшто и целиот свет. Затоа колку што се поправаме себеси, толку се поправаат и сите други народи во светот. Токму заради тоа е речено од мудреците: „Оној кој ќе се удостои, не се поправа и ослободува само себеси, туку и целиот свет“, а не е речено „го ослободува Израел“. Токму „го ослободува целиот свет“, затоа што внатрешниот дел го поправа надворешниот.
Следна статија бр. 70 „Со цврста рака и со истурање на гнев“