Слушнав во 1943 год.
Кога чoвек ќе се привикне на некоја работа, таа за него станува навика, а секоја навика може да стане втора природа на човека. Затоа, не постои ништо во што човекот не би можел да го почувствува вкусот на реалноста. Дури и ако остане сосема рамнодушен кон некоја работа, благодарение на навиката, тој ќе почне да ја чувствува.
Меѓутоа, треба да се знае дека постои разлика во чувствата на Создателот и битијата. Кај битијата има некој што чувствува и нешто што се чувствува, некој што достигнува и нешто што се достигнува – постои некој кој восприма некаква реалност. Додека пак, реалноста во отсуство на некој кој ја чувствува е самиот Создател, а реалноста на Создателот е недостижна. Човекот секоја реалност ја восприма преку некое сетило. Реалноста за него е вистинска според тоа колку тој ја чувствува неа, нејзиниот вкус. Тоа за него е вистина. Ако чувствува горчлив вкус во реалноста, односно во некоја состојба се чувствува лошо и страда од тоа, во духовната работа таквиот човек се нарекува грешник затоа што Го обвинува Создателот кој е добар и прави само добрина. Но, според чувството на човекот, тој од Создателот го добива токму спротивното, односно лошото.
Од мудреците е речено: „Светот е создаден само за завршени грешници или за апсолутни праведници“. Тоа значи дека тој или се чувствува добро во постоечката реалност и тогаш Го оправдува Создателот и се нарекува праведник или се чувствува лошо и тогаш тој е грешник. Излегува дека сè се мери според чувствата на човекот. Но, сите тие чувства не се однесуваат кон Создателот, како што е кажано во Песната за Единство: „Така ќе биде засекогаш – во Тебе да нема ниту недостаток ниту вишок“. Сите сокривања и промени се однесуваат само кон оние кои примаат и зависат од достигнувањата на човекот.
Следна статија бр. 8 „Која е разликата меѓу Светата сенка Кедуша и сенката на Ситра Ахра“