Слушнав на 5-ти Сиван (8 јуни 1943 г.)
„Во темнина плачи, душо моја, бидејќи горделивец сум јас“, затоа што темнината е последица од вообразеноста на народот на Израел. Но, може ли да се плаче пред Создателот, бидејќи за Него е речено: „Силата и радоста се во Него“. Што значи „плачот“ во духовното?
За плачот има место кога човекот не може да си помогне себеси. Тогаш тој плаче за да му помогне некој. А „во темнина“ значи во противречности, сокривања, несфаќања, збунетост итн., кои му се појавуваат.
Овде се наоѓа смислата на реченото: „Плачи во теминина, душо моја“, затоа што „сè е во рацете на небесата, освен стравот пред Создателот“.
Затоа е речено: „Плачењето е за дома“ – кога Светлината го исполнува само внатрешниот дел на кли и не се појавува надвор, што е последица од отсуството на кли кое би ја примило, па затоа овде има место за плачот.
Додека пак, во „надворешниот дом“, значи дека Светлината може да свети надвор и да им се јави и на пониските, па така се гледа „силата и радоста во Него“. А кога не може да дава на пониските, таа состојба се нарекува „плач“, бидејќи има потреба од неа во кли на пониските.
Следна статија бр. 72 „Увереноста е облека на Светлината“