Слушнав во 1943 г.
Познато е дека нема ништо „постоечко“ без некој да го чувствува тоа. Затоа, кога велиме „Нефеш де-Ацилут“, подразбираме дека во определена мерка ја достигнуваме Вишата Светлина која се спушта и таа мерка ја нарекуваме „Светлина Нефеш“.
Свет го означува правилото на даденото достигнување, односно сите души достигнуваат еднаква слика и секој кој достигнува определено ниво, го достигнува името наречено „Нефеш“. Тоа не значи кој или било кој човек ја достигнува дадената слика, туку врз секој кој доаѓа на тоа духовно ниво, задолжително, согласно неговата индивидуална подготовка и поправање, му се појавува Вишата Светлина во истиот вид, наречен „Нефеш“.
Оваа појава може да се сфати од пример од нашиот свет: кога еден му зборува на друг дека оди во Ерусалим, и го изговара името на градот, сите го знаат тој град и никој не се сомнева за какво место станува збор, бидејќи сите кои биле на тоа место веќе знаат за што се зборува.
Следна статија бр. 75 „Идниот свет и овој свет“