Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

76. При секое принесување на жртва, додавај сол

Слушнав на 30 Шеват, на трпеза во чест на завршувањето на 6-те дела, во Тверија.

Наредено е во Тора: „При секое принесување на жртва за Мене, додавај сол“. Тоа го означува „Сојузот на солта“. Во суштина, сојузот е против разумот, затоа што ако двајца прават добро еден на друг, додека меѓу нив владее пријателство и љубов, тогаш нема потреба од склучување согласност или сојуз.

Меѓутоа, гледаме дека токму кога меѓу луѓето владее љубов и таа јасно се изразува во нивните постапки, прифатено е да се склучува согласност или сојуз, бидејќи согласностите и сојузите не се склучуваат за моменталното време, туку за во иднина. Ако во иднина односите се расипат и не бидат заедно еден со друг со цело срце, ќе видат дека од порано постои согласност која ги обврзува да се сетат на сојузот, кој го склучиле, за да ја продолжат обостраната љубов и во таква новонастаната ситуација.

 Во тоа се крие смислата на реченото: „При секое од твоите принесувања на жртви за Мене, додавај сол“. Значи сите напори и жртви во работата за Создателот треба да се изведуваат со склучениот „Сојуз на солта – вечниот пред Создателот“.

Следна статија бр.77 „Душата го учи човека“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели