Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

79. Ацилут и БЈА

Слушнав на 15-ти Тамуз, Пинхас 1 (18 јули 1943 г.)

Ацилут е повисоко од градите на парцуфот, желбите за давање (келим де-ашпаа). БЈА (Брија, Јецира, Асија)  е примање заради Создателот. Издигнување на Малхут во Бина:

Човекот целосно е под власта на желбата за самонасладување, па затоа тој не е во состојба да изврши никакво дејствие, ако тоа не е „за себе“.

Затоа мудреците рекле: „Од ло Лишма се доаѓа во Лишма“ (од намерата за себе се доаѓа до намера за Создателот). Тоа значи дека се започнува со работа со Тора заради корист на овој свет, а потоа се учи и за корист во идниот свет. Доколку човек учи така, треба да дојде и да учи заради Создателот, заради Тора – Лишма, за Тора да го научи човека за патиштата на Создателот.

Пред сè, тој мора да добие поправање на Малхут со помош на Бина (што се нарекува „да се заслади Малхут со Бина“), односно да се издигне Малхут – желбата за примање наслада, во Бина – желбата за давање, за да биде целата негова работа само за давање.

И ...моментално настапува темнина! Темнина во целиот свет за него, затоа што телото дава енергија само за примање, а не и за давање.

Во таков случај нема друг излез освен да се моли Создателот со Неговата Светлина да му помогне на човекот да работи за давање. За ова е речено: „МИ моли“. МИ се нарекува Бина, а „моли“ доаѓа од „моли (бара) дожд“, што значи молитва за силата на Бина, со чие што барање треба да се обраќа кон Создателот. 

Следна статија бр.80 „Грб со грб“

            

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели