Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

8. Која е разликата меѓу Светата сенка, Кедуша и сенката на Ситра Ахра

 Слушнав во месец Тамуз (Јули 1944 г.)

Речено е: „Додека не се појави денот и не побегнаа сенките...“ (Песна на Песните, глава 2). Потребно е да се разбере што значи „сенки“ во духовната работа и зошто им две сенки. Работата е во тоа што кога човекот не ја чувствува суштината на управувањето на Создателот, не сфаќајќи дека Тој управува со светот со добрина и во благодат, неговата состојба се одредува како темнина, создадена од сенката која го покрива сонцето. Како и физичката сенка која го покрива сонцето, неспособна никако да влијае врз него и го остава сонцето да свети со целата своја сила, така и човекот, кој не го чувствува управувањето на Создателот, никако не може да го измени она што се случува во Вишото. А од Вишото сè останува непроменето, како што е запишано: „Јас Своето АВАЈА не го менувам“.

Сите промени се случуваат само во оние кои примаат. И во таа сенка, односно во тоа сокривање, може да се изделат два вида. Првиот е кога во човекот сè уште постои можност да се справи со таа темнина и сокривање, да Го оправда Создателот и да Му се помоли за да му ги отвори очите и да му даде да разбере дека сите сокривања кон него доаѓаат од страна на Создателот, односно Создателот го прави тоа со него за да може тој да побара помош од Создателот и да посака да се соедини со Него. Бидејќи само со помош на страдањата добиени од Создателот тој ќе посака да се ослободи од нив и да направи сè што може. Затоа, добивајќи од Создателот сокривање и страдање сега, тој, секако, ќе го употреби средството кое му е познато и ќе ја зголеми својата молитва, молејќи Го Создателот да му помогне и да го спаси од состојбата во која се нашол. Значи, во таква состојба, тој сè уште му верува на Создателот и во Неговото управување.

Вториот вид е тоа што тој повеќе не може да се зацврсти во вербата и да каже дека сите страдања и удари кои ги чувствува доаѓаат од Создателот за да му овозможи да се издигне на следното ниво. Тогаш, не дај Боже, тој може да навлезе во состојба на неверување, затоа што не може да поверува во управувањето на Создателот, и природно, не може да Му се моли и да бара помош од Него. Излегува дека има два вида сенки и во таа смисла е речено „и побегнаа сенките“, односно сенките исчезнале од светот.

Сенката на клипата (лушпата) означува: „Другиот бог е неплоден и не дава плодови“, додека за Светата сенка е речено: „За сенката Негова бев жеден и во неа седев, а Неговиот плод ми беше сладок“. Значи сите сокривања и страдања доаѓаат до човекот по желба на Создателот за да излезе од нив со верба над знаењата. Ако тој има сила да каже дека сето тоа му го крои Создателот за негова полза бидејќи само така ќе може да почне да работи за давање, а не за себе, тогаш до човекот доаѓа разбирањето и тој верува дека Создателот се насладува токму од таквата работа, целосно изградена со верба над знаењата. И човекот повеќе не Го моли Создателот сенките да си отидат од овој свет, туку вели: „Јас гледам дека Создателот посакува да работам за Него токму така – со верба над знаењата“. Тогаш, што и да направи, ќе каже: „Секако дека Создателот се насладува од таквата работа! И не ми е важно што работам во сокривањето на Создателот“. Тој посакува да работи за давање, односно за радост на Создателот. Затоа не чувствува никаква загуба од таа работа, како што би чувствувал дека Создателот се сокрива од него и не добива наслада од неговата работа. Напротив, човекот е согласен со управувањето на Создателот, односно согласен е со целото срце и душа со чувството за реалноста на Создателот кое Тој сакал да му го даде за времето на таа работа, бидејќи не гледа како самиот да се наслади, туку бара со што може да Го наслади Создателот. И, излегува дека таквата сенка му носи живот.

За ова е речено: „За сенката Негова бев жеден“, односно човекот посакува да достигне состојба кога ќе биде способен за некакво надминување со верба над знаењата. Ако не се обидува да го направи тоа во услови на сокривање, кога сè уште има можност да се моли, да бара од Создателот да го приближи и ја испушта таквата можност, на него му се праќа двојно сокривање, при што не може дури ни да се моли. Сето тоа е заради гревот, бидејќи не ги собрал сите свои сили за да се обрати кон Создателот со молитва и затоа паднал до таква нискост. Но, кога ќе дојде до таква состојба, над него ќе се сожалат од Вишото и уште еднаш ќе му пратат будење од од Вишото, а тој повторно ќе го започне истиот круг од самиот почеток, додека на крај не се зацврсти во вербата, а тогаш Создателот ќе ја услиши неговата молитва и ќе го приближи кон Себе, враќајќи го кон изворот.

Следна статија бр. 9 „Три работи кои го зголемуваат умот во работата“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели