Слушнав
Паним - од страна на лицето и Ахор – грбот, спротивната страна:
Лицето, предната страна означува алтруистичко примање на Светлината или нејзино давање, односно зрачење. А негативната, спротивната состојба на оваа, се нарекува грб, спротивна страна, кога не е можно ни да се прима за давање, ни да се дава.
Кога човекот ја започнува својата духовна работа, тој се наоѓа во состојба „грб со грб“, бидејќи сè уште е во своите егоистички желби и ако прими Светлина, наслада во тие желби, ќе ѝ наштети на Светлината затоа што ќе се покаже дека е спротивен на неа бидејќи Светлината доаѓа од својот Извор, кој само дава. Затоа оние кои примаат ги користат келим де-И-ма, наречени спротивна страна, односно не посакуваат да примаат за да не си наштетат на себеси.
Исто така, и Создателот не им дава Светлина, тргнувајќи од тоа да не им наштети. Светлината се брани оние кои примаат да не и наштетат и затоа таа состојба се нарекува „грб со грб“.
Затоа е речено дека на секое место каде што се чувствува отсуство на совршенство и недостаток, постои можност нечистите сили да се прилепат и да примаат бидејќи тоа место сè уште не се исчистило од егоистичката желба (авијут). Таму не е можно да се почувствува Светлината и совршенството затоа што Вишата Светлина е во постојан мир и насекаде, и откако ќе се создаде од екранот, поправеното место (желба), тоа многу бргу се исполнува со Виша Светлина. Доколку има чувство на недостаток на Виша Светлина, тогаш секако останува желбата (авијут), чија што основа е со стремеж за наслада.
Следна статија бр.81 „Издигнување на МаН“