Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

82. Молитвата која секогаш е потребна

Слушнав во четири очи, во неделата Ваера (ноември 1952 г.)

Вербата спаѓа во Малхут која означува разум и срце, односно давање и верба, а својството кое е спротивно на вербата се нарекува Орла (краен дел) и означува знаење. На човекот му е вродено да се држи до својството Орла. Додека пак, вербата која се нарекува својство на Светата Шхина е фрлена во правот, односно таквата работа предизвикува презир и сите се обидуваат да го избегнат тој пат. Меѓутоа, само тој пат се нарекува пат на праведниците и светоста.

Создателот посакува токму по таков пат да бидат откриени Неговите Имиња (својства), затоа што тогаш Вишата Светлина нема да биде повредена, бидејќи основата ќе биде само за давање и соединување со Создателот. Во тој случај, нема да можат да се прилепат овде нечистите желби кои се хранат само од примање и од знаења.

Таму каде што владее Орла, Шхина не може да прими Виша Светлина за да не падне таа Светлина во клипот. Затоа Шхина страда, бидејќи не може да влезе во неа Виша Светлина за нејзино предавање на душите.

И овде сè зависи само од човекот затоа што Вишиот може да предава само Виша Светлина, но силата на екранот, односно несакањето на понискиот да прима егоистички, зависи од работата на самиот човек. Токму самите ние сме обврзани да ја донесеме таа одлука.    

Следна статија бр.83 „Десен Вав и лев Вав“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели