Слушнав на 24 Адар (19-ти март 1944 г.)
И го праша Создателот Адам: „Каде си?“ И тој одговори: „Го слушнав гласот Твој и се исплашив затоа што сум гол и се сокрив“.
И рече Создателот: „За да не ги испружи рацете свои и да не земе од Дрвото на Животот“... И го прогони Адам. (Берешит – На почетокот)
Каков е тој страв што го почувствувал Адам при откривањето на својата голотија, кој го натерал да се сокрие? Работата е во тоа што пред да вкуси од Дрвото на Спознанието, Адам се хранел од Бина, а тоа е слободата. Потоа, откако вкусил од Дрвото на Спознанието, тој видел дека е гол и се исплашил дека може да ја прими Светлината на Тора и да ја употреби егоистички, што се нарекува „за потребите на овчарите на Лот“. Поимот „овчарите на Лот“ е спротивен на вербата над знаењата, наречена „овчарите на Авраам“ при која што човекот, удостојувајќи се за откривање на Светлината на Тора, не ја користи како основа за својата работа.
Меѓутоа човекот, кој вели дека веќе нема потреба од зацврстување на вербата затоа што Светлината на Тора му служи како основа за неговата работа, спаѓа во „овчарите на Лот“, кој припаѓа на „проколнатиот свет“ и означува проклетство како спротивност на вербата која претставува благослов.
Човекот треба да каже дека токму кога оди со верба над знаењата, му се открива Светлината на Тора за потврдување на правилноста на таквиот пат. Но тој нема потреба од таа Светлина во смисла на поддршка за да работи внатре во знаењата бидејќи на тој начин доаѓа до кли за примање, врз кое имало скратување, па затоа тоа се нарекува проколнато место, а Лот означува „проколнат свет“.
Затоа Создателот го прашал Адам: „Зошто се плашиш да ја земеш оваа Светлина? Од страв дека можеш да наштетиш (да примиш за себе)? Кој ти кажа дека си гол? Очигледно дека си вкусил од „Дрвото на Спознанието“, па затоа во тебе се појавил страв! Досега ти јадеше од сите останати дрва од рајската градина, односно ја користеше Светлината како „овчарите на Авраам“ (за Создателот) и не се плашеше од ништо!“.
И го прогони Создателот Адам од рајот за да „не ги испружи рацете свои и да земе плод и од Дрвото на Животот“. Стравот бил да не направи поправање и да се вклучи во „Дрвото на Животот“ без да го поправи гревот од вкусувањето од „Дрвото на Спознанието“, бидејќи ако извршил грев на „Дрвото на Спознанието“, токму тој грев треба и да го поправи.
Затоа го прогонил Создателот Адам од „Рајската градина“, за да го поправи гревот од „Дрвото на Спознанието“, а потоа да му се овозможи повторно да влезе во „Рајската градина“. Суштината на „рајската градина“ (Ган Еден) е во издигнувањето на Малхут во Бина, каде што може да ја прими Светлината Хохма, наречена „рај“ (Еден). Малхут се нарекува „Градина“ (Ган), а Малхут, исполнета со Светлината Хохма, се нарекува „Рајска градина“ (Ган Еден).
Следна статија бр.85 „Плодот на прекрасното дрво’