Слушнав на првиот полупразничен ден од Сукот (27-ми септември 1942 г.)
Запишано е: „И земете си на првиот ден од плодот од прекрасното дрво, гранки палмови, фиданки од дрвото со густи лисја и од речната врба“ (Емор 23).
Што претставува „плодот од прекрасното дрво“? „Дрво“ означува праведник, кој се нарекува „дрво во полето“. Плодовите се она што се раѓа од дрвото, односно плодовите на праведниците се нивните добри дела. Тие треба да бидат украси на нивното дрво од година во година, односно во текот на целата година: „шест месеци во миро и шест месеци во балсам“ (како што е речено во „Мегилат Естер“) и ова му е доволно на оној кој разбира.
Додека пак, грешниците се како „прашина, носена од ветрот“.
Палмовите гранки (палмовите шепи), две дланки се двете букви хеј од името на Создателот - АВАЈА. Првата хеј е Бина, а втората Малхут и со нивна помош се удостојуваат со „Златниот сад, исполнет со темјан“.
Гранките, шепите (капот) доаѓаат од зборот насилство (кфија), кога човекот насилно ја прима врз себе власта на Создателот, односно иако неговиот разум не се согласува со тоа, сепак тој оди „над разумот“ и тоа се нарекува „насилно соединување“.
Палмите (тмарим) доаѓаат од зборот страв (море), што значи трепет (ирја), како што е речено: „Создателот направи да треперат пред Него“. Затоа палмовата гранка се нарекува „лулав“.
Додека човекот не се удостои за соединување со Создателот, во него има две срца, што се нарекува „ло-лев“ (без срце), што значи дека тој не го посветува своето срце на Создателот. А кога се удостојува со својството „ло“ (за Него), од што станува „срце на Создателот“, тогаш се нарекува „лулав“.
Човекот, исто така треба да каже: „Кога ќе станат моите дејствија слични на дејствијата на моите татковци“, по што тој се удостојува да стане „гранка од дрвото на светите праотци“ (истите зборови означуваат „фиданка од дрвото со густи лисја“), односно трите гранки на мирот, наречени „адасим“.
Меѓутоа, заедно со тоа, мора да ја достигне состојбата на „гранките од речната врба“, кои се без вкус и мирис. И треба да биде среќен и да се радува на сличната состојба во работата за Создателот, иако во неа човекот не чувствува ни вкус ни мирис. Само во таква форма работата се нарекува „Букви на Единственото Име“, затоа што благодарение на неа се удостојуваат со целосно соединување со Создателот.
Следна статија бр.86 „И изградија сиромашни градови“