Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

87. Шабат Шкалим

Слушнав на 26-ти Адар (7-ми март 1948 г.)

Во „Шабат Шкалим“, пред осветувањето на Сабота, Баал ХаСулам раскажуваше дека во Полска постоел обичај според кој сите богати пред Саботата наречена „Шабат Шкалим“ доаѓаат кај своите духовни водачи за да добијат од нив монета (шкалим).

Ова било затоа што е невозможно да се уништи и избрише Амалек без шкалим, бидејќи пред да добие човек шкалим, сè уште во него ја нема нечистата сила Амалек (клипат Амалек). Но, кога ќе го земе шкалим, му се појавува огромна клипа наречена „Амалек“ и дури тогаш започнува работата за бришење на Амалек. Дотогаш човекот нема што да брише.

И како дополнување, тој го наведе искажувањето на Магид од Козниц за зборовите на завршната молитва на Јом Кипур: „Ти си го одделил човекот на почетокот (истото се преведува и како „од главата“) и ќе го препознаеш дека стои пред Тебе“. Магид за ова прашал: „Како може да стои без глава?“, односно за смислата дека главата се одделува од човекот и како е можно тоа? Објаснувањето е: „Ќе ги преброиш сите глави на синовите на Израел“ (Шмот 30). Глава добиваат под услов да дадат половина шекел, па благодарение на тоа, се удостојуваат со глава.

Потоа прашал зошто има повеќе вино на масата отколку јадење? Тоа е неправилно, затоа што е заповедано „јадењето да биде повеќе од пиењето“, бидејќи пиењето само ја дополнува храната, како што е речено: „Се најаде и се насити и благослови“. Но, тоа нема да се случи ако пиењето е повеќе од храната. Работата е во тоа што храната означува Хасадим, а пиењето – Хохма.

Исто така, кажуваше дека Саботата, пред настапувањето на месецот Адар, во себе го вклучува целиот месец Адар. Затоа, „кога настапува Адар, се зголемува радоста“. И рече дека постои разлика меѓу Саботата и празничен ден. Саботата означува љубов, а празникот радост. Разликата меѓу радоста и љубовта е во тоа што љубовта постои сама по себе, а радоста е само последица, која се раѓа од некоја причина. Во таа причина е суштината, а последицата е само раѓање на таа суштина. Затоа Саботата се нарекува „љубов и желба“, а празникот „радост и веселба“.

Исто така одговорот го објаснил и рабинот Јоханан Бен Закаја на својата жена, кој рекол: „Јас сум како министер пред Царот, а тој, рабинот Ханина Бен Доса е како роб пред Царот и затоа тој има можност да се моли“. Би се рекло дека треба да биде обратно и министерот да има повеќе можности да го искаже своето мислење на Царот отколку рабинот?

Меѓутоа, работата е во тоа што „министер“ се нарекува оној кој веќе се удостоил со лично управување одозгора. Затоа тој не гледа потреба од молитва, бидејќи сè е добро, додека „роб“ се нарекува оној кој е на ниво на награда и казна. Тој има можност да се моли бидејќи гледа дека во него има нешто што има потреба од поправање.

Кон тоа го додал и објаснувањето од статијата во Талмудот (Бава Меција), каде што се раскажува како едно теле го воделе во кланица. Тоа тргнало, но ја ставило главата во одеждата на рабинот и заплакало. Рабинот му рекол: „Оди, бидејќи за тоа си создадено“. Рекле: „Заради тоа што не се сожалил, до него ќе дојдат страдања“.

„За тоа си создадено“ значи лично управување во кое нема ниту да се додаде, ниту да се скуси и каде што страдањата се прифаќаат како благослови. Затоа привлекол страдања кон него. Гмара вели дека се спасил од страдања со тоа што рекол: „И милосрдието Негово е за сите Негови битија“ (Псалм 145).

Еднаш, слугинката на рабинот ја чистела куќата и притоа ги бркала глувците кои биле таму. Рабинот ѝ рекол: „Остави ги!“, бидејќи е запишано: „И милосрдието Негово е за сите негови битија“. Така тој постигнал молитвата да остане вечно, па затоа му се појавила можност да се моли. Затоа сите страдања се оттргнале од него.

На крајот од светата Сабота го објасни и искажаното во Зохар: „Бидејќи изборот на Создателот паднал на Јаков“. Кој кого избрал? И одговара дека „Создателот го избрал Јаков“ (Берешит 161, стр. 2). Меѓутоа, Зохар прашува: „Ако Создателот го избрал Јаков, излегува дека Јаков не направил ништо, туку тоа било лично управување од Вишото?“. Ако избрал Јаков, тоа значи дека Јаков дејствувал, односно бил во услови на награда и казна.

И одговорил дека на почеток човекот мора да оди по патот на наградата и казната. Кога ќе заврши со етапата на награда и казна, тогаш се удостојува да види дека сето тоа било последица од личното управување со него од Вишото и „Само Тој ги извршува и ќе ги извршува сите дејствија“. Но, пред да ја заврши човекот својата работа на етапата на награда и казна, не е можно да го сфати личното управување.

Во неделата вечерта после лекцијата ја објасни итрината на Јаков, за која што е запишано: „Дојде братот твој со измама“ (Берешит 27). Се разбира дека овде немало никаква измама, бидејќи инаку не би пишувало за Јаков: „Избраниот од Пра-татковците“, ако тој бил измамник. Неговата итрина се објаснува со тоа што човекот се користи со мудроста (Хохма), но не заради самата мудрост (Хохма), туку за да извлече некаква корист од тоа, која му е потребна. И гледа дека по директен пат не може да го достигне тоа. Затоа се користи со некоја мудра итрина (Хохма), за да го достигне потребното. Тоа се нарекува премудрост (Хохма).

Во тоа е смислата на кажаното: „Итар во разумот“, односно дека поседува мудрост (Хохма) благодарение на разумот, бидејќи тој посакува да добие мудрост (Хохма) не заради самата мудрост (Хохма), туку заради нешто сосема друго, што го присилува да ја привлече Светлината Хохма. Всушност, посакува да ја привлече Хохма за да ја исполни Хасадим.

Пред Хасадим се добива Хохма и тие остануваат во мала состојба (Катнут). Но потоа, кога човекот ја привлекува Светлината Хохма, и без разлика на тоа што ја претпочита Хасадим наспроти Хохма, тогаш Хасадим станува поважна од Хохма. Тоа се нарекува ниво на ГАР де-Бина, кога ја употребува Хасадим по сопствен избор. Тоа значи „мудрост благодарение на разумот“, бидејќи во ЈЕШУТ Хохма се открива на нивото ВАК, а во Аба ве-Има Хохма се открива затоа што тие ја претпочитаат Хасадим и остануваат со Хасадим.

Но, иако Бина означува поправање „хафец хесед“ (кој посакува само давање), не се смета дека таа самата ја избира Хасадим, бидејќи дејствува Цимцум Бет (второто скратување), во кое што ја нема Светлината Хохма, додека пак, во големата состојба (гадлут), кога доаѓа Светлината Хохма, таа веќе ја употребува Хасадим, благодарение на својот сопствен избор. 

Следна статија бр.88 „Целата работа е само на крстопат од два патишта“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели