Слушнав во месец Елул (Август 1942 г.)
Книгата Зохар ни ги објаснува зборовите на мудреците: „Три причини го зголемуваат разумот на човекот: убава жена, убав дом и убави келим“. Убавата жена е светата Шхина. Убавиот дом е неговото срце. Желбите на човекот се нарекуваат келим. Треба да се појасни дека светата Шхина не може да ја открие својата подлабока убавина и привлечност додека човекот не добие убави келим – желби, кои излегуваат од срцето. Тој треба, пред сè, да го прочисти своето срце и тоа да стане убав дом. „Убаво“ се нарекува кога се ослободува од намерата „за себе“ и работи само за давање, од што човекот добива убави келим. Тогаш неговите желби наречени келим не само што се чистат од егоизмот, туку стануваат и светли во своето својство за давање.
Но, ако човекот нема убав дом, Создателот вели: „Јас и тој не можеме да бидеме заедно“ – бидејќи мора да има сличност на Светлината со кли. Затоа, кога човекот ја прифаќа вербата во себе како прочистување на неговото срце и разум, тој се удостојува со убава жена: Шхина му се открива како убавина и привлечност. Тоа го зголемува разумот на човекот бидејќи, чувствувајќи наслада и радост од откривањето на Шхина во своите желби, тој ги исполнува своите келим и тоа се нарекува зголемување на разумот.
Тоа се достигнува преку зависта и страста за наслади и почести кои, како што е речено, го изведуваат човекот од овој свет.
Завист – кон Шхина, добивајќи завист кон Создателот.
Почести – желба да покаже голема почит на Создателот.
Страст кон наслади – како што е речено: „Скромни желби слушаш Ти...“.
Следна статија бр.10 „Што значи „Се сокри мојот пријател“ во духовната работа“