Слушнав во 1945 г.
Мудреците рекле дека ако постојат крлушки, постојат и перки, но ако постојат перки, не е познато дали има и крлушки.
Крлушки (каскесет) доаѓа од зборот „кушија“ („прашања“, а зборот „кушија“ (прашања) од зборот „коши“, кој означува тежина, која се појавува во работата „заради Создателот, односно крлушките (кескесет) се келим во кои се добиваат одговори на прашањата, затоа што одговорите не се чувствуваат како надворешен разум, туку како внатрешен. Внатрешниот разум е Вишата Светлина која го исполнува човекот и само тогаш кај него се добиваат одговори на сите негови прашања.
Затоа, колку повеќе прашања има човекот, толку повеќе него го исполнува Вишата Светлина и затоа каскесет се знак на чистотија, поправеност, бидејќи само ако има каскесет, човекот може да дојде до прочистување на себеси (од егоистичките барања) затоа што посакува да се ослободи од прашањата. Тогаш тој прави сè што е во негови сили само да се прочисти себеси и да биде достоен за Вишата Светлина.
Снапир (перка) е исто така знак на чистотија (алтруистичка, „заради Создателот“, затоа што снапир доаѓа од зборовите „соне пе Ор“ (Виша Светлина која не мрази), бидејќи ако се појавуваат прашања кај човекот, тоа е затоа што во него има омраза кон Вишата Светлина. Но, ако има снапир кај него, не мора да значи дека ќе има прашања. Може да се случи тој да не ја мрази Вишата Светлина затоа што го обременуваат тешки прашања, туку затоа што се стреми кон насладување и мисли дека сепак ништо нема да добие од неговото поправање и издигнување.
Затоа знаците на чистото кли се и снапир и каскесет заедно, кога во човекот има риба („даг“ – од зборот „даага“, што значи грижа, немир) бидејќи рибата е месо „облечено“ во крлушки (каскесет) и перки (снапир), односно Вишата Светлина свети во овие два знаци на чистотијата. Но, ако човекот прави напори, учи, и кај него не се појавуваат прашања против работата „заради Создателот“, тоа значи дека кај него нема знаци на чистотија, поправање бидејќи знаците на чистењето, во прв ред, се прашањата против духовното.
Ако нема прашања, тогаш Вишата Светлина нема каде да се смести во него, затоа што кај него нема причина која ќе го присилува да се исполни со Виша Светлина, бидејќи тој и без Виша Светлина се гледа себеси во добра состојба.
Затоа Фараонот, Царот на Египет, сакајќи да ги остави синовите на Израел под своја власт, наредил да не им се дава слама (каш) од која што тие правеле тули (како што е речено: „И отиде народот да собира слама...“), бидејќи во таков случај во човекот никогаш не би се појавила потреба Создателот да го извади од нечистата во поправена состојба.
Следна статија бр.94 „Чувајте ги душите свои“