Слушнав на празничната трпеза во чест на Брит Мила, во 1943 година, во Ерусалим
Малхут, сама по себе, се нарекува „ниска мудрост“. Малхут, пак, која е соединета со Јесот, се нарекува верба. Врз Јесод постои покривка, наречена „Орла“, краен дел, чија што улога е да ја одделува Малхут од Јесод, за да не дозволи Малхут да се поврзе со него.
Силата на крајниот дел е во тоа што тој на човекот му црта слика во која на вербата не ѝ се дава никаква важнот, слично на прав. Тоа се нарекува „Шхина во прав“.
Кога човекот ја оттрга таа сила која пречи и создава во него претстава за вербата како за непотребна, и обратно, кога самата таа сила е ниска и ништожна во неговите очи, како прав, тогаш таквото поправање се нарекува „обрежување“. Со тоа тој го отсекува крајниот дел и го фрла во правот.
Тогаш светата Шхина излегува од правот и се открива големината на вербата. Таквата состојба се нарекува „Геула“ (Ослободување), затоа што човекот се удостојува да ја подигне Шхина од правот.
Затоа е потребно да ги концентрира сите свои напори за да ја отстрани силата која пречи и да добие верба. Само од вербата доаѓа совршенството. (И во тоа е можно постојано усовршување, во зависност од тоа колку сака човекот да допре со верба во секоја своја лична желба, анализа). Таквото усовршување се нарекува: „Ограничување на себеси до малечката маслинка и до јајцето“ (односно до строго ограничена големина, пониско од која човекот повеќе не е во состојба да распознава).
„Маслинката“ е слично на она што му рекла гулабицата која ја пуштил Ное: „Јас претпочитам горчлива храна, како маслинка, но од небото“. „Јајцето“, пак, е слично на тоа што во самото јајце нема ништо живо, и не се гледа никаков живот во него, иако потоа од него се раѓа нешто живо. Значи човекот се ограничува себеси и ја претпочита духовната работа, иако таа во него предизвикува горчина како маслинката, и тој во својата состојба и во својата духовна работа не гледа никаков живот.
Но, целата сила во неговата работа доаѓа од тоа што сака да ја подигне Шхина од правот. Како последица од таквата работа, човекот се удостојува со Ослободување, а храната, која претходно му се чинела горчлива како маслинка, и лишена од живот, слично на јајцето, во неговите очи се претставува полна со Виш живот и сладост.
Затоа е речено: „Прозелитот[1] (гер) е сличен на новородено бебе“ со тоа што е обврзан да направи „Брит мила“ (обрежување) и тогаш ќе достигне радост. Затоа во традиционалниот обред „Брит мила“, кога на новороденчето му се отсекува крајниот дел, иако тоа страда, сите блиски се радосни – бидејќи веруваат дека душата на детето се радува. Истото е и во исполнувањето на духовното дејствие „Брит мила“: човекот треба да се радува, без разлика на страдањето, затоа што верува дека неговата душа, поминувајќи ги тие поправања, се весели.
Целата духовна работа на човекот треба да биде во радост. Тоа произлегува уште од најпрвата заповед дадена на човекот, која се исполнува врз човекот од неговите родители со радост. Во исто таква радост треба да се исполнува секоја Заповед.