Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

98. Духовното се нарекува вечно

Слушнав 1948 г.

Духовно се нарекува она што нема да исчезне никогаш. Затоа желбата за наслада во нејзината вистинска форма, што значи да прима за себе, се нарекува материјална, бидејќи ќе ја изгуби таа форма и ќе добие нова – заради Создателот.

Реалното место во духовното се нарекува место на реалноста бидејќи секој кој доаѓа таму, на тоа место, гледа една иста слика. За разлика од тоа, измислената работа не се нарекува реално место бидејќи претставува фантазија, која секој си ја замислува поинаку.

Се вели дека Тора има 70 лица, што означува 70 нивоа. На секое ниво Тора се претставува согласно нивото на кое се наоѓа човекот. Меѓутоа, светот е реалност бидејќи секој кој се искачува на едно од 70-те нивоа, од кои се состои дадениот свет, го достигнува истото што го достигнуваат сите на тоа ниво.

Во кабалистичките книги понекогаш се среќаваат објаснувања на фрази од Тора, како: „Така му рече Авраам на Исак...“ и е раскажано што зборувале и се разјаснува искажаното. Но, се појавува прашањето: како се знае дека тие зборувале еден со друг?

Ова е познато затоа што кабалистите го достигнале нивото на кое се наоѓат Авраам или некој друг, па затоа оној кој достигнал го гледа и го знае она што го видел и знаел Авраам. Така тој знае што рекол Авраам.

Еве зошто кабалистите објаснуваат фрази од Тора – бидејќи и тие го достигнале истото ниво, а секое ниво во духовното е реалност која ја гледаат сите, исто како што сите кои доаѓаат во градот Лондон во Англија, го гледаат тоа што го има таму и слушаат за што се зборува.

Следна статија бр. 99 „Грешник или праведник“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели