Водител: Здраво. Разговараме со д-р. Михаел Лајтман, професор по кибернетика и доктор по онтологија, психологија и кабала; основачот и претседателот на кабала институтот Бнеи Барух. Во разговорот ни се придружува Нил Доналд Волш.
Сите го знаат Нил Доналд Волш. Тој е писателот на најпродаваните серијали на книги „Разговори со Господ“. Овие книги допреа и ги променија животите на милиони луѓе ширум светот. Секоја од овие книги од серијалот се најде на листата на бестселери на Њу Јорк Тајмс, и првата всушност остана на листата повеќе од две ипол години. По неа е направен филм заради големиот интерес и ефектот кој го имаа идеите во неговите книги. „Разговори со Господ“ на некој начин стана инспиративно движење за луѓето. Но фокусот на книгите навистина се промени како што се развиваше серијалот, и од развојот на поединецот и работите кои би му помогнале да промени нешто во животот, се префрли на пошироки интереси, интереси кои ги засегаат заедниците и светот како целина – човештвото. И токму за таа гледна точка сакам да разговараме. Вашата најнова книга има различно име, „Кога сé се менува, промени сé“. Мислам дека книгава треба да му помогне на човекот на кој му се случуваат големи промени во животот; како може да се приспособи на нив, какви нешта треба да направи. Но ако погледнеме што се случува во светот, зарем не поминуваме низ истиот вид на промена заедно, и што треба да промениме земајќи го ова предвид? Што гледате дека се случува, и што мислите, во суштина, дека треба да направиме овој период?
Нил Доналд Волш: Тоа е многу големо прашање; но ја ценам неговата големина, бидејќи предизвикот со кој се соочуваме е огромен. Верувам дека човештвото стигна до крстопат. Не би сакал да претерувам; не сакам да звучи сензационално, но мислам дека е вистина. Мислам дека нашиот вид, видот на човечки суштества доаѓа до место каде што одлучуваме за нас самите. Донесуваме огромна одлука за тоа кои сме; кои навистина избираме да бидеме. Како одбираме да се поставиме кон животот; како бираме да се поставиме кон сите различни елементи на животот: средината, самата планета, и очигледно кон луѓето? И кога сме веќе на таа тема, концептот на човекот за неговиот Создател, ако има таков концепт. Кое е правилното, точното и најефикасното поврзување, со сето тоа.
Не верувам дека можеме да ги сфатиме тие прашања. Тоа се прашања на 21 – виот век. Во поранешните денови и времиња бевме многу но не директно вклучени во процесот на индивидуалното преживување: Како да истуркам низ денот, како да истуркам низ неделата, како да истуркам низ месецот? Во 21 – виот век, учиме дека повеќе не можеме да се концентрираме на поединечните стратегии за преживување, дека ако не почнеме да ги соединиме тие стратегии и да научиме како можеме заедно да преживееме, ниеден поединец нема да преживее во подолг временски период. Не сакам да алармирам, но сфаќам дека се соочуваме со многу критично време. Сметам дека следните триесет години ќе бидат пресудни, следните три децении. Ќе зажалите што сте ми го поставиле прашањево бидејќи со часови можам да зборувам за ова. Навистина сакам да слушнам што има д-р Лајтман да каже.
Михаел Лајтман: Жедно слушаме! Прекрасно е; всушност токму тоа сакавме да го слушнеме.
Нил Доналд Волш: Сакам да кажам дека во ова критично време мора да најдеме нова дефиниција за тоа што значи да се биде човек. Мора да избереме нов идентитет – буквално да избереме нов идентитет – и одново да се создадеме како човештво; одново да се измислиме како сосема нов жив организам, нов вид; и одново да го создадеме организмот како грозд, како група, наместо како единечни суштества. Мора да го промениме размислувањето за тоа кои сме во однос еден на друг.
Михаел Лајтман: Мислам дека дури и пред кризата, и Нил и јас знаевме дека има криза. Не можевме едноставно да зборуваме со некој бидејќи луѓето не го сфаќаа постоењето на криза; луѓето не разбираа дека проблемот во образованието, во културата, во стапката на разводи, дрогата, тероризмот, дека сето тоа е криза. „Па да, се случува, се случуваат некои работи... Но сега кога нè удира по џебот, тогаш да, има криза.“ Но всушност кризата е во сé што правиме во овој свет. Кризата не е финансиска, таа е во нас. Сега луѓето сакаат да слушаат бидејќи ги удира по џебот, па имаме можност да им кажеме.
Нил Доналд Волш: Сега имаме можност, исто како што рече Михаел, и тоа е чудесна пресвртница во човековата еволуција Ова сега е можност. И фактот што луѓето се финансиски оштетени, што има ефект не само врз нивните џебови туку и врз нивните односи: врши притисок врз браковите, предизвикувајќи партнерите да размислуваат дали сакаат да продолжат или не, врши притисок врз семејствата, врз сите наши системи. Ова е причината човешките суштества, кои обично не размислуваат за вакви нешта, да станат и да речат, „Почекај малку, можеби ова не е тоа кон што се стремам?“
Михаел Лајтман: Навистина сме во нова ера. Во еволуцијата на човечкиот егоизам низ генерациите, дојдовме до точка каде што веќе не можеме да се задоволиме. Природно, сме се откажале од тоа да се задоволиме со секакви видови на предизвици, задоволства и исполнувања. Сега сме во криза. Како што кажа, ние сме во голема криза во сé што направило човештвото, во сé што сме направиле овие милениуми. Во сé што сме еволуирале, дојдовме до заситување. И денес, не знаеме како можеме да одиме напред. Иако мнозинството луѓе сé уште се во владите – мислејќи дека можеме тоа да го решиме преку пари или моќ, или со помош на некое друго средство или алатка. Тоа нема да ни помогне. Мора да го поправиме поврзувањето меѓу нас бидејќи одеднаш откривме дека сме во поврзан, интегрален свет, во кој сите делови се поврзани. Тоа особено важи за човечките суштества, највисокиот елемент во природата. Мора да бидеме поврзани, сите луѓе. Целата наша цивилизација мора да најде некакво решение, да се поврзе, обедини, бидејќи така ќе ги решиме сите проблеми. Без тоа, ниеден проблем нема да биде решен. Ние сме како делови од организам кои не се поврзани, и во таа состојба телото не може да функционира; колабира и умира. Па тука одеднаш откриваме дека човештвото е делови од организам и не сме поврзани и не сме во хармонија, во заедничко учествување. Прашањето сега е: Како да се обединиме. Преку што? Каде е методот? Како да стигнеме до него?
Нил Доналд Волш: Михаел, со почит, имам едно прашање за тебе. Верувам дека проблемот е посуштински. Верувам дека сега проблемот е тоа дали можеме да направиме поголемиот број на луѓе да разберат дека ние всушност сме едно, да го разберат нашето единство? Бидејќи ако немаат луѓето причина...
Михаел Лајтман: Да, секако, тоа е првиот услов, да им се објасни дека ова е проблем.
Нил Доналд Волш: Мислам дека треба да најдеме начин да им дадеме причина на луѓето дека просечниот човек на улица може да го сфати тоа, и дека тоа ќе го оддалечи од идејата за поединец и индивидуализам стара со векови, и ќе се придвижи напред кон друг концепт на што значи да се биде човек во колективно општество. Ако ја нема таа причина, ако нема суштинска причина да го прави тоа, според мене ќе му биде многу тешко да ја направи таа промена.
Михаел Лајтман: Мислам дека решението е во луѓе како тебе, како мене, или други ако најдеме повеќе луѓе како нас, во тоа да се здружиме, да се разбудиме, да ги раздвижиме медиумите, владите, образовните системи, но посебно медиумите; да ни се приклучат повеќе луѓе, научници, биолози – особено еволуциски биолози, и луѓе што се занимаваат со човечки или општествени системи; и заедно со нас, на некој начин ќе го поддржуваат тоа од перспектива на науката, психологијата или биологијата. Значи да му покажеме на човештвото дека ситуацијата е ваква. Во последно време зборував со многу луѓе, вклучувајќи луѓе од областа на финансиите. И економистите почнуваат да насетуваат дека проблемот е во поврзувањето меѓу луѓето денес, во недостигот на доверба, во недостигот на правилно поврзување меѓу луѓето. Всушност, треба да разбереме дека светот е подготвен за тоа, треба само да помогнеме правилно да се организира. Мислам дека ако ги прикажеме овие работи на светот и ако речеме дека не разбираат; тоа нема да биде добро. Мора самите да се чувствуваме одговорни за организирање на луѓето, луѓето кои можат да имаат влијание; и мора да ги донесеме сите заедно во еден голем форум. И преку медиумите можеме да им објасниме на сите луѓе дека има проблем во човечките односи и ништо друго. И со недостиг на поврзување, ги создаваме сите проблеми во природата, во човечкото општество, и во целата природа.
Нил Доналд Волш: Целосно се согласувам, и мислам дека главната причина на недостигот на поврзување на човештвото, нашето искуство на одделеност – ќе кажам нешто многу предизвикувачко, можеби нема да се согласите со мене; но од моја гледна точка – верувам дека главната причина за тоа чувство на неповрзаност во многу случаи е организираната религија. Односно, верувам дека религијата нè учи дека ние сме тука, а тоа што го нарекуваме Господ, Алах, Раман, Јахве, Јехова, кое било име кое сакаме да го користиме, дека ние сме тука, а Бог е таму некаде. И мораме да поставиме парадигма на одделување, тоа што јас го нарекувам „сепаративна теологија“. Кога имаме сепаративна теологија...
Михаел Лајтман: Наместо тоа треба да им објасниме на луѓето дека Бог е меѓу нас. Ако ги средиме правилните односи, односи на љубов меѓу нас, ќе го откриеме Бог. Горната сила е меѓу нас ако правилно се поврземе. Се согласуваш со мене?
Нил Доналд Волш: Целосно се согласувам со вас. Сепаративната теологија која човештвото ја воспоставило низ годините создаде сепаративна космологија. Тоа е космолошки начин на гледање на работите кој вели дека сé е одделено од сé останато. И сепаративната космологија произведе сепаративна социологија која е начин на социјализирање со другите кој вели: „Јас сум тука, ти си таму. И нашите интереси нема да се сретнат, освен ако се сретнат. Ако се сретнат, ќе се обидеме да соработуваме. Но ако нашите интереси не се сретнат, ако имаме различни интереси, можеби ќе морам да те повредам; всушност, можеби ќе морам да те убијам.“
Михаел Лајтман: Да, тоа е точно, бидејќи религијата, социологијата и сите тие нешта се изградени од мали, себични луѓе. Тука има суптилен, но голем проблем. Не смееме да одиме против религиите и социологијата. Наместо тоа, мора да го правиме тоа на начин на кој луѓето ќе разберат самите. Не се оди веднаш на објаснувањето, туку од внатре тие ќе разберат дека тоа што е запишано во религиите и тоа што го мислат луѓето за религиите не е исто; дека всушност се зборува за поврзување меѓу нас. Тука има многу деликатен проблем. Да, многу е суптилен. И тука треба да внимаваме за да не предизвикаме отпор.
Водител (кон Нил Доналд Волш): Ова е ваш цитат, „Се создавате по сликата на вашата највисока идеја за себеси.“ Тоа според мене значи дека ако сакаме нешто да се промени или ако сакаме да тргнеме во нов правец, мора да ги земеме квалитетите, во смисла да ги вежбаме квалитетите на следното место каде што сакаме да одиме. Зарем не е тоа можна насока за човештвото? Можно ли е да им се покаже на луѓето, да им се даде друг вид имагинација, друг вид медиуми, друг сон? Може да им се влијае на тој начин?
Нил Доналд Волш: Книги како „Разговори со Господ“ станаа толку популарни и ги читаа, никогаш немаше да претпоставам, седум ипол милиони луѓе, на 37 јазици, токму затоа што на просечниот човек му нудат надеж за нова идеја, нова врска меѓу нив и меѓу нас и Господ.
Михаел Лајтман: Мораме да ги воздигнеме луѓето, мора да ги подигнеме. Мора да им ги отвориме умовите и да им ги отвориме срцата. Потоа тие ќе откријат дека ако се поврзат добро и желно со другите, тоа е Божествениот квалитет, бидејќи Господ е законот на природата кој сé става во хармонија и единство, љубов и заемна грижа. Тоа е всушност Господ. Тоа е Божественото. Ако човек се впушти во тоа, и почне соодветно да се поврзува со сé што е надвор од него, го надминува своето его и се поврзува и зближува со другите, ја дели туѓата болка и поврзување, и е подготвен да се претвори во средство за исполнување на другите; со тоа станува дел од Божественото.
Нил Доналд Волш: Проблемот со кој човештвото денес се соочува не е политички проблем; не е финансиски проблем; не е воен проблем. Очигледно е духовен проблем. Односно, поврзан е со тоа во што веруваме, во што суштински веруваме дека е точно за тоа кои сме, каде сме, зошто сме таму каде што сме, и што правиме на Земјата. Која е целта на самиот живот? Можно е зборот „живот“ и зборот „Бог“ да се заменат еден со друг? Можно е тие два збора всушност да се однесуваат на истата суштина и битисување? Тоа што сега ни треба се водачи или идоли, исто како што кажа Михаил, луѓе кои ќе се истакнат и нема само да помогнат да се напише приказна за културата, туку ќе помогнат да се моделира на начинот на кој тие се однесуваат еден кон друг. И ова е критично, да се најдат такви модели во политичката арена, во доменот на трговијата, бизнисот и индустријата, и очигледно, во религиите. И жал ми е што го кажувам ова, дека моето мислење, не исклучиво, но понекогаш, е дека водачите на нашите главни религиски движења на земјата се оние на кои често им е тешко да се здружат заедно.
Михаел Лајтман: Тие го создаваат отпорот.
Нил Доналд Волш: Да. Бидејќи ќе мора да се откажат од многу од нивните фундаменталистички верувања за да се соединат во поголем концепт на тоа што значи да се биде жив и да се биде она што всушност сме. Сепак, има неколку храбри модели и во таа заедница. И ако можеме да почнеме да воведуваме таков вид на водство во такви простори користејќи ги медиумите, како што во случајов ги користиме, да допреме до илјадници луѓе во еден миг; тогаш имаме шанса. И мислам дека шансата е добра за промена на приказната за културата на човештвото; и да го промениме висењето во празен простор, и да ја турнеме лулашката на другата страна. Доаѓаме до место на критична маса. Блиску сме до тоа, патем речено; многу блиску.
Михаел Лајтман: А во врска со тоа што се случува во светот: Зошто има криза? Бидејќи се појавува Божествената сила, силата на единството, а ние не сме поврзани според ова единство. И тогаш има конфликт меѓу нас и Божествената сила која се појавува. Значи, ако ние, особено оние луѓе кои разбираат, ако почнеме да се поврзуваме со таа сила на единство, како што се приближуваме во нашето поврзување, Божествената сила ќе дејствува низ целиот свет; и целиот свет ќе ја прифати. Важното за нас, оние кои сакаме да разбереме, е да создадеме правилни врски. Ова е заради фактот што немаме правилно поврзување и волја да се поврзуваме кој го предизвикува сето зло во светот. И бидејќи од обичните луѓе не се бара ништо. Не разбираат каде сме ние. Ние, кои разбираме, и се неактивни кон поврзувањето, а тоа е проблем. Тоа е изворот на сето зло и страдање во светот. Ние сме виновни. Па, со сета моќ мораме да предизвикаме поврзување меѓу нас, да го создадеме од нас кон остатокот од светот.
Нил Доналд Волш: Не мислам дека пречката е во желбата. Мислам дека пречката е во процесот. Со други зборови, мислам дека Михаел и јас можеме да свикаме состанок и да собереме петнаесет – дваесет луѓе. Баш како што кажа, да се собереме, не само во оваа земја, туку и од други земји во светот, дваесет, триесет или четириесет луѓе, мало купче луѓе, заедно за некој вид конклава, некој вид состанок; најверојатно би можеле да го направиме тоа за триесет дена, ако навистина мораме. Но прашањето е, откако тие петнаесет луѓе ќе седнат заедно во соба, што потоа? Каков е процесот? Што се случува освен донесување заедничка декларација за во Обединетите Нации?
Михаел Лајтман: Колку посебни луѓе постојат во светов? Можеби неколкумина. Но ако се обединат, стануваат сила која не се игнорира и не се потчинува; другите луѓе не може да не ги слушаат. Мислам дека ако седнеме заедно, меѓу нас, ќе создадеме моќ на поврзување која ќе влијае врз целиот свет. Само правејќи го тоа внатрешно, во нашите умови и срца; и таа моќ ќе дејствува во светот посилно од кој било збор или декларација. Тоа е едно, првото нешто. И никој нема да може да ни го одземе тоа. Второ, тогаш можеме да им пристапиме на медиумите, Обединетите Нации, Конгресот, владата. Можеме да дејствуваме. Ако зборувате за голем форум, луѓето ќе слушнат за тоа; а секој од нас има неколку милиони околу него, милиони слушатели и луѓе кои ќе го следат тоа што го мислиме и зборуваме. Во исто време, кога кризата ескалира, а навистина ескалира, тоа не ја олеснува работата, проблемите не си одат; и во исто време зборуваме за тоа дека не може да се реши никако освен преку правилниот вид на односи, како што продолжуваме од месец во месец; ќе собираме повеќе и повеќе луѓе. Тоа ќе трае, као група која на крајот ќе постигне ниво на духовно управување.
Нил Доналд Волш: Но за да го создадеме тоа духовно управување, ќе мораме да создадеме ново духовно разбирање, нова духовна основа, каде што управуваните ќе дозволат да бидат управувани од духовните закони кои природно го управуваат самиот универзум.
Михаел Лајтман: Но владата и онака станува нефункционална. Што да кажам? Погледни ги Г8, Г20, Г40, било кое Г; кутрите не знаат што да прават. Погледни ги Обединетите нации; имаме многу повеќе проблеми по патот, а тие стојат како мали деца и не знаат што да прават. Всушност не треба да бидеме во владата. Тие може да имаат чест и пари, но од нас им треба совет за тоа како да ги учат луѓето. Ние не ни бараме нешто. Го кажуваме тоа преку медиумите, преку образовниот систем; почнуваме да создаваме правилно општество околу секој човек, и така од внатре ги менуваме луѓето. Ќе ги направиме подобри луѓе. Со тоа, никому нема да наштетиме; нема да биде по цена на некој друг. На крајот на краиштата, што бараме? Напротив.
Нил Доналд Волш: Знаеш што би сакал да направам? Ќе ти кажам. Би сакал да создадам влада во сенка, вистинска светска влада во сенка, која нема никаков авторитет или моќ, но сепак редовно се сретнува. И да се движат од главен град до главен град, шест месеци во Њу Јорк, па Москва, па некаде. Таа влада во сенка ќе дава предлози и совети; и ќе ги разјасни решенијата за петте најголеми проблеми со кои денес се соочува светот. Потоа ќе ги покани луѓето од светот да се приклучат на плебисцитот. Сега, со интернет ова е многу лесно; може да се направи за една минута, да се соберат сите светски корпорации како спонзори, да ги принудиме да спонзорираат глобален плебисцит. Колку од вас се согласуваат со следните правни предлози? Иако ја немаат моќта на правото зад нив, и на духовната основа на единство.
Михаел Лајтман: Нема да ги принудиме. Напротив, на некој начин ќе работиме зад нив, ќе им дозволиме да се гордеат со тоа, да покажат колку се во право и колку се добри. Нема потреба да ги принудуваме.
Нил Доналд Волш: Лесно ми е да разберам, Михаел, зошто насекаде си почитуван, со почести и сакан. Гледам зошто зборуваш со толку нежна упорност, толку нежни убедувања, толку слатки и љубезни зборови; и одбиваш да одиш на место на осуда или суд од некој. Сосема ми е јасно дека тоа мора да се случи. Не сум сигурен; можеби наредниот пат кога ќе разговараме ќе можеш да ми помогнеш да сфатам како да направам моите внатрешни енергии да се помалку избувливи, нестрпливи, помалку да судат. Знам кога се слушам себеси како зборувам а кога те слушам тебе, токму во овој разговор, забележувам значителна разлика во енергиите со кои доаѓаме до истата поента. Ти ќе победиш во тие дискусии, расправи,а јас не, бидејќи јас ги туркам луѓето назад, а ти не. Па можеби ќе земам неколку часови од тебе, да научам како да зборувам и да комуницирам со луѓето на начин кој кажува, а не објавува, всушност покажува дека сите сме едно. И го забележувам тоа, затоа седам тука и се смешкам. Навистина можам да научам многу од овој господин.
Михаел Лајтман: Благодарам.
Водител: Ова е прекрасно. Сакам да ви се заблагодарам многу што ни се придруживте. И не само за дискусијата, туку и за тоа што ни покажавте што треба да направиме и што лежи пред нас. Сакам да ви се заблагодарам за гостувањето.