Во однос на важноста на пријателите во групата и како да ги цениме, треба да разгледаме со каква важност секој треба да се однесува кон својот пријател. Здравиот разум наложува дека доколку некој се однесува кон пријателот како да е на понисок степен од својот, тогаш тој ќе сака да го научи како да се однесува повеќе доблесно отколку квалитетите што ги има. Во тој случај тој не може да му биде пријател; тој може да го смета пријателот како ученик, но не како пријател. Но, доколку некој го види својот пријател на повисок степен од неговиот сопствен и гледа дека може да се здобие со добри квалитети од него, тогаш тој може да му биде Рав, но не негов пријател. Ова значи кога некој гледа дека неговиот пријател е на еднаков степен со неговиот, поединецот може да го прифати другиот како пријател и да се поврзе со него. Ова е затоа што значњето на пријател е кога обајцата се во иста сотојба. Ова го диктира здравиот разум. Со други зборови, тие ги имаат истите погледи и одлучуваат да се поврзат. Тогаш, двајцата делуваат кон целта која сакаат да ја достигнат.
Тоа е како кога двајца истоумни пријатели кои имаат заеднички бизнис и работат за бизнисот да им донесе заработка. Во таа сотојба тие чувствуваат дека имаат иста моќ. Но ако некој од нив почувствува дека е поспособен од другиот, тој нема да сака да го прими како еднаков партнер. Наместо тоа, тие ќе создадат пропорционално партнерство според силата и квалитетите кои еден ги има повеќе во однос на другиот. Во таа состојба, партнерството е 33% или 25 % партнерство, и не може да се рече дека се еднакви во бизнисот.
Но, со љубовта кон пријателите, кога пријателот ќе се обврзе да создаде единство помеѓу нив, тоа особено значи дека се еднакви. Ова се нарекува „единство.“
На пример, доколку заедно имаат бизнис и се договорат дека заработката нема да биде поделена еднакво, дали тоа се нарекува „единство“? Бизнис во лубовта на пријателите треба да биде кога заработката и поседите која ги донела самата љубов е за тие да бидат еднакво контролирани. Тие не треба да сокриваат еден од друг, туку сè да биде со љубов, пријателство, искреност и мир. Но, во есејот, „Говор за завршувањето на Зохар,“ запишано е: „Мерката за големината доаѓа под два услови:
1) Секогаш да се слуша и прима ценењето на групата, до степен на нивната големина
2) Групата треба да биде голема, како што е запишано: „Во мноштвото на луѓе е славата на Кралот.“
За да се прифати првиот услов, секој ученик мора да почувствува дека тој е најмалиот помеѓу пријателите и тогаш тој ќе биде во можност да го прими ценењето на големината од сите. Ова е така бидејќи поголемиот не може да прима од помалиот, уште помалку да биде импресиониран од неговите зборови. Само помалиот е импресиониран од ценењето на големиот. За вториот услов, секој ученик мора да ја велича заслугата на секој пријател, како тој да е најголемиот во генерацијата. Тогаш групата ќе влијае врз него како што би требала една голема група да влијае, бидејќи квалитетот е поважен од квантитетот.
Следува дека во работата за љубовта кон пријателите, тие си помагат еден со друг, што значи дека за секого е доволно да го смета пријателот како да е на ист степен како неговиот. Но, бидејќи секој треба да го величи својот пријател, тука е прашањето за Рав и ученикот. Заради оваа причина секој треба да го смета својот пријател како поголем од себеси. Но, како може некој да го смета својот пријател како поголем од себеси, кога тој може да види дека неговите сопствени заслуги се поголеми од тие на неговиот пријател. Тој се смета себеси за поталентиран и има подобри природни квалитети? Постојат два начина да се разбере ова. Да оди со верба над разум: еднаш кога го избрал како пријател, тој го цени над разумот.
Следново е поприродно - со разумот. Доколку некој одлучил да го прими другиот како пријател и работи на себеси да го сака, тогаш природно е со љубов да гледа само добри работи. Иако има лоши работи во пријателот, тој не може да ги види, како што е запишано: „Љубовта ги прикрива сите престапи.“
Ние можеме да видиме дека личноста може да види лоши особини кај децата на неговиот сосед, но не и кај неговите деца. Кога некој ќе спомене некои лоши особини кај неговите деца, тој веднаш му дава отпор и започнува да ги набројува заслугите на неговите деца. Прашањето е, која е вистината? После сè, постојат заслуги на неговите деца и така тој е вознемирен кога другите говорат за неговите деца. Работата е во следново.
Како што јас слушнав од татко ми: „Секоја личност има предности и недостатоци. Обајцата - и соседот и таткото ја кажуваат вистината. Но, соседот не се однесува кон другите деца како да се негови деца, бидејќи ја нема истата љубов кон децата како што ја има нивниот татко. Така, кога ги зема во обзир другите деца, тој ги гледа само нивните лоши особини, бидејќи тоа му дава поголемо задоволство. Ова е затоа што тој може да покаже повеќе доблести од другите, затоа што неговите деца се подобри. Заради оваа причина тој ги гледа само недостатоците на другите. Тоа што го гледа е вистина, но тој ги гледа само тие работи во кои ужива.
Таткото, исто така, ја гледа само вистината, и тој ги гледа само добрите работи кои неговите деца ги имаат. Тој не ги гледа недостатоците на своите деца, бидејќи тоа не му претставува задоволство. Така, тој ја говори вистината за тоа што гледа во неговите деца. И бидејќи тој има добробит само од работите кои можат да му дадат задоволство, тој ги гледа само доблестите.
Произлегува дека доколку некој има љубов кон пријателите, законот во љубовта е во тоа што тој сака да ги види заслугите на пријателите а не нивните недостатоци. Така, доколку некој гледа некоја лоша особина во пријателот, тоа не ја покажува лошата особина на пријателот, туку неговата сопствена. Тоа значи дека тој не успеал во љубовта кон пријателите, па затоа во нив ги гледа недостатоците. Затоа, сега тој не треба да се грижи за поправките на пријателите. Туку, нему му е потребна поправка. Следува дека тој не треба да се грижи за поправката на недостатоците на неговите пријатели кои тој ги гледа во нив, туку тој самиот треба да го поправи сопствениот недостаток, кој го создал во љубовта кон пријателите. Кога ќе се поправи тој ќе ги гледа само заслугите на пријателот, а не неговите недостатоци.