Кабалистите велат: „Која е службата на срцето? Молитвата!.“ Прво, ние треба да разбереме зошто молитвата се нарекува служба или работа. Дали е работа да Му се молиш на Создателот за Тој да ги исполни нашите потреби и желби? Доколку кабалистите дознале нешто за ова, тогаш тие би ни дале совет дека во молитвата има посебен елемнт кој е работа, а не само молитва. Доколку е така, кој е тој елемент на кој укажуваат кабалистите?
Секако е важно да речеме дека човекот се моли и бара да му биде дадено нешто доколку има недостаток за тоа, и само кога чувствува дека нешто му фали тој почнува да бара исполнување од некој кој е во можност да му го исполни. При тоа човекот бара само од некој кој го има она кое што тој го бара, и исто така копнее да дава во корист на други. Според ова, кога човекот започнува да се моли и бара од Создателот, за Тој да го исполни тој недостаток, неопходно е неговата молитва да биде јасна, со сигурност да знае што му недостасува. Ова значи дека кога бара од Создателот, тој мора да си сугерира себеси дека зборува пред Кралот кој е во можност да му направи добро за да биде најсреќниот човек на светот, бидејќи ништо не недостасува во куќата на Кралот. Човекот прво мора добро да размисли пред молитвата со цел да знае што вистински му недостига. Тогаш доколку Кралот го пополни неговиот недостаток, нему нема да му недостасува ништо, и тој ќе биде најсовршениот и целосен човек во светот.
Целта на создавањето била да прави добро на Неговите суштества и од тоа произлегува дека од страна на Создателот нема пречки да дава добро и задоволство на создадените суштества. Создателот создал недостаток кој се нарекува „желба за примање“, со цел да го исполни тој недостаток. Недостаток се нарекува исполнување и страдање сè додека не е исполнет. Затоа сите недостатоци кои се создадени се со намера да се реализира задоволството. Исто така недостатокот е вклучен во намерата да се дава добро во согласност со општото правило дека самиот копнеж за нешто е она што предизвикува исполнување со задоволство. Јасно е дека ако на некого му дадете оброк, дури и да е како гозбата на Кралот Соломон, тој нема да ужива доколку не копнее за тој оброк. Доколку е така, кога личноста чувствува недостаток, и тој го нема исполнувањето, секако дека тој ќе се обрати кон Создателот со неговото барање, бидејќи човекот бара од Создателот задоволство. Од страна на Создателот не е важно да се рече дека човекот треба да се моли за да му биде дадена корист и задоволство, бидејќи Создателот е желба да дава добро на создадените суштества. Затоа не е важно да се збори за барање кога желбата на Давателот е само да дава.
Оваа последна реченица треба да биде разбрана, бидејќи изгледа дека е во спротивност со тоа што е речено погоре. Погоре е речено: „бидејќи личноста прави барање само од некој кој го има она што го бара, и исто така знае дека има желба да дава и да им користи на другите“. Ова се однесува на неопходните услови кои мораат да бидат исполнети пред некој да започне да бара, а тие се да знае дека другиот има желба за давање. Но, овде се вели дека доколку желбата на давателот е да дава, тогаш не е применливо да се бара нешто од него. Како може двете изјави да бидат вистинити? Одговорот е дека треба да го анализираме нашето разбирање на оваа последна реченица. Доколку давателот е секогаш спремен да ја даде оваа работа, тогаш не е применливо тоа да се бара, бидејќи е дадено и без барање.