Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Направи си Рав и купи си пријател – 2 Статија бр. 8, 1984-85

Во однос на тоа што го говоревме во статијата бр.1 (1984-85), треба да направиме некоја проценка. Треба да го разбереме односот помеѓу: а) човекот и Создателот, б) човекот и неговиот пријател, в) човекот и останатите луѓе, кои не се негови пријатели, иако постои поговорката, „сите од Израел се пријатели.“

На момент откриваме дека зборовите, „направи си Рав за себе, (учител/важна личност) и купи си пријател,“ се патот на поправка, но подоцна следи „суди му секому позитивно.“ Ние треба да протолкуваме дека „направи’’ не е во разумот. Ова е затоа што разумот не може да разбере дали нешто е вредно да се прави или не. Како може разумот да одлучи дали е добро за мене? Или доколу разумот ги смета сите за еднакви, кој ќе одлучи што треба човекот да прави? Така, може само делото да одлучи.

Треба да знаеме дека постојат два начина пред нас: да работиме со цел да даваме и да работиме со цел да примаме. Постојат делови во човековото тело кои му кажуваат: „Ти ќе успееш во животот само ако работиш со цел да даваш, и само така ќе уживаш во животот.“ Ова е аргументот на добрата наклоност, како што рекле нашите мудреци: „доколку правиш така, ќе бидеш среќен на овој свет и среќен во следниот свет.’’

Аргументите на злата склоност се српотивни. Таа вели: „подобро е да работиш со цел да примаш. Во таа состојба одлучува само силата наречена, „дела кои се над разум,“ а не интелктот или чувствата. Затоа делувањето се нарекува „над разум“ и ова е силата наречена „верба која е против интелектот.“

„Купи,“ е во разумот. Нормално, луѓето сакаат да го видат она што сакаат да го купат, па така трговецот им ги покажува добрата и тие преговараат дали вредат или не за цената која трговецот им ја бара. Ако тој мисли дека не вреди, тој не купува. Така „купи“ е во разумот.

Сега ќе ја објасниме работата “Рав“ и работата “пријател.“ Пријателот е нешто што е наречено опкружување, подоцна група - кога луѓето се заедно и сакаат да се поврзат. Ова може да се случи преку еднаквост на форма, со грижа на сите кон другите. Со тоа, тие се соединуваат и стануваат едно. Затоа, кога опкружувањето е воспоставено за да станат една група, гледаме дека при создавање на такво опкружување, обично се бараат луѓе кои имаат слични атрибути и погледи, кои се горе доле еднакви. Поинаку, тие не би ги примиле во групата која сакаат да ја формираат.

После тоа започнува работата на љубовта кон пријателите. Но доколку тие немаат еднаквост со стремежите на опкружувањето од почетокот, пред да влезат во група, не може да се очекува да приозлезе нешто од тоа поврзување. Само доколку има очигледна еднаквост помеѓу нив пред да влезат во групата, може да се рече дека тие можат да вложат труд во работата на љубов кон другите.

Помеѓу човекот и Создателот

Помеѓу човекот и Создателот редот започнува со, „направи си рав,“ а потоа, „купи си пријател.“ Со други зборови, прво, поединецот мора да верува над разумот, дека Создателот е голем, како што е запишано во Зохар (стр. 185, точка 191 во коментарот на Сулам): „Стравот е основен, и тоа значи дека човекот треба да се плаши од неговиот Господар, бидејќи Тој е голем и сè владетел.“ До степенот до кој некој верува во големината на Создателот, кој се нарекува „Голем“ тој има сила да му даде на „купи“ , што означува да купи преку отстапување од самољубието со цел да се стекне со еднаквост на форма, која се нарекува Двекут (сплотеност) со Создателот. Ова се нарекува Хавер (пријател), некој кој е во Хибур (врска/ поврзаност) со Создателот.

Кога купуваме материјални работи, ние мораме да отстапиме пари, чест или едноставно да вложиме труд за да ги стекнеме. Слично, кога личноста сака да купи врска со Создателот, тој мора да го отстапи самољубието бидејќи поинаку не може да се стекне со еднаквосст на форма. Кога некој ќе увиди дека не е во можност да направи отстапки за да купи еднаквост во форма, тоа не е затоа што тој е роден со слаб карактер и затоа не може да го надмине неговото самољубие. Вината е во тоа што тој не работи на вербата, бидејќи до степенот на важност на неговата верба е големината на Создателот, „направи си Рав“.. и тоа е неговата моќ да направи отстапки.

Треба да се знае дека доколку некој сака да го измери неговиот степен на верба, тој може да погледа во степенот на отстапките кој може да ги прави од самољубие, и тогаш тој ќе го знае неговиот степен во работата на верба над разум. Ова се однесува на „помеѓу човекот и Создателот.“

Помеѓу човекот и неговиот пријател

За помеѓу човекот и неговиот пријател ќе започнеме со: „купи си пријател,“ а потоа „направи си Рав.“ Кога некој бара пријател тој треба прво да го испитува за да види дали вреди да се поврзе со него. Ние можеме да видиме дека во однос на пријателите имаме посебна молитва, која ја кажуваме после почетниот благослов, „Те молам“ „..чувај нè од зли луѓе и од лош пријател.’’

Ова значи дека пред некој да си најде пријател, тој мора да го испита на секој можен начин. Тогаш, тој мора да го користи разумот. Затоа не е речено „направи си пријател,“ бидејќи „правење“ се однесува над разум. Затоа, во однос на човекот и неговиот пријател, тој треба да оди со неговиот разум и да испита колку што е можно повеќе дали неговиот пријател е во ред, како што ние се молиме секој ден: Чувај нè од зли луѓе и од лош пријател.“

Кога ќе види дека е вредно да се поврзе со него, тој мора да плати со цел да се поврзе со него, што означува да направи отстапки во самољубието и за возврат да ја прими моќта на љубовта од другите. Тогаш тој може да очекува да биде награден со љубовта кон Создателот. Откако се поврзал со група луѓе кои сакаат да го достигнат степенот на љубов кон Создателот, и тој сака да ја земе од нив силата за да работи со цел да дава и да биде трогнат од нивните зборови за неопходноста од стекнувањето љубов кон Создателот, тој мора да го смета секој пријател од групата како поголем од себе.

Запишано е во книгата Матан Тора (Давање на Тора, стр.143), „Секој не може да биде импресиониран од општеството или да го земе нивното ценење на нешто освен доколку не го смета општеството како поголемо од него. Затоа секој мора да чувствува дека е најмал од сите, бидејќи оној кој е голем не може да прима од оној кој е помал од него, а уште помалку да биде импресиониран од неговите зборови. Само малиот е тој кој е импресиониран преку ценењето на големиот. Следува дека во втората фаза, кога сите мора да учат од други, постои работата: „направи си Рав за себе.“ За да биде во можноста да рече дека неговиот пријател е поголем од самиот тој, тој мора да употреби „правење,“ што преставува правење без разум, бидејќи само над разумот тој може да рече дека неговиот пријател е на повисок степен од себе. Затоа, помеѓу човекот и неговиот пријател, редот е да се започне со одржување „купи си пријател,“ а потоа „направи си Рав.“

Помеѓу човекот и секој друг

Мишна ни кажува, „направи си Рав, купи си пријател и суди му секому позитивно“ (Авот, поглавје 1). Ние објаснивме дека помеѓу човекот и неговиот пријател, редот е дека прво си купуваш пријател - купувањето со разум го објаснивме - и потоа мора да се вклучи во „направи си Рав.“  Помеѓу човекот и Создателот редот е прво „направи си Рав,“ а потоа „купи си пријател.“ Ние треба да го разбереме значењето на поговорката која се однесува на секој човек, „суди му позитивно.“ Дали е ова купување или правење? Според горенаведеното, ние треба да го протолкуваме значењето на: „Суди му секому позитивно’’ како „правење,“ а не како „купување.“

На пример, претпоставете дека има многу луѓе во собирот, и мала група помеѓу нив одлучува дека тие сакаат да се обединат во група које се вклучува во љубов кон пријателите. Да речеме дека има 100 лица во собирот, а само десет од нив сакаат да се соединат. Ние треба да испитаме зошто точно тие десет поединци одлучиле да се соединат помеѓу нив, а не со другите во заедницата. Тоа е затоа што тие увидуваат дека тие се подоблесни од останатите луѓе во собирот, или бидејќи тие се полоши од останатите и чувствуваат дека мора да преземат некое дејствие за да се искачат на скалата на Тора и страв?

Според горенаведеното, ние можеме да протолкуваме дека причината зошто тие луѓе се согласиле да се обединат во една група, која се вклучува во љубов кон пријателите е, дека секој од нив чувствува една желба која може да ги обедини сите нивни погледи, како да се прими силата на љубов кон другите. Постои еден познат принцип на нашите мудреци: „Како што нивните лица се разликуваат така се разликуваат и нивните погледи.“ Така, оние кои се согласиле да се обедината во една група разбрале дека нема голема разлика помеѓу нив, во смисла на разбирањето на неопходноста да се работи во љубов кон другите. Затоа, секој од нив ќе биде во можност да направи отстапки во корист на другите, и тие можат да се обединат околу тоа. Но остатокот од луѓето немаат разбирање од неопходноста на работата за љубов кон другите. Така, тие не можат да се поврзат со нив.

Затоа следува дека кога се вклучуваат во единство и љубов кон пријателите, секој го испитува другиот, неговиот разум и неговите атрибути, да видат дали е оспособен или вреден да се придружи  на групата во која тие дозволуваат влез. Тоа е како што се молиме: „чувај нè од зли луѓе и од лош пријател,“ во разумот. Произлегува дека тој се гордее над другите луѓе во општеството. Како е тоа дозволено? Тоа е против законот кој вели, „Раби Левитас, човек од Јавне, би рекол: „биди многу, многу, скромен“ (Авот, поглавје 4).

Раби Јехошуа Бен Парахија за тоа вели, „суди му секому позитивно“ (Авот, поглавје 1). Тоа значи дека во однос на остатокот на луѓето, ние треба да одиме над разумот, што се нарекува „правење,“ т.е. делување а не разбирање. Ова е затоа што неговиот разум му покажува дека тие не му одговараат како луѓето со кои се поврзал, и тоа е она што секој си го вели на себеси. Така, секој се горедее над другите. Советот за тоа е во: „суди му секому позитивно.“

 Ова значи дека во однос на секоја личност, т.е, во однос на останатите луѓе и општеството, тој треба да им суди позитивно и да рече дека тие навистина се дел од него самиот, и дека е негова вина што не може да ја цени големината и важноста на општеството, кои од нашите мудреци се наречени: „Секој човек.“ Така, во разумот, тој не ја гледа нивната големина, а ние рековме дека помеѓу човекот и неговите пријатели треба да има „купување,“ но тој треба да го употреби „правење,“ кое е над разум. Ова се нарекува „суди му секому позитивно.“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели