„Напушти ја твојата земја, твоите роднини и куќата на твојот татко и тргни кон земјата која јас ќе ти ја покажам.“ Тој се чуди околу ова бидејќи вообичаено не е така. Најнапред човекот ја остава куќата на таткаси а потоа племето и неговата земја. Ова е тоа што толкувачите го прашуваат. Во работата, ние треба да протолкуваме дека: „Твојата Ерец (земја)“ доаѓа од зборот Рацон (желба), како што нашите мудреци рекле за тоа: „Нека порасне трева на земјата (Ерец),“ т.е дека ѝ е мило да ја исполнува желбата на Создателот. Според тоа, „Напушти ја својата земја“ значи - својата желба. Тоа е желбата со која човекот е создаден, наречена „желба да се прима задоволство“, која се нарекува самољубие. Затоа му е кажано да го напушти самољубието.
Во однос на „твоите роднини,“ ние треба да протолкуваме дека таткото и потомокот означуваат причина и последица или дејство и ефект. Ова е затоа што потомокот доаѓа од капка во умот на таткото. Ова значи дека трудот кој некој го прави е за да прими награда. Така, трудот му носи награда. Доколку не би била наградата, тој не би направил никаков напор. Следува дека причината зошто тој ги одржува Тора и Мицвот (заповедите) е да се здобие со син, што се нарекува „награда.“
Во однос на наградата, веќе рековме дека постојат два вида на награди:1) награда наречена „овој свет’’ и 2) награда наречена „следниот свет.“ Светиот Зохар вели дека тие две работи не се сметаат за важни. Во коментарот на Сулам е објаснето: „Тоа е така бидејќи тие се изградени на основа на самољубие наречено, „желба да се прима со цел да се прима.“
Затоа, ако некој се труди во Тора и Мицвот со цел да прими награда во желбата за примање, следува дека и двете; таткото кој значи труд, и потомокот кој се создал од неговиот труд (награда) се основани на самољубие. Значи, капката во умот на таткото, која се нарекува „труд,“ била мисла за самољубие и била таму од самиот почеток на работата. Новородениот, што значи наградата која очекувал да ја добие е исто така самољубие. Нему му било кажано: „Напушти ја својата земја,“ што означува надвор од својата желба за примање. „Од твоите роднини’’ се однесува на потомокот кој настанал, „и од куќата на твојот татко,“ што означува наградата која произлегла од куќата на твојот татко, која е трудот кој се здобива со награда на самољубение. Тој треба да ги напушти сите нив.
„Кон земјата која Јас ќе ти ја покажам.“ Оваа земја значи желба за давање, бидејќи оваа земја се однесува на желбата за давање. „Земјата“ ја означува желбата за давање, значи дека тој ќе биде награден со откровението на Создателот.
„...Која јас ќе ти ја покажам’’ означува дека Создателот ќе Му се покаже нему. Ова не е случај со желбата за примање каде се ставени огранучувања и скриеност и таа станува темна и одвоена од Животот на Животите, а тоа предизвикува темнина.
Затоа, Јас не можам да ти се покажам на тебе и на твојата желба за примање, туку само на желбата за давање. Ова се нарекува „еднаквост на форма,“ и тогаш ограничувањето и скриеноста се тргнуваат, и Создателот се појавува пред човека.
„Јас ќе ти создадам голема нација.“ Во Мидраш Раба (поглавје 39), запишано е: „Раби Леви рекол: „Кога Аврам патриархот чекорел низ Арам - Нахораим (Месопотамија) и кога видел како несовесно јадат и пијат, тој рекол: „Јас не сакам да имам ништо во оваа земја“. Кога стигнал во Сулам Цор и видел како тие се вклучуваат во плевењето додека плевеле, и во чистењето додека чистеле, што значи дека сите нивни мисли биле за човековата работа и дека нивната цел била нивната работа да биде правилна. Т.е. Келим (садови), каде треба да биде сместено изобилието, да бидат правилни. Тие не им обрнувале внимание на плодовите, наградата. Туку, тие го набљудувале редот на работата, како што вели: „Да се плеви додека се плеви и да се чисти додека се чисти.’’
Тогаш тој вели: „Јас сакам да имам многу во оваа земја,“ што значи желбата, која се однесува на работата да биде правилна, додека наградата, која е плодот, не е нивна работа. За тоа е напишано: „Тајните работи му припагаат на Господ, Бог,“ што значи дека наградата е работа на Создателот. Ние не треба да ја земаме во обзир наградата туку содржината со која сме биле наградени без да имаме никаков допир со оваа работа под никакви услови. Ова за него е голема привилегија. Единственото нешто што ни е откриено на нас е дејствието.
Сега можеме да го толкуваме, „и јас ќе ти создадам голема нација.“ Голема се однесува точно на делото. Големина, за тие кои работат, се само дела кои се над разумот. Тие му препишуваат важност само на тоа. Но тие не ја земаат во обзир Светлината која ја примаат за време на нивната работа бидејќи Светлинита е дело од „тајните работи кои му припаѓаат на Господ, нашиот Бог.“ Тоа е дело на Создателот и Тој прави што Тој сака.
Тие не побарале да им даде бидејќи тоа не е нивната цел. Тие имаат само една цел - да му дадат задоволство на Создателот без никаква награда, бидејќи целата награда е привилегијата - тие да Му служат на Кралот. Тие не прават разлика како Му служат на Кралот, дали е важно или неважно, бидејќи тие земаат во обзир како можат да Го задоволат Кралот.
На пример, нема голем број на луѓе кои доброволно прават важни работи. Тие, веднаш ги работат работите бидејќи во нив има нешто со што можат да Го задоволат Кралот, но нема многу такви. Лекцијата е за да се сфати дека нема многу луѓе кои одат во правецот на работа над разум. Сите кои сакаат да видат како можат да Го задоволат Кралот ја земаат точно оваа работа. Оваа дејствие се нарекува „издигање на Божественоста од правот.“ Ова, исто така, се нарекува и „Божественост во прогонство,“ и оваа е единствената работа која ја сакаат. Но, во однос на работа со цел да се прими Светлина и изобилие од Вишото постојат многу доброволци за тоа.
Сега можеме да протолкуваме што рекле нашите мудреци (Шабат, 127), Рав Јахуда рекол: „Гостопримливоста е поголема од примање на ликот на Божественоста,“ како што е запишано: „И рекол, Мој Господе ако сега ме гледаш благонаклоно, Те молам не го одминувај Твојот слуга.“ Рашби толкува: „Не ме одминувај“ означува дека тој го оставил и заминал да ги пречека гостите.“ Можеме да речеме дека ја водел оваа работа според тоа што му кажал Создателот. „И јас ќе ти создадам голема нација,“ што значи дека важната работа е делото, а не Светлината.
Ова значи дека суштината на нивната работа е во љубовта кон другите и тие немаат однос кон себеси. Ова е заради фактот дека примањето на ликот на Божественоста дава поглемо задоволство на телото отколку да се работи со љубов кон другите.
Затоа овде, еднаш кога Создателот му кажал, „и јас ќе ти направам голема нација,“ твојата големина ќе биде точно во тоа, во делата, и затоа овде тој има место каде што тој може да се покаже. Со други зборови тој ќе биде сигурен дека тој не посакува корист. Иако е голема користа да се биде награден со Божественоста, тој сепак го одбира делото, што значи тој нема цел кон никаква награда за неговата работа, туку најважната работа е самата работа. Тука, тој наоѓа место на контрола, бидејќи сигурно е голема работа да се откаже од награда и да ја прими работата за возврат.
Луѓето вложуваат труд за да се здобијат со награда. Но тој го прави спротивното, тој ја дава награта за да може да ја прими работата. Тој сето ова го прави според тоа што му го кажал Создателот,„и ја ќе ти направам голема нација,“ што значи дека првичната големина е делото.