Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Но колку повеќе им нанесуваа штета, Статија бр.16, 1984-85

Запишано е: „Но колку им нанесуваа штета, толку повеќе тие се множеа и се ширеа, за да бидат во страв од синовите на Израел“ (Прогонот 1:12). Значењето на зборовите: „но колку повеќе им нанесуваа штета“ е во тоа дека тие ќе се множат и шират до истиот степен до кој ги потиснуваат. Условот е дека не може да има множење и ширење во работата пред да има спознание како основа на нанесување штета. Но за да се разбере горенаведеното, ние мораме да го запознаеме нашето тежнеење, што значи, што е нашата суштина. Како што е запишано во воведот, тоа е само нашата желба за примање. Секако, кога желбата за примање ја исполнува желбата, исполнувањето не се смета за работа, бидејќи работа значи она за што е награден.

Со други зборови, работата е дејствие кое човекот би го одбегнал, и тој го изведува бидејќи нема избор, бидејќи сака да прими некоја награда. Награда се смета она кон што копнее, и неговата единствена желба е таа работа. Копнеењето значи дека таа работа го допрела толку длабоко што вели: „Јас подобро би умрел отколку да живеам и да не можам да го добијам духовното.“ Следува дека ако тој нема потиснување, болка и го нема она кон што копнее, тоа не се смета за копнеж. Неговиот копнеж се мери според степенот на страдање.

Затоа следува дека доколку некој сака да прими некакво задоволство, прво мора да постои недостаток. Ова е затоа што нема Светлина без Кли (сад), и никој не може да го наполни со ништо доколку прво нема недостаток. На пример, некој не може да јаде без апетит или да ужива во одмор без замор. Така, некој може да не страда бидејќи Египќаните во неговото тело му нанесуваат штета, освен доколку тој не сака да не ги послуша нив, и сака да оди на патот, за да ги оттргне. Коренот на примањето во човекот се нарекува „самољубие,“ и ова се нарекува „Египет.“ Постојат многу нации, кои воглавно се нарекуваат „седумдесетте нации.“ Тие се спротивни од Кедуша (светоста), кои се седумте Сфирот, каде што секоја Сефира (еднина од Сфирот) се состои од десет и оттаму бројот на седумдесетте нации. Исто така, секоја нација има своја уникатна желба.

Клипа (школка, лушпа) на Египет е општа Клипа. Таму паднале искрите на Кедуша, кои треба да ги поправат луѓето од Израел, оние кои биле во Египет. Така, прво мора да постои болка и потиснување и да не се биде во можност да се излезе од нивното водство, како што е запишано: „И децата од Израел воздивнаа заради нивниот труд, и тие плачеа, и нивниот плач стигна до Господ, заради нивната работа. И Господ ги слушна нивните лелекања.“

Ќе направиме појаснување на зборовите „заради работата“ кои се два пати напишани. Треба да објасниме дека сите воздишки биле од работата, што значи дека тие не можеле да работат за Создателот. Нивното страдање било од неможноста да работат за Создателот, заради Клипа на Египат. Затоа два пати е запишано, „заради работата.“

1.) Сите воздишки не биле затоа што им недостасувало било што. Тие не посакувале никакви луксузи или пари. На нив им недостасувала само можноста да направат ништо за Создателот и поради тоа чувствувале болка и страдање. Со други зборови, тие страдале по желбата да му дадат задоволство на Создателот, а не на самите себеси, но не можеле, и тоа им ненесувало болка. Ова се нарекува: „да се сака да се има зафат во духовноста.“

2.) Второто „заради работата’’ ни кажува дека, „и нивниот плач стигна до Господ,“ дека Господ го слушнал нивното лелекање, кое било заради тоа што тие барале работа. Ова се однесува на другиот дел „заради работата.“ Произлегува дека целото прогонство кое го чувствуваат било само затоа што тие биле под владеењето на Клипа на Египет и тие не можеле да направат ништо за да биде со цел да се дава.

Во Зохар е запишано, (Прогонство, точка 381 во коментарот на Сулам): „Раби Јехуда рекол, „дојди и види дека тоа е така, како што Раби Јехошуа од Сакнин рекол, „сè додека на нивниот управник му било дадена доминација над Израел, плачот на Израел не бил слушнат. Кога нивниот управник паднал, пишува: „кралот на Египет умрел“, „и децата од Израел воздивнаа заради работата, и тие плачеле, а нивниот плач стигнал до Господ заради нивната работа.“ Но сè до тогаш тие не добиле одговор на нивниот плач.“

Заради оваа причина, ние можеме да речеме, доколку не е времето на симнување од тронот на управителот на Египет, нема простор за избор, за тие да се покајат и да бидат во можност да бидат искупени од прогонството. Тој во Прогонот, точка 380 во коментарот на Сулам, вели: „во тие бројни денови.“ „Бројни“ се однесува на престојот на Израел во Египет, т.е, дека дошол крајот. И бидејќи прогонството било завршено, зошто вели „кралот на Египет умрел?“ Што значи тоа? Тоа значи дека управителот на Египет бил симнат од неговиот статус и му опаднала гордоста. Затоа писанијата за него велат: „Кралот на Египет умрел,“ бидејќи паѓањето на гордоста значи умирање. И кога кралот на Египет - кој бил нивен владетел - паднал, „Создателот се присетил на Израел и го слушнал нивниот плач.“

Зохар го поставува прашањето за стихот, „во твојата неволја, кога сите овие работи доаѓаат крај тебе“ (Деутерономија 4). Ова значи дека пред сè да се случи, невозможно е да се достигне совршенство. Произлегува дека ни е дадено прогонство, за сите работи кои ќе ги поминеме да можат да бидат искусени како страдање. Ова не се мери со време или честоста на нанесување штета, туку според големината на чувството (види во Зохар).

Ова можеме да го разбереме преку алегорија. Доколку некој човек направи еден килограм работа, а тоа е 1000 грама на страдање, за тоа доаѓа награда, како што рекле нашите мудреци, „наградата одговара на болката.“ Ова значи дека трудот кој некој го вложува пред да ја добие наградата е бидејќи нема Светлина без Кли, бидејќи нема исполнување без недостаток. Трудот кој некој го вложува е оспособување за примање на потребата, за потоа да може да го прими исполнувањето во неа.

Да речеме дека некоја личност може веднаш да даде 1000 грама на недостаток, кои се односите во квалитетот и кванитетот. Човекот може да вложува труд 10 минути на ден, што значи да жали за неговата оддалеченост од Создателот. Или може да жали за неговата оддалеченост од Создателот 10 минути неделно, или 10 минути месечно итн. Важен е и квалитетот на страдањето, кога си споменува дека е далеку од Создателот. Иако тоа го боли, сепак тоа не е толку ужасно, затоа што има работи кои го болат повеќе, работи за кои копнее.

Произлегува дека човекот треба да се согледува и во квалитет. Така, тој мора да го искуси целиот процес на работа и чувствување болка до крај, сè додека не дојде до состојбата: „и ти ќе се вратиш кај Господ твојот Бог и ќе го слушнеш Неговиот глас.“ Така, човекот има избор да го скрати времето во процесот на нанесување штета заради продолженото време, кое се нарекува „квантитет“ и да додаде во квалитет, што е чувствувањето на страдањето од тоа што е оддалечен од Создателот.

Но ние треба да знаеме дека има голема разлика помеѓу квантитет и квалитет во начинот на работа. Кога го земаме во обзир квалитетот на времето, човекот може да си го подреди распоредот, што значи времето кое си го посветува себеси, дури и со принуда. Ова значи дека иако телото не сака да седи цело време додека има лекција на која тој е посветен, што значи дека тој мора да седи неколку минути или часа и да жали што е оддалечен од Создателот. Доколку има силна желба и не е со слаб карактер, тој може да седи и го одржува распоредот кој си го подготвил, бидејќи ова е дејствие, а тие човекот може да ги прави со принуда.

Но со квалитетот, ова е многу тешко бидејќи човекот не може да се присили да се чувствува поинаку откако што навистина се чувствува. Произлегува дека доколку си ги преиспита неговите чувства, колку болка и страдање тој искусува заради тоа што е оддалечен од Создателот, тој понекогаш доаѓа до состојба да не му е грижа. Тогаш тој не знае што да прави, бидејќи не може да го промени она што го чувствува, и тогаш е збунет. Ова предизвикува продолжување на прогонството бидејќи е тешко да го дадеме потребниот квантитет, а уште потешко квалитетот. Кога започнува да го разгледува квалитетот на недостатокот, тој увидува дека не чувствува болка, дека е навидум нечувствителен. Оддалеченоста од Создателот значи да се нема живот, и него не го боли тоа што нема живот. Тогаш тој нема друг избор освен да му се моли на Создателот за да му даде некаков живот, да може да почувствува дека е тешко болен и треба да ја излечи душата.

Понекогаш поединецот доаѓа до таква состојба и е во такво паѓање што нема ни сила да се моли. Тогаш, тој е во состојба на целосна рамнодушност. Ова се нарекува „да се биде во состојба на мртва природа,“ што значи дека тој е целосно неподвижен.

Во таа состојба, само групата може да му помогне. Но, доколку тој дојде помеѓу пријатели и не ги критикува на секаков начин, ги проверува дали и тие истотака ги имаат истите пречки и мисли дали ги надминале, или тие немаат интерес во внатрешно увидување и затоа тие се вклучуваат во Тора и Мицвот. Како може тој да биде како нив?

Тогаш тој не може да прими никаква помош од групата бидејќи тој со нив нема Двекут (сплотеност), бидејќи тие се „премали за да му бидат пријатели“. Така, природно, тој воопшто не прима влијание од нив. Но ако тој дојде помеѓу пријателите, но не со дигната глава, тогаш тој е мудар, бидејќи со задоволство ја отфрла неговата гордост, следејќи го правилото, „сиромаштијата го следи сиромавиот.“ Не само што не е во состојба на опаѓање и не чувствува потреба за духовност, тој исто така прима и мисли на гордост, што значи дека тој е помудар од целата негова околина.

Сега да се навратиме на првото прашање кое се однесува на тоа што вели Зохар, „и бидејќи нивното прогонство е завршено,“ „кралот на Египет е мртов.“ Бидејќи симнувањето од тронот  се смета како смрт. И бидејќи кралот на Египет - кој е нивен владетел - паднал, Создателот се сетил на Израел и ги слушнал нивните молитви. Произлегува дека има предуслов според кој ниедна молитва нема да помогне пред да е време. Така, нема ништо што може да се направи бидејќи Создателот нема да ги слушне нивните молитви.

Со горенаведените зборови ние можеме да ги разбереме работите такви какви што се. Ова е истата работа што нашите мудреци ја рекле за стихот, „Јас Господ ќе ја забразам кога ќе ѝ дојде време.“ Доколку се наградени, „јас ќе ја забрзам.“ Доколку не се наградени, „Кога ќе дојде време.“ Со други зборови, кога ќе дојде времето, ќе дојде и пробудување од Создателот, и преку него, Израел ќе се покае. Произлегува дека изборот се однесува на време, како што вели во „Вовед со книгата Зохар“ (точка 16)

Од горенаведоното следува дека поединецот не треба да го зема во обзир времето на искупување. Запишано е дека пред тоа, нивната милитва не е прифатена, бидејќи ова се однесува на времето на квалитет и квантитет на страдање, дека постои одредено време во кое страдањето ќе биде завршено. Но, ние можеме да го скратиме времето, што значи дека целиот квалитет и квантитет на страдањето може да биде скратено на начин со кој целото страдање ќе дојде за кратко време, но таму ќе се појави целото страдање.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели