За тоа постојат многу заслуги:
Тоа го избавува поединецот од самољубие и го насочува кон љубов кон другите. Тоа е како што рекол Раби Акива: „Сакај го ближниот како себеси е најголемото правило во Тора,“ бидејќи од таа состојба човекот може да дојде до љубов кон Создателот.
Но, ние треба да знаеме дека љубовта кон другите или работа за корист на другите не е целта на создавањето, какво што е секуларното разбирање. Светот не е направен за некој да му прави услуги на другиот. Туку, светот е создаден за секој еден да го прими задоволството за себе. Велејќи дека ние треба да работиме за да им користиме на другите е само поправката на создавањето, но не целта на создавањето. Поправката е за да не постои срамот, па така постои поправка за давање, која е единствениот начин за суштествата да го примат целото задоволство за себе, без бремето на срамот. Во тој однос, ние треба да го протолкуваме она што Зохар го вели за стихот: „но гревот е прекор за сите луѓе, сето добро што го прават, го прават за себеси.“ Ние можеме да протолкуваме: „сето добро,“ го означува чинот на милост кој го прават. Во однос на нивната намера, која е „за нив“ сепак означува за себеси. Ова значи според нивното разбирање, а не затоа што ни е дадена да ја одржуваме заповедта. „Сакај го ближниот како себеси“ ни е дадена како заповед од Создателот, кој го создал светот, со цел да прави добро на Неговите суштества. Мицвот (заповедите) кои ни биле дадени се само за да ги прочистат луѓето, со што тие ќе достигнат Двекут (сплотеност) со Создателот, кој ќе им помогне да примат задоволство, и тие ќе останат во Двекут со Создателот.
Со соединување на пријателите во едно, тие примаат сила за да ја ценат смислата на нивната работа - да се достигне Лишма (за Нејзино име). Маимонид рекол: „Жените, децата и обичните луѓе се подучуваат да работат од страв и да примаат награда сè додека не се стекнат со знаење и многу мудрост. И тогаш тие ја учат тајната малку по малку.“ Бидејќи ние мораме да чекаме „додека тие не се здобијат со многу мудрост“ за да им кажеме дека тие треба да работата во Лишма. Голем број природно остануваат во Ло Лишма (не за Нејзино име), и бидејќи малцинството природно се поништува пред мнозинството, кога пријателите сакаат да чекорат по патот кој води до Лишма, да избегнат поништување пред заедницата, пријателите се обединуваат и секој еден е посветен кон другите. Целта е да се достигне љубовта кон Создателот, која е и смислата. Преку љубовта кон другите, ќе се достигне љубовта кон Создателот, како што е запишано: „и ти ќе го сакаш Господ, твојот Бог, со целото свое срце и со целата своја душа.“
Следува дека тоа се извршува со сплотување во една група. Но, иако групата е мала, тие веќе се сметаат како мнозинство, и ова мнозинство не е поробено од мнозинството во општеството. Така, тие можат да работата со љубов кон пријателите, со цел да достигнат љубов кон Создателот. Иако заповедта да го сакаш твојот пријател како себеси се однесува на целиот Израел, сепак целиот Израел не чекори на патото кој од љубов кон другите води до љубов кон Создателот. Постои и правилото дека кога луѓето се соединуваат тие ги присвојуваат погледите на другите, и работата околу Лишма - суштествената цел на Тора и Мицвот – сепак сè уште не е во човековото срце. Тоа значи дека главната намера е: преку одржување на Тора и Мицвот тие да може да се стекнат со Лишма. Така, преку поврзување со други, погледите на другите го будат неговиот поглед на Лишма. Заради таа причина, подобро е да се служи и да се поврзува со такви луѓе кои ја разбираат работата на „сакај го ближниот како себеси“ и тоа е само средство за да се стекне со љубовта кон Создателот, а не за себеси, туку дека целата негова насоченост е да му користи на Создателот. Така, поединецот треба да биде внимателен во поврзувањето и да знае со кого се поврзува. Ова е користа во љубовта на пријателите во посебна група, каде што сите имаат една цел, стекнување на љубовта кон Создателот.
Но кога се поврзумае со обичните луѓе, иако тие се вклучуваат во Тора и Мицвот, тие не се на патот кон стекнување на целата за давање кон Создателот, бидејќи тие стремат со цел да примаат, наречено Ло Лишма. Така, доколку некој се обедини со нив, тој ќе ги присвои нивните погледи, и потоа тие ќе речат дека е подобро да не се чекори по патот кон стекнување на Лишма, бидејќи Лишма е потешко од Ло Лишма, бидејќи Лишма е против природата. Заради таа причина, поединецот треба да биде внимателен да не се поврзе со луѓе кои не се стекнале со знаење и сè уште не дознале дека суштината на работата за Создателот е да се работи за корист на Создателот, а не да има корист за себеси.
Но работата на „сакај го ближниот како себеси“ се однесува на целиот Израел. Сепак на нам ни е кажано со кого да се поврземе. Пред човекот да биде награден со излегување од самољубие тој секогаш чувствува дека тоа е тешко. Ова е затоа што телото се противи, и доколку тој е во околина на група на луѓе кои се обединети во еден поглед, кои во обзир ја земаат целта а не работата, тогаш неговата цел нема да се разбуди во него.
Ако човекот не е секогаш со пријателите, многу е тешко да се насочи кон целта за давање. Нему му е потребна небесна милост да не стане слаб во умот, со кој предходно осознал дека е подобро да работи и чекори на патот со работата на давање. Наеднаш тој добива мисли дека е подобро да ја следи толпата, дека не треба да биде исклучок, иако некое време бил соединет со пријатели кои мислат поинаку. Тоа е како што рековме погоре: додека тој не е поврзан со малата група, тој веднаш се предава на заедницата на масите и ги прима нивните погледи. Тогаш тој гледа дека е доволно да се одржува Тора и Мицвот, да ги одржуваме заповедите на Кралот, кој ни заповедал преку Мојсеј и мудреците кои следеле после него. Тие се задоволуваат со тоа дека ќе добијат награда, и веруваат во нашите мудреци кои рекле: „Верувај дека твојот земјопоседник ќе ти плати за работата.“
Така, сега човекот станал попаметен од колку што бил кога бил соединета со групата, кога тој разбрал дека поедиенцот едноставно треба да работи за Создателот, а не за негово добро, и дека поединецот треба да излезе од самољубие и да биде награден со Двекут со Создателот. Иако тој видел дека тоа е тешко, да се излезе од самољубие, тој сепак сфатил дека ова е вистинскиот пат, што значи дека човекот треба да работи во Лишма. Но кога е одделен од групата, тој веднаш потпаѓа под влијание на погледите на мнозинството, кое е мнозинство во светот. Со други зборови, мнозинството од Израел сè уште не дошло до тоа што Маимонид го рекол: „Додека не се здобијат со многу мудрост, не им се кажува тајната,“ која е неопходна за да се работи во Лишма.
Кога тој човек ќе влезе во група, која работи да се достигне Лишма, се поставува прашањето, „како таква личноста завршила во такво место?“ Ние мораме да веруваме дека тоа дошло од Вишото. Последователно, ние треба да разбереме зошто потоа тој се оддалечува од групата. Ние треба да речеме, како што рекол Баал ХаСулам, дека кога човекот започнува да чекори по патото на Лишма - оваа цел со сигурност доаѓа кај човека на кој му е дадено будење за чекорење по патото на вистината. Но потоа, заради некоја причина, тој е несвесно тргнува кон обичниот пат на мнозинството. Така прашува: „Зошто не му е дадено уште едно будење од Вишото?’’
Во врска со тоа е алегоријата. Тоа е слично со човек кој учи да плива во река. На пола река, тој се изморува, и некој кој плива до него го подбутнува да започне да плива сам. Човекот кој се обидува да го спаси неколку пати го подбутнува, но ако тој види дека другиот не учествува, тој го остава и заминува. Само кога тој гледа дека кога со подбутнување, човекот започнува да плива сам, тој продолжува да го подбутнува, секој пат, сè додека е надвор од опасност.
Исто е со работата. Човекот добива будење од Вишото да дојде до место каде што луѓето работат со цел да се стекнат со можност да даваат задоволство на Создателот. На човека му се даваат неколку будења, но ако не вложи труд да ги достигне, тој наоѓа оправданија и бега од работата.
Затоа, поединецот треба да се припои кон групата. Бидејќи тие се обединети, тие се сметаат како заедница. Постои посебна моќ во сплотеноста на пријателите. Бидејќи погледите и мислите поминуваат од еден кон друг преку нивната сплотеност, секој е вмешан во моќта на другите, и со тоа секој поединец во групата ја има моќта на целата група. Заради таа причина, иако секој човек е поединец, тој ја содржи моќта на целата група.