Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Потреба од љубов кон пријателите, Статија бр.2 1984

1. Зошто ги избрав овие пријатели поточно?
2. Зошто овие пријатели ме избраа мене?
3. Зар не е неопходно секој да ја открие својата љубов за неговите соработници или е доволно што тој го чувствува тоа во своето срце, сакајќи ги неговите другари приватно и не откривајќи ги скриените случувања на неговото срце. Добро е познато дека скромноста е голема доблест.

Можеби ние би требало да го кажеме спротивното, дека тој мора да ја открие љубовта кон неговите пријатели, на нив, поради причина што ова откривање ќе разбуди во неговиот пријател исто така љубов кон другите од групата. Тој ќе стане свесен за братската љубов, која што ја обвива целата група. Ова резултира со понатамошно зголемување на љубовта, внатре во групата, поради вклучувањето на целата динамика на групата,љубов во секој поединец. Наместо да биде ограничен само на сопствената моќ, ако тој има да кажеме десет пријатели, тој ќе има десет моќи вклучени во него, од кои сите ќе придонесуваат за задоволување на потребата за љубов на пријателите.

Од друга страна, ако љубовта на пријателите остане затаена, тогаш таа единка ќе има недостаток од моќта на групата. Ќе биде многу тешко да се воздигнуваат доблестите на неговите пријатели. Секој од нив ќе мисли за себеси дека тој е праведниот; дека тој е единствениот преокупиран со љубов на неговиот другар.Токму затоа тој ќе има само мала моќ да работи во љубов за неговите пријатели. Затоа, љубовта на пријателите мора да биде во откриена форма, а не притаена во срцето на секого. Но човек мора постојано да се потсетува себеси за целта на групата. Во спротивно физичкото тело ќе ги помеша предметите и целите. Телото има свој сопствен распоред, негов сопствен интерес.

Мора да биде запаметено дека групата постои за да се дојде до љубовта кон другарот, што е одскочна даска до љубовта кон Создателот.

Сите овие поволности се случуваат само кога мотивите на личноста, да биде дел од групата, се останатите да имаат корист, без тој самиот да има нешто. Меѓутоа ако неговите мотиви за учество во групата се да ги добие сите видови на помош, (поклони или услуги), тогаш физичкото тело ќе се радува, затоа што таквото здружување ќе биде основано на себељубение, кое што ги стимулира сетилата на алчност и похотност. Телото ќе ги види своите шанси за зголемување на голем профит. Тоа ќе ја види помошта од пријателите како можност за материјално собирање.

Мора да биде запаметено дека ова здружување е основано за љубовта кон другиот. Секој поединец мора да ја прифати љубовта кон другите и омразата кон себичноста. Кога секој ќе го види неговиот пријател како настојува да ја надвладее себичноста и да ја зголеми љубовта кон неговите другари, тој ќе биде вклучен во намерите на пријателите. Ако групата има, да кажеме, десет членови, тогаш секој ќе има десет моќи со кои ќе го надвледаее егоизмот и неговите пропратни омрази. Во спротивно секој ќе биде оставен само со неговата сопствена моќ. Ако тој не ги заблежува нив како даваат љубов, бидејќи сите тие ја прикриваат нивната љубов, другите членови на групата ќе го предизвикаат него да ја изгуби дури и својата сопствена моќ да дава братска љубов. Тој ќе научи од нивното прикривање на љубовта да ја прикрива сопствената љубов и ќе падне во самољубие.

4. Дали секој треба да знае што му недостасува на неговиот пријател со цел да го исполни тој недостаток или е доволно да се работи генерално кон братската љубов?

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели