Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Програмата на Собирот, Статија бр. 18, 1984 (дел 2)

На почетокот на собирот треба да има програма. Секој треба да говори за важноста на групата колку што е можно повеќе, опишувајќи ја заработката која групата ќе му ја даде на секого и важните работи за кои се надева дека ќе му ги донесе групата, кои тој не може да ги достигне сам и како според тоа тој ја цени групата. Како што запишале нашите мудреци (Берахот 32), Раби Шамали рекол: „Поединецот секогаш треба да го слави Создателот, а потоа да се моли.“ Од каде доаѓа тоа? Од Мојсеј, како што е запишано: „И јас тогаш го замолив Бога.“ Исто така е запишано: „О Господе Боже, Ти започна,“ и : „Дај ми јас да завршам, јас Ти се молам, и да ја видам добрата земја.’’

Причината зошто треба да започнеме со молење на Создателот е дека има два услови кога еден бара нешто од друг:

1.) Тој да го има она што го барам од Него, како богатство, моќ и углед на богат.

2.) Да има добро срце, што значи желба да прави добро кон другите.

Од таква личност може да побараш услуга. Затоа рекле: „Човекот секогаш треба да го слави Создателот, а потоа да се моли.“ Ова значи дека откако некој ќе се увери во големината на Создателот; дека Тој има секакви задоволства да му даде на суштеството и Тој сака да прави добро, тогаш тој може да каже дека му се моли на Создателот, кој сигурно ќе му помогне, бидеќи Тој сака да дава. Тогаш Создателот може да му го даде тоа што го сака. Тогаш, исто така, молитвата може да биде со самодоверба дека Создателот ќе му даде. Слично е и со љубовта на пријателите. На самиот почеток на собирот, кога се собираат, ние треба да ги славиме пријателите, важноста на секој од пријателите. До степенот до кој некој ја претпоставува големината на групата, тој може да ја цени групата.

„И тогаш моли се,“  што значи дека секој треба да се испита себеси и да види колку труд вложува во групата. Тогаш, кога тие гледаат дека ти си немоќен да направиш било што за групата, има место за молитва кон Создателот за да му помогне, да му даде сила и желба да се вклучи во љубов кон другите. Потоа, секој треба да се однесува исто како последните три од „Просветлената Молитва.“

Со други зборови, откако се помолил пред Создателот, Светиот Зохар вели дека во последните три од “Просветлената Молитва,“ поединецот треба да мисли дека Создателот веќе му ја исполнил желбата, но тој се одделил.

Во љубовта кон пријателите треба да се однесуваме исто така: откако ќе се испитаме себеси и го следиме познатиот совет за молитва, ние треба да мислиме како нашата молитва да била веќе прифатена и да се радуваме со пријателите, како сите пријатели да се едно тело. Како што телото сака сите негови органи да уживаат, ние исто така сакаме нашите пријатели сега да уживаат. Така, после сите пресметки доаѓа времето на радост и љубов на пријателите. Сега сите треба да чувствуваат дека се среќни, како да направиле добар договор кој ќе им донесе многу пари. Вообичаено во такви пригоди поединецот треба да им дава пиење на пријателите. Слично и овде секој треба да има потреба неговите пријатели да пијат и јадат. Бидејќи сега тој е среќен, тој сака и неговите пријатели да се чувствуваат добро. Така, ширењето на собирот треба да биде во состојба на радост и воздигнување.

Ова го следи патот на „Време за Тора“ и  „Време за молитва.“ „Време за Тора’’ значи целовитост, кога не постојат разлики. Ова се нарекува „десно“ како што е запишано: „при Неговата десна рака имаше огнен закон.“ Но „Време за молитва’’ се нарекува „лева,“ бидејќи само на место со недостаток му треба поправка. Ова се нарекува „поправка на Келим (садовите).“ Но во состојба на Тора, наречена „десна’’ нема место за поправка, и затоа Тора се нарекува „дар.“

Вообичаено е да им давате подароци на личностите кои ги сакате. Исто така вообичаено е да не сакате некого кој е со недостатоци. Така, во „Време за Тора,“ нема место за мисли за поправка. Така, кога го напуштаме собирот, не треба да биде како во последните три од „Просветлената Молитва.“ Заради оваа причина, секој ќе чувствува целовитост.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели