Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Учење на делот „Тазриа“ од книгата Зохар

Светиот Зохар (Тазриа стр.3, и во Сулам) прашува: „Доколку жената ејакулира права, таа ќе носи машко дете“, Раби Акива вели, ова нè учи дека Создателот не се согласува со половите, без разлика дали е машко или женско, а ти велиш дали треба жената да ејакулира прва и таа ќе носи машко. Доколку е така, тогаш декретот на Создателот е грешен. Раби Јоши вели: „Секако дека Создателот разликува помеѓу половите, помегу машки или женски, и бидејќи Тој прави разлика, Тој одлучува дали ќе биде машко или женско.“

Кабалистот Ј. Ашлаг, во „Сулам,“ објаснува: „Постојат три партнери во личноста, Создателот, неговата мајка и неговиот татко, каде таткото го дава Ловен (белиот дел), а неговата мајка Одем (црвениот дел) а Создателот ја дава душата. Доколку полот е машки, Создателот дава машка душа, а доколку е женско, Создателот дава женска душа и.т.н. Оваа одлучност дека Создателот разликува помеѓу половите, кое одговара да биде душа на машка личност или на женска личност, се смета дека е степен на Создателот, бидејќи ако Тој не прави разлика не донесува одлуки во ова и не прати душа на машка личност, полот нема да биде завршно машка личност. Призлегува дека двете учења не се контрадикторни едно со друго.

Раби Ака рекол: „и таа роди девојче“ и таа роди затоа што таа ејакулира прва?! Работата не е зависна од бременоста? Требало да се рече: жена која што зачнува и носи машко итн.. Раби Јоши рекол: жената од денот кога зачнува и станува трудна, сè до денот кога се пораѓа, сè што зборува е дали нејзиното дете ќе биде машко. Неопходно е да се разберат сите горни субјекти, дали оваа информацијата во која жената прва ејакулирала итн.. ни кажува и реченото дека големината на Создателот е дека знае да разликува помеѓу половите на машка и женска личност; дали е тоа големината на Создателот, дека од ова личноста ќе добие инспирација, и со ова тој ќе прими на себе да биде слуга на Името?

Неопходно е да се разбере дека тоа што Раби Ака изјавил, „жената која зачнала и носи машко требало да биде речено“, и Раби Јоши одговара дека жената од времето од кога е плодна, а потоа е трудна, сè до денот до кој се пораѓа, таа зборува само за тоа дали нејзиниот потомок ќе биде машко; т.е дека таа е загрижена дали нејзиното дете ќе биде машко. Што ни дава оваа информација, која е тама за разговор на жената, и што ќе биде доколку ја познаваме грижата на жената за тоа дали нејзиниот потомок ќе биде машко. За да го разбереме сето ова, ние ќе го објасниме тоа што е запишано во: „Вовед во запознавањето на мудроста Кабала (стр.15 до 57) : „Бидејќи сè што било посакувано од ограничувањето кое било направено во четвртата фаза, било со цел да се поправи за во него да нема промена во форма, при неговото примање од Вишата Светлина. Со цел да се создаде духовно тело на душата до оваа четврта фаза, и со неговото вклучување во кабала, со намерата да дава духовно задоволство на неговиот Создател, силата за примање која е во четвртата фаза треба да биде променета за да биде услов на давање. На тој начин ќе ја променува формата на примање во целосно давање и тогаш ќе биде целосната поправка. Со ова четвртата фаза ќе се врати да биде сад достоен да ја прими Вишата Светлина, и ќе биде во целосно единство со Светлината без никаква дисторзија на фрома, итн..

За оваа работа неопходно е човекот во себеси да вклучи од горните аспекти (мерка за совршеноста на карактерот) кои се над четвртата фаза, со цел тој да има во него способност да прави добри дела за давање итн.. Тоа е затоа што четвртата фаза, која е суштински коренот на личноста, била целосно како вакум лишен од Светлина, и е во спортивност во форма од Вишата Светлина, која се смета за причина на поделбата и смртта. Доколку човекот е создаден од неа, тој немало да биде во можност да ги поправи своите дела, бидејќу тој би немал во себе искра за давање, итн...“Со цел да го поправи ова, постои работата на партнерство на Милоста и Осудата. Од страна на осудата светот не е во можност да биде воспоставен, како што е запишано (58): „Тој видел дека светот нема да биде оформен, т.е.. како Вишото. Во оваа работа би немало никаква можност за човекот, кој треба да биде создаден од оваа четврта фаза, да биде во можност да ги искористи делата за давање, преку кои светот ќе биде воспоставен во мерка на напуштена поправка итн.. Со помош на ова здружување во партнерство, четвртата фаза, која е Осудата, е во полна мерка и е исто така создадена да има искри на давање кои се садови на Бина и со нив духовното тело, кое произлегува од четвртата фаза. Во него е направено подготовка да ја вклучи мерката на (неосудување) давање, тогаш да биде во можност да прави добро.

Но тоа е само под услов да дава духовно задоволство на Создателот, сè додека мерката за примање во него се промени да биде целосно со цел да дава. Со овие средства е оформен светот, до посакуваната поправка од создавањето на светот.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели