Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Целта на групата (1984 - 1.1), Статија бр.1, Дел.1

Ние се собравме овде да ги поставиме темелите за градење општество за оние што сакаат да го следат патот на Баал ХаСулам. Овој пат е за оние кои сакаат да се искачат на нивото „човек“ и не сакаат да останат на ниво на „животно“, како што мудреците рекле за стихот (Јевамот, 61а): „И вие сте мое стадо, моја заедница - луѓе сте вие. И Рашби рече: „Јас сум наречени „човек “, а идолопоклониците не се нарекуваат „ луѓе “.

За да се разбере нивото „Човек", можеме да го земеме толкувањето на нашите мудреци (Брахот) од редовите на „Коелет" Заклучок – да се плаши од Создателот и Неговите заповеди да ги исполнува, затоа што во тоа е целиот човек. " Гмара прашува: што значи „целиот човек"? Рав Елиезер рекол: „Создателот рече – целиот свет е создаден само за тоа", т.е. целиот свет е создаден поради стравот пред Создателот.

Што е тоа страв пред Создателот? Зошто тој е причината за создавањето на светот? Од исказите на нашите мудреци познато ни е дека причината за создавање на светот била желбата на Создателот да ги насладува своите созданија, да им даде можност да се почувствуваат среќни. А тука, од зборовите на мудреците произлегува дека стравот пред Него е човекот.

Книгата „Матан Тора“ наведува дека причината зошто суштествата не добиваат ниту уживање, ниту радост, иако тоа било цел на создавање, лежи во разликата во квалитетите помеѓу Создателот и суштествата. Создателот е тој што дава, а суштествата се оние што примаат. Сепак, постои закон според кој гранките наликуваат на корените од кои произлегуваат. Така, како наш главен корен се јавува Создателот, а во него е желбата да дава, а човекот кога е принуден да биде тој што добива, му се испитува чувството на срам. И затоа, за да се поправи тоа, потребно било да се создаде светот.

Зборот "олам" (свет) е сроден со зборот „Hе`елам" (да биде скриен), т.е. во нашиот свет Богатството, кое било подготвено од Создателот, е скриено од нас. Поради што тоа е направено? Поради тоа што човекот почувствувал срам пред Создателот. Човекот треба да се плаши да ги користи своите желби за да добие, односно треба да се плаши да стане себичен.

Тоа значи дека човекот треба да се воздржува од добивањето на задоволството, доколку сака тоа насладување да го добие само за себе; човекот треба да ја има силата да одолее на својата страст. Човекот е обврзан да ја достигне својата состојба, кога тој го добива задоволството не поради себе, туку за да го пружи тоа насладување на Создателот.

Да се плашиш од Создателот – тоа значи да се плашиш да добиеш задоволство поради сопствена корист, а не за тоа, со тоа да Му причини задоволство. Добивањето поради свои корисни цели го оддалечуваат човекот од соединувањето со Создателот.

Затоа во тој момент, кога човекот исполнува било каква од заповедите на Создателот, тој треба да има во предвид дека таа заповед ќе доведе до појава на возвишени и чисти мисли во него, кон тоа дека тој посакува да му причинува задоволства на Создателот и со тоа, по тој пат истовремено тој ги исполнува Неговите Заповеди. Во Талмудот е напишано (Макот 27): „Рав ХаНана бен Акаш рекол: „Создателот сакал да го исчисти Израел, па затоа им ја дал Тората и Заповедите".

Затоа, ние се собравме овде за да создадеме група, во која секој од нас ќе се стреми кон давање задоволство на Создателот. Но за да се постигне тоа, ние уште на почетокот сме обврзани да научиме да даваме задоволство на пријателите, т.е. да научиме да го сакаме ближниот. Само по патот на кој се потиснува сопствената себичност, може да се исполни таа Заповед – љубов кон ближниот.

Тоа значи, дека од една страна треба да го изедначат својот однос со другите (членови на групата), а од друга страна, треба да се гордеат со тоа што Создателот ни дал можност да влеземе во таа група, во која кај сите членови имаат една иста цел – да се добие тоа, за да Шехина (божественото присуство) се наоѓа помеѓу нив.

И иако ние сè уште не сме ја достигнале таа цел, а во нас постои искрена желбата да се постигне тоа - тоа е многу важно. Без оглед на тоа, ние уште на почетокот се надеваме дека се движиме кон таа возвишена цел.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели