Прашање:Дали одржувањето на Тора и Мицвот со цел да се прими награда го прочистува срцето? Нашите мудреци рекле: „Јас ја создадов злата склоност, Јас ја создадов Тора како зачин.“ Ова значи дека го прочистува срцето. Но дали е тоа така кога некој точно се стреми кон непримање на награда, или дали го прочистува срцето и кога работи со цел за примање на награда?
Одговор: Во „Вовед во книгата Зохар“, (точка 44) е запишано: „Кога некој се вклучува во Тора и Мицвот, дури и без никаква намера, што значи без љубов и страв, како што е соодветно кога му се служи на Кралот дури и во Ло Лишма (не за нејзино име), тогаш точката во срцето на поединецот се активира и започнува да расте. Ова е затоа што Мицвот не бара намера, па така дури и дела без намера можат да ја прочистат желбата за примање, но во нејзиниот прв степен, која е наречен „мртва.“ До степенот до кој некој го прочистува мртвиот дел од желбата за примање, тој постепено гради 613 органи на точката во срцето, кои се мртвиот дел од Нефеш де Кедуша (Светост). Така, ние гледаме дека со одржување на Тора и Мицвот дури и во Ло Лишма тој го прочистува срцето.
Прашање:Дали патот за одржување на Тора и Мицвот со цел да не се биде награден е наменет за неколкумина избрани, или секој може да оди по овој пат на одржување, само со цел да не биде награден, па така сепак ќе биде награден со Двекут (сплотување) со Создателот?
Одговор:Иако желбата за примање за себеси произлегла од Мислата на Создавањето, дадена е поправка која ќе ја поправи душата и ќе започне со цел да дава, што значи одржување на Тора и Мицвот. Така ќе ја промени нашата желба за примање, да биде со цел да дава. Ова му е дадено на секого, без исклучок, бидејќи на секој му е даден овој лек, а не на неколкумина одбрани.
Но, бидејќи ова е работа на избор, некои напредуваат побрзо а некои поспоро. Но, како што е запишано во „Вовед во книгата Зохар’’ (точка 13,14), на крајот сите ќе ја достигнат нивната целосна совршеност, како што е запишано: „Не прави одметник од оној кој е протеран.“
Сепак, кога се започнува да се учи и да се одржува Тора и Мицвот, поединецот започнува во Ло Лишма. Ова е затоа што човекот е создаден со желба за примање. Така, тој не разбира ништо што не му носи корист и никогаш нема да сака да започне да одржува Тора и Мицвот.
Како што напишал Рамбам (Хилхот Тешува, поглавје 10), Мудреците рекле: „Поединецот треба секогаш да се вклучува во Тора, дури и во Ло Лишма, бидејќи од Ло Лишма доаѓа до Лишма. Така, кога се подучуваат деца, жени и јавноста, тие се подучуваат само да работат со страв и да одбиваат награда. Кога тие ќе се стекнат со знаење и мудрост, таа тајна им се открива дел по дел. Тие мирно се привикнуваат сè додека не го достигнат Него и Му служат Нему со љубов.“ Така, од зборовите на Рамбам сфаќаме дека сите ќе достигнат Лишма, но разликата е во времето.
Прашање: Доколку некој гледа и чувствува дека трасира пат кој води до Лишма, треба ли да проба да влијае врз другите за и тие да одат по правиот пат или не?
Одговор: Ова е општо прашање. Тоа е како религиозна личност да испитува световна личност. Доколку тој знае дека може да го преобрази, тогаш мора да го преобрази, заради Мицва, „Ти ќе го укориш твојот сосед.“ Во овој случај, може да се рече дека ти треба да му кажеш на твојот пријател за подобриот пат по кој може да се чекори. Давањето на твојата намера е само Мицва. Но, постојат многу случаи кога личноста го укорува другиот само со цел да доминира над него, а не со цел да „го укори соседот.“
Од горенаведеново дознаваме дека сечија желба, која другиот ќе ја третира како „патот на вистината“, создава разделби помеѓу ортодоксните и секуларните, помеѓу Литаимци (1.) и Хасидисти, и помеѓу самите Хасидисти. Ова е затоа што секој мисли дека тој е во право и секој се обидува да го натера другиот да оди по „правиот пат.“
1. Фракција од православниот Јудеизам кој започнал со Вилна Гаон (ГРА) во Вилнус, Литванија