Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што е објаснето за Сакај го ближниот како себеси, Статија бр. 7, 1984

Според тоа што е објаснето во однос на „Сакај го ближниот како себеси,“ сите детали од 612-те Мицвот се содржани во ова правило. Тоа е како што рекле нашите мудреци: „Останатото се само коментари; оди и учи.“ Ова значи дека ние ќе бидеме наградени со одржување на 612-те Мицвот преку правилото „Сакај го ближниот,“ па според тоа и со љубовта кон Бога.

Што ни дава љубовта кон пријателот? Запишано е дека со собирање на неколку пријатели заедно, бидејќи секој има мала сила на љубов кон другите, што значи дека можат да ја изведат љубовта кон другите само како потенцијал, кога тоа ќе го имплементираат, тие се сеќаваат дека одлучиле да го отстранат самољубието, во корист на љубовта кон другите. Но всушност, тој гледа дека ниту малку не може да отсрани никакво задоволство на желбата за примање, во корист на друг.

Но, со собирање на неколку луѓе кои се сложуваат дека треба да достигнат љубов кон другите, кога тие се поништуваат себеси пред другите, тие се сплотуваат. Така, во секоја личност се собира голема сила, според големината на групата. Тогаш тие можат да ја изведат љубовта кон другите како вистински факт. Така, ни се додаваат деталите од 612-те Мицвот, кои се со цел да се зачува правилото, бидејќи правилото се одржува со љубов кон пријателите.

Во реланоста гледаме дека има љубов кон пријателите и помеѓу верските свештеници. И тие исто така, се собираат во различни кругови со цел да имаат љубов кон пријателот. Што е тогаш разликата помеѓу религиозните и праведниците?

Стихот вели (Псалм1 ): „Не седи на столот на подбивникот.“ Ние мораме да ја разбереме забраната за „столот на подбивникот“ дали е заради клеветата или неактивните зборови?

Што е значењето на „столот на подбивникот“? Значењето е во тоа што кога неколку луѓе се собираат со цел љубов кон пријателите, со намерата секој еден да му помогне на неговиот пријател, ја подобрува телесната состојба. Секој очекува дека низ повеќе средби тие ќе имаат поголема корист од групата и ќе ја подобрат својата телесна состојба.

Но, после сите средби секој пресметува и гледа колку многу примил од групата за самољубие. Што добила од тоа желбата за примање? Тој вложил време и труд да користи на групата. Но, што добил тој од тоа? Тој најверојатно повеќе ќе успеел доколку се вклучел во самокорист, ќе го земел барем делот од неговите напори. Но, „јас влегов во групата бидејќи мислев дека преку неа ќе бидам во можност да стекнам повеќе, отколку сам. Но сега гледам дека не сум добил ништо.“

Тогаш тој се покајува и вели: „Ќе ми беше подобро доколку ја употребев мојата мала сила наместо да си го трошам времето со групата. Но, сега кога го дадов моето време на групата, со цел да се здобијам со повеќе особини преку помошта од групата, јас конечно разбирам дека не само што не добив ништо од неа, туку го изгубив тоа што можев да го добијам сам.“

Кога некој ќе каже дека треба да се вклучиме во љубовта кон пријателите со цел на давање и секој ќе работи во корист на другите, тогаш другите се смеат и потсмеваат. Тоа на нив им личи како некаква шега, тоа е столот на подбивникот. За ова е речено: „Но, гревот е прекор за сите луѓе, и секоја грациозност која ја прават ја прават за себеси.“ Таквата група го одделува поединецот од целовитоста. Таа го фрла во светот на потсмевот и ова ја означува забраната за столот на подбивниот.

Нашите мудреци за такви групи рекле: „Растерај ги злите; подобро за нив и подобро за светот.“ Со други зборови, подобро е тие да не постојат. Но, тоа е спротивно со праведните: „Собери ги праведните; подобро за нив и подобро за светот.“ Што е значењето на „праведен“?

Тоа се оние кои сакаат да го почитуваат правилото „Сакај го ближниот како себеси,“ чија намера е да излезе од самољубието и да заземат нова природа на љубов кон другите. Тоа е Мицва која треба да биде одржувана и поединецот да може да се присили себеси да ја почитува. Љубовта е нешто што се дава од срце, но срцето не се согласува со природата. Што може некој да стори за љубовта кон другите да го допре неговото срце?

Затоа ни биле дадени 612 Мицвот. Тие ја имаат моќта да внесат чувство во срцето. Но, бидејќи тоа е против нашата природа, тоа чувство е премногу мало за да може да ја одржува љубовта кон пријателите, дури иако има потреба за тоа. Така, сега треба да бара совет во однос на тоа како да го спроведе.

Советот за некој да биде во можност да ја зголеми неговата сила во правилото „Сакај го ближниот“ е љубов кон пријателите. Ако секој еден се поништи пред неговиот пријател и се сплоти со него тие стануваат една маса, каде што сите мали делови кои ја сакаат љубовта кон другите се соединуваат во една заедничка сила која се состои од многу делови. И кога има голема сила тој ќе може да ја изведе љубовта кон другите.

Тогаш може да ја достигне љубовта кон Бога. Но условот е секој да се поништи пред другите. Но, кога некој е одделен од неговиот пријател, тој не може да го прими делот кој треба да го прими од неговиот пријател. Така, секој треба да каже дека не е ништо во споредба со неговиот пријател.

Тоа е како со броевите. Доколку прво напишеш „1’’ а потоа „0’’ тоа е десет пати повеќе. А кога ќе напишете „00“ тоа е стопати повеќе. Со други зборови, доколку неговиот пријател е број 1, а нулата следи, следува дека тој прима од неговиот пријател 10 пати повеќе. Доколку каже дека е двојна нула во споредба со неговиот пријател, тој прима од неговиот пријател 100 пати повеќе. Но доколку е спротивно и тој вели дека неговиот пријател е нула, а тој е еден, тогаш тој е десет пати помалку од него, што значи 0,1. Ако може да каже дека тој е еден, а има двајца пријатели кои се нула во споредба со него, тогаш тој се смета за стопати помал од нив, што значи тој е помал од 0,01. Така, неговиот степен се намалува според бројот на нули кои ги има од своите пријатели .

Сепак, дури и кога некој се стекнува со силата и може да ја одржува љубовта кон другите како, згора и го чувствува своето задоволување како лошо за него, сепак, не треба да верува во себеси. Мора да постои страв да не се падне во самољубие на среде работа. Со други зборови, ако му е дадено поголемо задоволство од тоа што е навикнат да го прима, иако може да работи со цел да дава со мали задоволства, и е желен да ги отстапи, тој живее во страв од големи задоволства. Ова се нарекува „страв“ и ова е портата за примање на Светлината на вербата, наречена „инспирација на Божестевноста,“ како што е запишано во Сулам: „Според мерката на стравот е мерката на вербата.“

Така, ние мораме да запомниме дека работата „Сакај го ближниот како себеси“ треба да се одржува, бидејќи е Мицва, бидејќи Создателот наредил да се вклучиме во љубов кон другите. Раби Акива оваа Мицва ја толкува како наредба од Создателот. Тој имал намера да ја направи оваа Мицва во правило по кое сите Мицвот треба да бидат почитувани заради заповедта на Создателот и заради самозадоволување. Со други зборови, оваа Мицва не ја зголемила нашата желба за примање, што значи дека со одржување на Мицвот ние ќе бидеме великодушно наградени. Напротив, со одржување на Мицвот ние ќе ја добиеме наградата да бидеме во можност да го поништиме самољубието и да ја достигнеме љубовта кон другите, и последователно и љубовта кон Бога.

Сега можеме да разбереме што рекле нашите мудреци за стихот, „стави ги“. Тоа доаѓа од зборот „напивка.“ Ако е дадено, тоа е напивка за живот; доколку не е дадено - тоа е напивка за смрт. „Не е дадено“ значи дека нечие вклучување во Тора и Мицвот го зголемуваат самољубието, па така телото добива добивка за возврат на работата. Но кога е дадено, самољубието се поништува и личноста се стреми да прими награда која е силата за љубовта кон другите, со која ќе стигне до љубовта кон Создателот. Негова желба ќе биде да дава задоволство на Создателот.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели