Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Јас сум првиот и Јас сум последниот, Статија бр 14, 1984-85

Стихот вели: „Јас сум првиот и Јас сум последниот, и нема друг Бог освен Мене.“ Познато е дека да се работи за да се стекне со целта, која е Двекут (сплотување) со Создателот, е да се работи со цел да се дава. Мајмонидес во „Законите на посветувањето поглавје 10“) рекол: „Поединецот треба секогаш да се вклучува во Тора, дури и во Ло Лишма, бидејќи од Ло Лишма тој ќе дојде до Лишма (за Нејзино име). Затоа, кога се подучубаат младите, жените и народот, тие секогаш треба да работат од страв и да примаат награда. Кога се зголемува нивното знаење и тие се стекнуваат со мудрост ним им се открива тајната дел по дел и тие мирно се навикнуваат на тоа сè додека не Го достигнат и запознаат Него и Му служат со љубов.“

Според тие зборови, кога човекот сака да чекори на патот кон достигнување на целта, Двекут со Создателот, да се биде со цел да се дава, човекот прво мора да се стекне со недостаток, што значи да открие дека не пронаоѓа задоволство во работата во Ло Лишма.

Тогаш тој започнува да бара нов начин во работата бидејќи вклучувањето во Тора и Мицвот кои ги одржувал до сега била на основа на желба за примање, наречена Ло Лишма. Сега, тој треба да ја промени целата основа, и на таа основа тој го гради редот во животот. Ова зависи од мерката до која состојбата на Ло Лишма, која ја гледа дека не е вистинскиот пат и не му дава мир. Тој не може да мирува сè додека не излезе од таа состојба и дојде до состојбата Лишма. Но кој е тој кој го тера да почувствува дека оваа работа не е правиот пат и дека сè уште е во состојба на Ло Лишма и е далеку од Двекут со Создателот?

Тој гледа кон останатите кои одат по одреден пат и зошто тој мора да биде исклучок? Зошто нему му е тешко е кога гледа дека друѓите се понадарени и повешти од него. Тие се помириле со редот на работите кои ги примиле додека биле мали, кога учителите ги учеле да работат само во Ло Лишма, како што е запишано со зборовите на Мајмонидес. Тој гледа дека иако поделениот проблем е помал проблем, но сепак не може да ги исполни условите во состојбата Ло Лишма. Тогаш доаѓа прашањето: „Ако тој навистина е ненадарен и невешт, од каде оваа состојба на Ло Лишма, која не го остава да мирува, дошла до него? Одговорот е: „Јас сум првиот.“ Со други зборови, Создателот му го дал тој недостаток за да не биде во можност да продолжи на тој пат и да не мисли дека се стекнал со сопствена мудрост.

Создателот вели: „Јас сум првиот,“ што значи Јас ти го дадов првото поттурнување за ти да започнеш да чекориш на патот на вистината, со самото тоа што те поттикнав да почувствуваш недостаток, дека имаш недостаток во однос на вистината.“ И тогаш започнува работата, кога тој започнува да очекува состојба каде тој се одрекува од самољубието и сите негови дела ќе бидат само со цел да дава. Тогаш, тој мора да ги посвети сите негови мисли и ресурси на тоа, како во: „Таму каде што твоите раце имаат сила да делуваат, делувај.“

Откако ќе биде награден со Двекут со Создателот, тој мисли дека преку неговиот труд во Тора и Мицвот и надминување на неговото самољубие бил награден само заради неговата работа, бидејќи бил толку упорен и само тој ја имал силата да ги искористи можностите, го направил ова богатство со тоа што бил награден.

Стихот за ова вели: „и Јас сум последниот.“ Со други зборови, исто како што бев прв, давајќи ти го недостатокот, Јас сум исто така и последниот, што значи Јас ти го дадов „чувсвото“ за недостатокот. Недостатокот се нарекува „Кли“ (сад), додека чувството се нарекува „Светлина.“ И бидејќи нема Светлина без сад, ти започнуваш со правење на сад и потоа со ставање на избилието во садот. Затоа прво, Создателот ни дал сад, наречен „Јас сум првиот,“ а потоа го дава изобилието, кое се нарекува „Јас сум последниот.“ Сега можеме да ја разбереме разликата помеѓу работата која ја изведува работник во телесната работа и работник кој изведува духовна работа. Вообичаено, работникот кој не работи не добива плата, но не е казнет што не работи.

Но во духовната работа, оној кој не работи, кој не одржува Тора и Мицвот, добива казна, како што рекле нашите мудреци во Авот, поглавје 5: „Светот бил создаден со десет Искази.“ Што значи тоа? И покрај сè светот можел да биде создаден со еден исказ. Тој бил создаден со десет искази за да се одмазди на злобните и да им даде добра награда на праведните кои воспоставиле свет кој бил создаден во десет искази. Ова веќе е објаснето во предходниот есеј. Накратко, работата на  „освета на злобните“ е страдањето и маките кои злобните ги страдаат во нивниот живот. Ова значи дека кога тој погледнува во злобните во себе, што значи во неговата желба за примање, доколку увиди дека таквиот живот, во кој се прави сè за желбата за примање, не му дава задоволство, до тој степен тој ја чувствува непријатноста од таков живот. Садот и желбата за духовност која човекот ги чувствува во овој живот се заради непријатноста која го принудуваат да бара место од кое ќе прими живот. Така, казната која го измачува е затоа што чекорел по погрешни патишта, а не одмазда за тоа што не сакал да го прифати патот на Создателот, да работи со цел да дава. Напротив, тоа е помош; тој е турнат кон среќа и добрини.

Така, произлегува дека казната која ја гледа преку страдањето на злобните, тој самиот треба да го чувствува тоа страдање. Ова е значењето на тоа што е запишано во Псалм 94: „Среќен е човекот кој Ти го поправи со казна.“ Тоа значи дека страдањето кое тој го чувствува, заради избирањето на погрешниот пат, се смета како давање на сад од Создателот, како што рековме: „Јас сум првиот.“

Сепак, Тој не го дава чувството на страдањето на секој кој чекори по патот на Ло Лишма, туку само на „Оние кои Господ ги сака, Тој нив ги поправа.“ Тоа е само кога човекот започнува ја чувствува состојбата на злобен, кои се вплеткани во самољубение, и ова го турка од патот на лажното кон патот на вистината.

Произлегува дека во телесноста, кога работникот не работи, тој не прима плата, но тој не е потурнат заради тоа што не сака да работи. Но во духовноста, оној кој е неактивен во работата е казнет, како што рекле нашите мудреци, „да се одмазди на злобните.“ Но, сепак не се смета дека е казнет, туку дека е ставен на правиот пат. Ова не се смета како казна, туку како поправка.

Така, постојат два вида на поправки: 1) патот на Тора; 2) патот на страдањето. Потоа, кога веќе има Кли наречено „сад  за давање,“ таму каде што претходно имало само желба за примање, сега тој прима желба, што значи тој сака Создателот да му даде сад наречен „желба за давање.“ Кога го има Кли, садот на желбата за давање, тој е награден со среќата и задоволството кои биле во Мислата на Создавањето, која се нарекува „да прави добро на Неговите суштества.“ Ова е значењето на „и Јас сум последниот,“ што се однесува на исполнувањето. Тоа означува дека таму каде што имало предходно недостаток, тој сега го пополнува. Но, ова е само во однос на личната Промисла.

Со други зборови, кога се зема самиот себеси во обзир, човекот треба да рече дека сè зависи од самиот него, бидејќи тој може да биде награден со целта за која бил создаден само според неговата работа и труд. Ова се смета дека човекот мора да верува во награда и казна. Но во исто време, откако си ја завршил работата, тој треба да каже дека сè е во личната Промисла, како и толкувањето на „Јас сум првиот и Јас сум последниот.“ Тој мора да знае дека прашањето на достигнувањето на целта од човекот е во насочување на сите негови дела и мисли да бидат во Лишма, како што е запишано: „Секој кој се нарекува по Моето име и кој Сум го создал за Моја Слава, Јас Сум го оформил, Јас Сум го создал.“ Треба да разбереме зошто е запишано: „Секој кој се нарекува по Моето име и кој сум го создал.“ Оние кои не се „наречени по Моето име“ дали Создателот нив не Ги создал за Негова слава?

Треба да го разбереме значењето на „кој е наречен по Моето име.“ Тоа се однесува на Него, како што е запишано: „Израел Твојот народ“ или „Неговиот народ Израел,“ што значи дека се однесува на Создателот. Тогаш ние треба да бидеме во еднаквост во форма со Создателот, како што е запишано: „Како што Тој е мислостив, и ти биди мислотив.“ Тоа значи дека неговата цел е само да дава кон Создателот, дека сите негови дела се само за Негова слава, и тој нема обзир кон неговата сопствена корист. Така, „секој кој е наречен по Моето име,“ ги означува „оние кои имаат однос со Мене.“ Тоа се луѓето кои велат дека Тој создал сè само за Негова слава, а не за Негова корист. Тогаш, тој може да се поврзе со Мене и тој може да влезе во заедницата наречена „Неговиот народ Израел“ или „Израел.“ Тогаш тој може да го почувствува она што е напишано: „Го одбира Неговиот народ со љубов.“

Следува дека човекот треба да почувствува недостаток, да почувствува дека му треба Создателот да му помогне за да дојде во состојба каде сите негови дела се со цел да дава и тогаш да започне да работи во Лишма. Тогаш тој е наградуван со многу работи, како што вели Раби Меир.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели