Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Љубов кон пријателите, Статија 3. 1984

„... И странец го пронајде него како несмасно лута по полињата. „Што бараш? праша странецот. „Јас ги барам моите браќа, одговори тој (Јозеф). Можеби вие можете да ми кажете каде тие ги тераат овците?" (Вајешев Ех. 37)
Кога ние велиме „поле" мислиме на место од каде доаѓа обработување на земјата за да го одржи светот. Земјоделската работа вклучува орање, садење и жнеење. Ова е препораката на стиховите "жетварите ќе жнеат со солзи радосници", и "полето кое Господ го благословил." Кога ние велиме "лутајќи несмасно" во полињата, мислиме (според Баал ХаТурим) дека тој има неправилности во неговото разбирање на насоките (како спротивност на грешката поради надворешни причини). Тој не го знае вистинскиот пат до неговата цел. Во таа точка личноста стравува дека никогаш нема да пристигне на неговата цел.
„Што бараш?, праша странецот." Со други зборови, „Како Јас можам да ти помогнам?" „Јас ги барам моите браќа,“ одговори тој (Јозеф)." Со други зборови, со значење на блиско придружување со моите браќа, да се биде дел од групата, што покажува братска љубов, јас можам да се вратам на патеката до „куќата Господова."

Оваа патека е наречена патека на добротворност (давање), што е во спротивност на нашата егоцентрична и примачка природа. Единствениот совет што доаѓа од патеката на добротворност е љубов помеѓу пријателите, преку која секој ќе дојде да му помогне на својот другар.
„Тие веќе ја напуштија оваа област," рекол човекот.

Рашби за ова вели:„Тие веќе ја напуштија оваа област на братството," што значи, тие не сакаат да се дружат со вас. Ова на крајот предизвикало паѓање на луѓето на Израел во прогонство, во Египет.

Со цел да се воздигнеме од Египет, ние мораме да превземеме одговорност за влегување само во здруженија и групи што поседуваат братска љубов. Притоа ќе заслужиме излез од Египет и примање на Тора.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели