Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во изучувањето на Десетте Сефирот, Т. 121-130

121.) Затоа, тој вели дека доколку поедиенцот изведе една Мицва, што значи после покајнието од страв, тој е среќен бидејќи се ставил себеси и целиот свет на вагата на заслугата.“ Така не е само тој награден, преку неговото покајание од љубов, но како што вели стихот, тој е дури награден со ставање на целиот свет на вагата на заслугите.  Ова значи дека тој е награден со издигање во чудесното достигнување на Светата Тора, сè додека не открие како сите луѓе на светот на крајот ќе бидат наградени со покајание од љубов. Тогаш, тие, исто така, ќе ја откријат и ќе ја видат прекрасната Промисла, како што ја достигнал и самиот тој. И тие исто така, ќе бидат ставени на вагата на заслугите. Дури тогаш, „На земјата повеќе ќе нема гревови и злобните ќе исчезнат.“ Иако на луѓето во светот не им е дадено покајание од страв, сепак, откако поедиенцот го достигнува тоа осудување на вагата на заслугите, судено е до нив да дојде јасно и врвно достигнување. Тоа е слично на: „Ти ќе го видиш твојот свет во твојот живот,“ кое е речено за некој кој се покајува од страв. Ние рековме дека поединецот е воодушевена од тоа, исто како да го добил моментално, бидејќи „сè што треба да биде соберено веќе е собрано.“ Овде се мисли на поединецот кој го достигнува покајанието на целиот свет, исто како да им било дадено и да дошле до покајание од љубов. Секој од нив ги осудил гревовите да станат заслуги, доволно многу, да го познава Неговото спроведување со секого на светот.

 Затоа Раби Елазар, син на Раби Шимон, вели:„среќен е оној, кој се ставил себеси и целиот свет на вагата на заслугата.“  Од тука па натаму, човекот темелно го познава спроведувањето на Неговата Промисла, со секое суштество, по пат на откровение на Неговиот вистински Лик, што значи Добриот кој прави добро и на добрите и на лошите. И бидејќи го знае тоа, нему му било дадено четвртото распознавање на љубовта, имено „вечна љубов.“ Како што во стихот, Раби Елазар, Син на Раби Шимон, нè прудупредува дека дури и откако некој го ставил целиот свет на вагата на заслугата, не треба да верува во себе сè до неговиот ден за умирање. Доколку западне во еден престап, тој веднаш ќе ги загуби сите негови прекрасни достигнувања, како што е запипшано: „Еден грешник уништува многу добра.“ Ова ја објаснува разликата што ја напишал Раби Елазар, син на раби Шимон. Писанијата говорат само за второто и третото распознавање на љубовта; така, тој не споменува осудување на целиот свет. Но Раби Елазар, син на Раби Шимон, зборува за четвртото распознавање на љубов, кое не може да биде отсликано освен преку достигнување на ставање на целиот свет на вагата на заслугата. Но, ние мораме да разбереме како можеме да го достигнеме ова ставање на целиот свет на вагата на заслугата.

122.) Ние мораме да разбереме што е запишано во (Таанит 11а), „Кога мнозинството е во тага, поедиенцот не треба да вели: „јас ќе си одам дома, ќе јадам и ќе пијам, и ќе имам мир во душата.“ Ако некој го направи тоа, писанијата за него велат: „ и гледајте, среќа и пријатност, колење на  волови и овци, јадење на месо и пиење на вино - ајде да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!“ Што вели тој за тоа? И Господ на силите се откри Себеси во моите уши: ова беззаконие нема да се измени во тебе сè додека не умреш.“ Сево досега е во однос на атрибутот на среден. Но за атрибутото на злобен е запишано, „дојди, Јас ќе принесам вино, и ќе се исполниме со силен пијалак; и утре ќе биде исто како овој ден.“ Што вели за тоа? Праведните исчезнале, и ниеден човек не се лажел во срцето дека праведните се земени заради злото кое доаѓа. Наместо тоа, кога некој тагува со мнозинството, нему му е дадена удобноста на мнозинството.’’

123.) Овие зборови изгледаат целосно небитни. Тој сака да даде докази од текстот, дека човекот треба да е загрижен за мнозинството. Така, зошто ние треба да го одделиме атрибутот на среден од атрибутот на злобен? Во продолжение, која е точната разлика која ја прави во однос на антрибутот на среден и атрибутот на злобен? Зошто не вели „среден“ и „злобен“ и зошто ни требаат воопшто тие атрибути? Исто така, каде укажува дека писанијата говорат дека е беззаконие кога човекот не се оптоварува себеси со мнозинството? Во продолжение, ние не гледаме никаква казна во атрибутот на злобните, но запишано е: „Праведните исчезнале, и никој не си го лаже срцето.“ Ако грешат злобните, зошто праведните треба да бидат казнети, и зошто злобните плачат кога исчезнат праведните?

124.) Сепак, ти треба да знаеш дека сите овие атрибути: „среден“, „злобен“ и „праведен“ не се во посебни луѓе. Туку, сите три се во секој поединец во светот. Ове три атрибути се препознаваат во секого. За време на периодот на притајувањето на Ликот, дури и пред некој да се стекне со покајание од страв, тој се смета како да е со атрибутот на злобните. Потоа, ако некој се стекне со покајание од страв, тој се смета како среден. Тогаш, ако некому му е дадено покајание од љубов, кое пртставува четвртото распознавање, што значи вечна љубов, тој се смета за „целосен праведник.“ Така, тие не рекле само средни и праведни, туку атрибутот на среден и атрибутот на злобен.

125.) Ние исто така треба да запомниме дека е невозможно да се достигне горенаведениот четврто распознавање на љубовта без претходно да се достигне откровение на Ликот, што е судено да дојде во целиот свет. Тоа му дава на поедиенцот сила да го стави целиот свет на вагата на заслугата, како што рекол Раби Елазар, син на раби Шимон. Ние веќе дознавме дека работата на открвоение на Ликот ќе ја претвори секоја тага и бока, кои доаѓаат за време на притајувањето на Ликот, во прексрасни задоволства, сè додека некој не зажали што страдал толку малку. Така, ние мораме да прашаме: „Кога некој се става себеси на вагата на заслугата тој сигурно се сеќава на сета тага и болка кои ги имал за време на притаеноста на ликот.“ Затоа е возможно тие да бидат претворени во прекрасни задоволства за него, како што рековме погоре. Но кога тој го става целиот свет на вагата на заслугата, како тој може да ја знае мерката на тагата и болката кои ја имаат сите луѓе во светот, за да може да разбере како тие се осудени  на вагата на заслугата, на истиот начин, кој го објаснивме во однос на своето осудување? За да го избегнеме  недостигот на вагата на заслугата на целиот свет, тој нема друга тактика освен да е загрижен со проблемите и болките на мнозинството, исто како што е загрижен со своите проблеми и болки. Тогаш во него ќе биде спремна вагата на гревот на целиот свет, исто како и неговата вага за грев. Така, ако му е дадено да се стави себеси на скалата на заслугата, тој ќе биде во можност да го стави и целиот свет на вагата на заслугата, и да достигне состојба на „целосен праведник.“

126.) Така, ако некој не се грижи за мнозинството, тогаш дури и кога му е дадено покајание од страв, имено атрибутот на среден, писанијата за него велат: „ и гледај радост и среќа.“ Ова значи дека му бил даден благословот, „Ти ќе го видиш твојот свет во твојот живот,“ и ја гледа целата награда за неговата Мицва, која е подготвена за него во следниот свет и тој е „полн со среќа и радост.“ И тој си вели себеси, „колење на волови и овци, јадење месо и пиење вино - ајде да јадеме и пиеме, бидејќи утре ќе умреме!“ Со други зборови, тој е полн со голема радост заради неговата загарантирана награда во следниот свет. Затоа тој со радост вели: „Бидејќи утре ќе умреме,“ и јас ќе го соберам мојот следен живот во следниот свет од Целото, откако ќе умрам. Сепак, за тоа е запишано: „ и Господ на силите ми се откри Себеси во моите уши: ова беззаконие нема да биде изменето од тебе сè додека не умреш.“ Ова значи дека текстот го прекорува заради грешките кои се во негови раце. Ние дознавме дека гревовите на оној кој се покајал од страв стануваат грешки. Така, бидејќи тој не бил загрижен за јавноста и не може да се стекне со покајание од љубов, во кое време гревовите се претвараат во доблести, неопходно е дека тој во својот живот нема да се покае за грешките кои се во негови раце.. Така, како може тој да се радува во неговиот живот за следниот свет? Затоа е запишано: „Со сигурност ова беззаконие нема да биде изменето, од твоја страна, сè додека не умреш,“ што значи грешките. „Сè додека не умреш“ што значи пред да умре. Така, тој е лишен од покајание.

127.) Исто така е запишано дека ова е „атрибутот на среден“ што значи дека овој текст говори за времето кога некој се покајал од страв па натаму. Во тоа време, поединецот се смета за „среден.“ Сепак, што пишува за „атрибутот на злобен“? Со други зброви, што ќе стане со времето кога тој бил во притаеност на Ликот, кое тогаш се нарекувало „атрибут на злобен“? Ние дознавме дека покајание од страв не се го поправа нечие минато пред тој да се покае. Така, текстот  носи друг стих: „Дојди, јас ќе принесам вино, и ќе се напиеме; и утре ќе биде исто како овој ден.“ Ова значи дека тие денови и години, кои поминале во времето на притаеност на Ликот, кои тој не ги поправил, наречени „атрибут на злобниот“ тие не сакаат тој да умре, бидејќи тие немаат дел во следниот свет после смртта, бидејќи тие се атрибутот на злобниот. Затоа  во времето кога на атрибутот на среден кој е во него, му е мило и се радува, „бидејќи утре ние ќе умреме,“ и ќе биде награден со живот во следниот свет, во исто време атрибутот на злобниот во него не вели така. Тој вели, „и утре ќе биде како овој ден,“ што значи тој сака да живее и да биде среќен во овој свет засекогаш, бидејќи тој сè уште нема дел во следниот свет, бидејќи тој не го поправил, а тоа се поправа само со покајание од љубов.

128.) Запишано е. „Праведните исчезнале,“ односно атрибутот на целосно праведните, кој треба да се заслужи, сега за него е изгубен.“ Срцето никого не го лаже... праведните се земени заради злото кое доаѓа.“ Ова значи бидејќи средниот не бил загрижен за мнозинството, тој не може да се стекне со покајание од љубов, т.е, да ги преправи гревовите во доблести, и злата во прекрасни задоволства. Наместо тоа, сите грешки и зла кои некој ги искусил пред да се стекне со покајание од страв, сè уште стојат во атрибутот на злобен, кој чувстува штета од Неговата Промисла. И заради оваа штета која сè уште ја чувствуваат, тие не можат да бидат наградени со тоа да бидат целосно праведни. Писанијата велат: „срцето никого не го лаже,“ што значи дека не го сема при срце „заради злото кое доаѓа.“ Со други зборови, зарад штетата која некој сè уште ја чувствува Неговата Промисла од минатото, „праведните исчезнале,“ што значи тој го изгубил атрибутот на праведник. И тој ќе умре и замине од светот како обичен среден. Сето тоа се однесува на оној кој не е загрижен за мнозинството, бидејќи тој нема да биде во можност да ги стави сите нив на вагата на заслугата и да ја види нивната утеха. Така, тој никогаш нема да се стекне со атрибутот на праведните.

129.) Ние дознавме дека не постои поединец, кој е роден од жена, кој нема да ги искуси овие три атрибути: атрибутот на злобен; атрибутот на среден; атрибутот на праведник. Тие се нарекуваат Мидот (атрибути, степен) бидејќи тие се протегаат од Мидах (мерка-та) од достигнувањето на Неговата Промисла. Нашите мудреци рекле:„на човека му се суди според степенот со кој тој суди.“ (Сутах 8). Тие кои ја достигнуваат Неговата Промисла во притаеност на Ликот се сметаат за злобни: или нецелосно злобни од гледна точка на единечното притајување, или целосно злобни од гледна точка на двојното притајување. И бидејќи тие чувствуваат и мислат дека светот се спроведува со лошо водство, тоа е како тие да се осудиле самите себеси, бидејќи тие примаат маќи и страдања од Неговата Промисла и цел ден се чувствуваат лошо. И тие се загрижени за мнозинството со тоа што мислат дека сите луѓе во светот се набљудувани како него, со лошо водство. Така, тие кои се стекнуваат со Промислата од гледна точка на притаеност на Ликот се нарекуваат „зли“ бидејќи ова им се појавува од длабочината на нивното чувство. Тоа зависи од разбирање на срцето, и зборовите и мислите кои ја правдаат Неговата Промисла воопшто не значат ништо ако тие се во спротивност со осетот на секој орган и сетило, кои не може да ги присили да лажат. Така, тие кои се на овој степен на достигнување на Промислата, се сметаат дека се ставиле себеси и целиот свет на вагата на гревот, како што е запишано во зборовите на Раби Елазар, син на Раби Шимон. Тоа е така бидејќи тие замислуваат дека сите луѓе во светот се водени со лошо водство, што не одговара со Неговото Име, „Доброто кое прави добро на доброто и лошото.“

130.) Оние на кои им е дадено чувството на Неговата Промисла во формата на првиот степен на откровение на Ликот, наречен „покајание од страв,“ се сметаат за средни. Ова е затоа што нивните чувства се подделени во два дела, наречени „два сада на вагата.“ Сега кои тие се здобиле со откровение на ликот, по пат на „ти ќе го видиш твојот свет во твојот живот,“ во најмала рака тие се здобиле со Неговата Добра Промисла како што одговара на Неговото Име, „Добро.“ Така, тие имаат вага на заслуга. Сепак, сета тага и горките измачувања кои биле темелно вградени во нивните чвуства од сите денови и години поминати во Промислата на притаеното лице, од времето пред да бидат наградени со гореспоменатото покајание, сите тие стојат и се нарекуваат „вага на гревот.“ И бидејќи тие ги имаат овие две ваги кои стојат една спроти друга, каде вагата на гревот е пред моменталното покајание, а вагата на заслугата му гарантира од моментот на покајание па натаму, времето на покајание стои „помеѓу“ заслугата и гревот, и така тие се нарекуваат „средни.“

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели