Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во изучувањето на Десетте Сефирот, Т. 51- 60

51) Сега ние ги објаснивме двете распознавања на воспримањето на притајувањето на Промислата, кои луѓето ги чувствуваат: „прво притајување“ и „притајување во притајувањето.“ Првото притајување се однесува само на притајување на ликот, додека надворешноста за нив е откриена. Ова значи дека тие вереуваат дека Создателот им нанел штета, како казна. Иако за нив е тешко секогаш да го познаваат Создателот преку Неговата надворешна страна, која ги носи до престапи, дури и тогаш тие се сметаат за „нецелосно зли.“ Со други зборови, овие престапи се како грешки, бидејќи тие дошле до нив како резултат од насобирањето на штетата, бидејќи, тие веруват во казна и награда.

52) Притајување во притајувањето означува дека од поединецот е скриена дури и надворешноста на Создателот, бидејќи тие не веруваат во награда и казна. Овие нивни престапи се сметаат за гревови, за „целосно зло“ бидејќи тие се бунтовнички настроени и велат дека Создателот не ги набљудува своите суштества, и се вртат кон идолопоклонство, како што е запишано, „ се вртеле кон туѓи богови.“

53) Ние треба да знаеме дека целата работа околу одржувањето на Тора и Мицвот по пат на избор се однесува само на тие две гореспоменати  распознавања на притаената Промисла. Бен Ха Ха за тоа време вели (Авот, поглавје 5) : „Наградата е во сооднос со болката.“ Бидејќи Неговото Водство не е откриено, невозможно е да го видиме Него туку само прикриеноста на Ликот, одзади. Така оној кој го гледа пријателот одзади може да се посомнева и да помисли дека е некој друг. На овој начин, поединецот секогаш има избор или да ја почитува Неговата волја или да не ја почитува. Ова е така затоа што проблемите и болките кои ги чувствува, прави тој да се посомнева во реалноста на Неговото Водство над Неговите суштества, дали на привот начин, кој е со грешките, или на вториот начин, кој е со гревовите. Во секој случај, поединецот работи и е во големи болки. Писанијата за тоа време велат:  „Ако има сила во твојата рака да правиш, тоа и прави го.“ ( Проповедник 9). Никому нема да му биде дадено откровението на Ликот, целосната мерка на Неговата добрина, пред поединецот да вложи напор и да стори сè што е во негова моќ, па така наградата е во сооднос со болката.

54) Кога Создателот гледа дека некој ја исполнил мерката на вложен напор и направил сè што можел околу зајакнување на вербата кон Создателот, тогаш Создателот му помага. Тогаш, поединецот се здобива со отворена Промисла, што значи откровение на Ликот. Тогаш, тој е награден со целосно покајание, што значи дека тој повторно се припојува кон Создателот со сето свое срце, душа и моќ и природно е туркан заради достигнувањето на отворената Промисла.

55) Овие гореспоменати достигнувања и покајание до поединецот доаѓаат во два степени. Првиот е достигнување на Промислата на целосна награда и казна. Освен со стекнување на награда за секоја Мицва во следниот свет, тој е исто така е награден со достигнување на задоволствата од моменталното одржување на Мицва во овој свет. Во продолжение, освен достигнувањето на горката казна, која доаѓа од секој грев после смртта, тој исто така е награден со чувството на горкиот вкус од секој престап и додека е жив, во овој свет. Природно, на оној кому му е доделена оваа Отворена Промисла е сигурен дека нема да греши повторно, и тој е сигурен дека нема повторно да си го сече сопственото месо и да си предизвикува маки и страдања. Како додаток, поединецот е сигурен дека нема да запостави ниту една Мицва и да не ја изведе во моментот кога таа му доаѓа, исто колку што е сигурен дека нема да запостави било какво световно задоволство или голема корист која му приоѓа.

56) Сега можеш да ги разбереш зборовите на нашите мудреци, „какво е покајанието? Кога Оној кој ги знае сите тајни ќе сведочи дека тој нема да се врати на грешноста.“ Овие се навидум збунувачки зборови, бидејќи кој ќе се издигне до небото за да го слушне сведочењето на Создателот? Исто така, пред кого треба да сведочи Создателот? Нели е доволно самото тоа што Создателот знае дека поединецот се покајал и нема повторно да греши? Работите стануваат многу појасни после објаснувањето: вистината е дека поединецот не е целосно сигурен дека нема да греши пред да биде награден со Вишото достигнување на награда и казна, што значи откровение на Неговиот Лик. Ова откровение на Ликот, од гледна точка на спасението од Создателот се нарекува „сведоштво,“ бидејќи самиот  Негов спас, (достигнување на награда и казна), е сведоштвото кое гарантира дека тој нема да греши повторно. Затоа се смета дека Создателот сведочи за него. Запишано е, „какво е покајанието?“ Со други зборови, кога некој ќе биде сигурен дека му е дадено целосно покајание? За ова на човека му се дава јасен знак. Кога Оној кој што ги знае сите тајни сведочи дека тој нема да се врати назад кон грешноста.“ Ова означува дека поединецот ќе го достигне откровението на Ликот, во кое време самото нечие спасение ќе сведочи дека тој нема да се врати кон грешноста.

57) Ова гореспоменато покајание се нарекува „покајание од страв.“ Некој се враќа кон Создателот со неговите срце и душа, сè додека Оној кој ги знае сите тајни не сведочи дека тој нема да се врати кон грешноста, дека со сигурност нема да греши повторно заради достигнувањето на чувствата на ужасните казни и големите страдања кои произлегуваат од престапот. Заради тоа, таквиот поединец е сигурен дека нема да греши повторно, исто како што е сигурен дека нема да си нанесе на себе ужасни страдања. Но, на крај, ова покајание и сигурност се само заради стравот од казната која доаѓа од престапите. Произлегува дека нечие покајание е само заради стравот од казна. Заради тоа, тоа се нарекува „покајание од страв.“

58) Со ова ние ги разбираме зборовите на нашите мудреци. Оној кој е награден со покајание од страв е награден со тоа што неговите гревови ќе станат грешки. Ние мораме да разбереме како се случува тоа. Според горенаведеното (точка 52), може темелно да се рабере дека гревовите, кои некој ги прави, до него доаѓаат заради примањето на Промислата на двојното притајување, имено притајувањето во притајување. Ова значи дека поединецот не верува во Промислата на награда и казна. Првото притајување ја означува вербата во Промисла на награда и казна. Сепак, заради насобраното страдање, тој некогаш доаѓа до престапни мисли. Ова е така, иако тој верува дека страдањето до него доаѓа како казна, тој е како пријателот кој го гледа својот пријател одзади, и може да се посомнева и да го помеша со друг. Овие гревови се само грешки, бидејќи, во целина, тој верува во Промисла на награда и казна.

59) Така, кога на некој му е дадено покајание од страв, што значи јасно достигнување на награда и казна сè додека не е сигурен дека нема повторно да греши, и тогаш за него е поправено притајувањето во притајување. Ова е затоа  што сега тој очигледно гледа дека Промисла на нагрда и казна постои. Нему му е јасно дека целото страдање кое го почувствувал било казна од Неговата Промисла, заради гревовите кои ги извршил. Со ретроспектива тој направил смртна грешка, т.е. ги вкоренил овие гревови. Но, тоа не е целосно така. Тие станале гревови. Со други зборови, тоа е како престапот кој го направил во првото притајување, кога не успеал заради збунетоста која доаѓа до него и заради големите страдања кои го излудуваат. Овие се сметаат само како грешки.

60) Сепак, во ова покајание, тој воопшто не го поправил првото притајување на Ликот, кое го имал претходно, туку само оттука натаму тој се здобива со откровение на Ликот. Во минатото, пред да се стекне со покајание, притаеноста на Ликот и сите грешки отанале како што биле, без промени или било кавки поправки. Тогаш, исто така, тој верувал дека маките и страдањата доаѓале како казни, како што е запишано, „на тој ден тие ќе речат: дали овие зла доаѓаат кон нас заради тоа што Бог не е помеѓу нас?’’

                      Продолжува: 61 - 70

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели