Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во изучувањето на Десетте Сефирот, Т. 81- 90

81.) И покрај горенаведената награда на откровение на Ликот, тоа сепак не се смета за целовитост, туку само за „преод.“ Ова е местото од кое се достигнува целовитоста. Ова значи дека секоја награда за Мицва, која е подготвена за поединецот, се стекнува само преку нечија работа во Тора и добри дела, за време на притаеност на Ликот, кога тој се вклучува со „избор.“ Ова е така бидејќи поединецот со зајакнувањето на вербата во Него и одржување на Неговата желба, чувствува тага. Нечија награда се мери според болката и страдањето кое го чувствува при одржувањето на Тора и Мицва, како што е запишано: „Наградата е во сооднос со болката.“

82.) Така, секоја поединец мора да го искуси тој преоден период на притаеност на Ликот. Кога го завршува, тој е награден со откровение на Промисла, што значи откровение на Ликот. Откако е награден со откровение на Ликот, иако тој ја гледа недворешната страна, тој не може да се воздржува засекогаш да не изврши грев. Не само што тој не е во можност да одржува 613 Мицвот, бидејќи љубовта не доаѓа по пат на присила и принуда, туку луичноста не е целосна дури и кога ги одржува 612-те Мицвот, бидејќи неговиот страв не е среден како што треба. Ова е значењето дека Тора е 611 во Гематрија (секоја Гематрија преставува надворешна страна), и дека личноста не може да одржува ниту 612 Мицвот. Така „тој нема секогаш да биде задоволен.“ На крај, поединецот ќе биде награден со откровение на Ликот.

83.) Првиот степен од откровение на Промислата на награда и казна е сосема јасен. Ова доаѓа до поединецот само преку Неговиот спас, кога поединецот е наградена со отварање на очите кон Светата Тора, со чудесни достигнувања, и тогаш станува „бујна пролет“ (Авот 6). Во секоја Мицва, во светата Тора, која некој веќе ја одржал по свој избор, тој е награден со гледање на наградата од самата Мицва, која е наменета за него во следниот свет, но исто така тој е награден и со гледање на загубата со секој престап.

84.) Иако сè уште не ја примил наградата, бидејќи наградата за Мицва не е за овој свет, достигнувањето за него е сосема доволно да го чувствува големото задоволство додека изведува Мицва. Со тоа „сè што треба да биде собрано се смета за собрано.“ На пример, да земеме еден трговец кој направил договор и се стекнал со голема сума пари, иако профитот ќе дојде до него после долго време. Но доколку тој е сигурен без трошка сомнеж дека користа ќе дојде до него со тек на време, тој е среќен како парите да дошле до него моментално.

85.) Природно, ваквата Промисла сведочи дека од сега па натаму поединецот ќе се припои кон Тора и Мицвот со своето срце, душа и моќ и дека ќе се повлече од гревовите, како да бега од оган. Иако тој сè уште не е целосен праведник, бидејќи тој не се здобил со покајание од љубов, големата сплотеност со Тора, и добрите дела, му помагаат полека да биде награден со покајание од љубов, што значи вториот степен од откровението на Ликот. Тогаш тој може да ги одржува сите 613 Мицвот во целост, и така станува целосен праведник.

86.) Сега ние темелно разбираме што прашавме во однос на заклетвата, дека душата се заколнала, пред да дојде во овој свет: „дури и целиот свет да рече дека си праведник, во своите очи биди злобен.“ Ние прашуваме: „Но ако целиот свет се согласува дека тој е праведник, зошто тој самиот треба да се смета себеси за злобен? Дали тој не му верува на целиот свет?“ Ние треба да додадеме, во однос на фразата, „дури и целиот свет да рече:„Која е поврзаноста помеѓу ова и сведоштвото на целиот свет, та нели поединецот се познава подобро себеси отколку останатите? Требало да се заколне, „дури и да знаеш самиот дека си праведник.“ Сепак, најзбунувачко е дека Гемара јасно изјавува (Берахот 61) дека тој во душата треба да знае дали поединецот е праведен или не. Така, постои обврска и можност да се стане вистински целосен праведник. Поединецот треба да ја знае оваа вистина. Ако е тоа така, како душата се заколнала секогаш да биде злобна во своте очи, и никогаш да не ја знае вистината, кога нашите мудреци нè обврзале на спротивното?

87.) Зборовите се целосно прецизни. Сè додека некој не е награден со отворање на очите во Тора и чудесните достигнувања, до степен за јасно достигнување на награда и казна, тој со сигурност нема да се мами себеси и да се смета себеси за праведник. Тој ќе чувствува дека му недостасуваат двете најсеопфатни Мицвот во Тора, имено љубов и страв. Дури и достигнување на целосен страв, на начин „Оној кој ги знае сите тајни ќе сведочи дека тој нема да се врати кон грешност,“ заради неговиот голем страв од казна и големи загуби заради престапите, тоа е незамисливо пред некој да биде награден со целосно и јасно достигнување на Промислата на награда и казна. Ова се однесува на достигнување на првиот степен на отквоение на Ликот, кое доаѓа до поединецот преку отворање на очите во Тора. Така е и со љубовта, која е над нечија способност, бидејќи тоа зависи од разбирањето на срцето, и ниедна работа и присила тука нема да помогне.

88.) Така гласи заклетвата: „Дури и целиот свет да рече дека си праведник.“ Овие две Мицвот, љубов и страв, се даваат само на поединци, и ниеден друг на светот не може да ги распознае и да ги познава. Така, бидејќи тие гледаат дека тој е целосен во 611-те Мицвот, тие веднаш велат дека тој најверојатно ги има и двата Мицвот на љубов и страв. И бидејќи човековата природа нè приморува да му веруваме на светот, поединецот може да западне во смртна грешка. Заради оваа причина, душата се заколнува на тоа, пред да дојде во овој свет, и тоа може да ни помогне. Самиот човек е тој кој мора да се испитува и во своето срце да знае дека тој е целосно праведник.

89.) Како може дури и првиот степен на љубов да биде достигнат кога нема награда за Мицва во овој свет (живот)?“ Сега е јасно дека на поединецот не му е потребно да прими награда за Мицва во својот живот, туку „ти ќе го видиш својот свет во твојот живот, и по смртта, во следниот свет.“ Тоа укажува дека наградата за Мицва не е во овој свет, туку во слениот свет. Сепак, да се знае, да се гледа и да се чувствува идната награда од Мицва во следниот свет, човекот мора сето тоа да го знае, со целосна сигурност и јасност, уште додека е во овој живот, преку чудесното достигување со Тора. Тогаш достигнува условна љубов, која е првиот степен на откровението на Ликот, кое некој треба да го има со цел правилно да одржува Тора и Мицвот, на начинот: „Оној кој ги знае сите тајни ќе сведочи дека тој нема да се врати кон грешноста.“

90.) Со одржување на Тора и Мицвот во форма на условна љубов, која до него доаѓа од познавање на идната награда во следниот свет, како во: „Сè што треба да биде собрано веќе се смета за собрано,“ поединецот го достигнува вториот степен на откровение на Ликот - Неговото Водство над светот со Неговата вечност и вистинитост, што значи дека Тој е Добар и прави добро на добрите и лошите. Во таа состојба, поединецот се стекнува со безусловна љубов и тогаш гревовите и стануваат доблести. И од тогаш па натаму, тој се нарекува „целосен праведник,“ бидејќи може да одржува Тора и Мицвот со љубов и страв. И тој се нарекува „целосен“ затоа што ги има сите 613 Мивот во целост.

                 Продолжува: 91 - 100

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели