Ограничување и Линија - Поглавје 1
Ова го објаснува прашањето околу Ограничувањето, (Цимцум Алеф), кога Светлината Ајн Соф била ограничена, со цел да стане Не’ецалим и да се создадат суштествата; и тука постојат пет работи:
1. Состојбата пред Скратувањето (Цимцум) на Светлината Ајн Соф, која треба да ја исполни целата реалност.
2. Причината за создавањето било откровението на Неговите Имиња и Ознаки.
3. Скратување (Цимцум) на Светлината (Ор), околу средната точка.
4. Халал, празен простор, кој останал откако Цимцум бил Агол.
5. Бидејќи Светлината Ајн Соф била еднаква, и Скратувањето, (Цимцум) било еднакво, го означува Игул.
Состојбата пред Скратувањето, (Цимцум), на Светлината Ајн Соф која треба да ја исполни целата реалност
1. Знај дека пред да биде создаден Не’ецалим и пред да бидат создадени суштествата (1), Вишата Едноставна Светлина, (Ор) (2). ја исполнувала целата реалност (3). Не постоел празен простор, (Халал, (6), ниту празен воздух,(Авир) (5), туку сè било исполнето со едноставна, неограничена Светлина, Ор (7). Таа немала Бехина од Рош, или Соф (8), туку таа била Една, едноставна Светлина, (Ор) (9), целосно еднаква (10), наречена Ајн Соф (20).
Ор Пними
Имај на ум, дека целата мудрост кабала е основана на духовни работи кои не објаснуваат простор и време. Тие не се предмет на промени или отсуство, и сите промени за кои се зборува во оваа мудрост не означуваат промена на првата форма, отсуство и замена со друга форма. Горенаведените промени повеќе се сметаат како дополнителни форми, додека првата форма не се преместува, исто како што е случајот со отсуството и промените со телесни спроведувања. За почетниците е тешко, бидејќи тие ги воспримаат работите со телесни граници, како време, место, промена и замена. Но, авторите нив ги употребуваат како знаци со кои укажуваат на нивните Виши Корени. Заради оваа причина јас ќе се потрудам да го објаснам духовниот идентитет на секој збор, одделен од време, место и промени. На читателите останува темелно да го запомнат значењето на тие зборови, бидејќи е невозможно да ги повторуваме секој пат.
1. Прашањето за духовно време е темелно објаснето во Хистаклут Пнимит поглавје 9, точка 33.
2. Тоа се однесува на Светлината (Ор) која доаѓа од суштината (Ацмут) на Создателот. Знај дека сите имиња и ознаки кои се појавуваат во мудроста кабала воопшто ги нема во суштината (Ацмут) на Создателот, туку само во Светлината (Ор) која се протега од Неговата Суштина (Ацмут). Но, ние не можеме да додадеме ниту еден збор во однос на Неговата Суштина, Ацмут, бидејќи правилото е дека сè што не сме достигнале, не го именуваме по име. Запомни го тоа и нема да имаш забуни.
3. Ова е навидум збунувачки, бидејќи зборува за времето пред да бидат создадени Световите, (Оламот). Така, која реалност постои тука, која треба да се исполни со Вишата Светлина (Ор Елјон)? Работата е дека сите Светови и Души, (Оламот и Нешамот), кои постојат, и на кои им е судено да бидат создадени, заедно со сите нивни случки, сè до крајот на нивната поправка; сите тие се вклучени во Ајн Соф со целосна мерка и слава. Така, во реалноста, пред нас, постојат два зачетоци кои треба да ги препознаеме:
А.) Тие се фиксни и постојат во Бесконечноста (Ајн Соф), во целосна мерка и слава.
Б.) Како се тие подредени и како висат надолу, и како создаваат, пред нас, после случувањето на Цимцум Алеф во петте Света, (Оламот): Адам Кадмон, Ацилут, Брија, Јецира и Асија.
Рав запишал дека Вишата Светлина (Ор Елјон), која доаѓа од Неговата суштина (Ацмут) „ја исполнува целата реалност,“ што значи тоа е целата реалност од првиот зачеток, во однос на нивното постоење во Бесконечноста, (Ајн Соф), пред скратувањето (Цимцум). Тој ни кажува дека Ор Елјон ги исполнувала во целост, сè додека немало празен простор каде што може да бидат додадени поправките и совршеноста.
4. Тоа укажува дека пред да бидат создадени Световите, (Оламот), постоела само Бесконечноста (Ајн Соф). Немало „празен простор“, што значи немало место на недостаток кој ќе се оспособи за поправки, затоа што Светлината (Ор) Елјон го исполнувала тоа место. Таа не оставила простор да се разделат Тахтоним и да додадат нешто на Неговата целовитост. Празниот простор за поправките се создал заради Цимцум. Но, не се залажувајте дека книгата говори за телесно место.
5. Ова воопшто не се однесува на телесен воздух; туку постои духовна Светлина (Ор) која се нарекува со тоа име. Постојат две Бехинот (нивоа, карактеристики) на Светлината (Ор) во секој целосен Парцуф: Ор Хохма и Ор Хасадим.
Ор Хасадим е Ацмут на Парцуф, што значи неговата живост. Ор Хасадим делува само како облечена Светлина (Ор) над Ор Хохма во Парцуф бидејќи Ор Хохма не може да дозволи Парцуф доколку тој не носи Ор Хасадим. Но, понекогаш, кога Парцуфим се во Катнут, тие немаат ништо повеќе од Ор Хасадим. Треба да се знае дека Ор Хасадим се нарекува Авир или Руах. Кога е сама, без Ор Хохма, тоа се нарекува „празен Авир,“ што значи дека е празен со Ор Хохма. Тогаш Авир чека Ор Хохма да го облече - да го исполни. Рав ни кажува дека пред да бидат создадени Световите, (Оламот), во Ајн Соф, во реалноста не постоел таков празен Авир, бидејќи таму немало недостаток.
6. За да се разбере тој збор, треба прво да се ознае суштината на духовното Кли. Бидејќи Не’ецал го прима своето одржување од Маацил, тоа укажува дека има Рацон (желба) и копнеж да ја прими Шефа од Него.
Количината на желбата, Рацон, и копнежот се целата субстанца која постои во Не’ецал. Така, сè што постои во Не’ецал што не е таа субстанца, веќе не се поврзува со неговата субстанца, туку со Шефа која ја прима од Маацил. Во продолжение, оваа субстанца ја одредува големината, Гадлут, и степенот на секој Не’ецал, секој Парцуф и секоја Шефа. Секако дека Хитпаштут на Ор Елјон од Маацил е немерлива и тоа претставува Не’ецал кој ја ограничува Шефа, бидејќи тој не прима помалку или повеќе од мерката на желбата за примање. Ова е критериумот во духовноста, бидејќи тука нема принуда; тоа целосно зависи од желбата, Рацон. Заради оваа причина оваа желба за примање ја нарекуваме „Сад за Примање“ на Не’ецал. Тоа се смета за нејзина субстанца која воопшто не постои во Маацил, бидејќи во Маацил не постои желба за примање, бидејќи од кого би примал Тој? Сега ние објаснивме како постојат четири степени во оваа субстанца, од Катнут до Гадлут на примањето. Четвртиот степен, Гадлут на примањето, е целосно само во Ајн Соф, пред да бидат создадени Световите (Оламот). Тој е единствениот кој подлежел на Цимцум, и ние во продолжение ќе објасниме дека така бил испразнет од секоја Шефа која постоела од Ајн Соф, и така Халал останал празен. На ова мисли Рав кога вели дека пред Световите да бидат создадени во Ајн Соф, овој празен Халал не постоел.
7. Ова значи дека нема ништо што нижите би можеле да додадат со помош на нивните дела.
8. Поимите Рош и Соф ќе бидат објаснети подоле.
9. Ова означува дека без распознавање на мало и големо, сè е еднакво.
10. Каде што нема Закут и Авиут со кои се прават облеките. Овие дискриминации биле реализирани само со обновувањето на Цимцум.
20. Ние треба да прашаме: бидејќи немаме достигнување во Ајн Соф, како тогаш ние го познаваме Него по име? И покрај сè, секое име го означува достигнувањето кое сме го достигнале во Него, според дефиницијата на тоа име. Ние не можеме да се оправдуваме себеси и да речеме дека името укажува на негацијата на достигнувањето, бидејќи тогаш ние би го именувале Него како „Недостиглив.“ Работата е во тоа дека тоа име укажува на целата разлика помеѓу Ајн Соф и сите Светови, Оламот, под него. Цимцум се случил под Ајн Соф. Така, во секое место каде што се појавува оваа сила, таа ја ограничува Светлината, Ор и тоа го завршува Хе’ерах во тоа место, така, секој Соф и Сиум во секој Хе’ерах во секој Парцуф доаѓа од Цимцум. Така сите суштества и нивните различни исполнувања во Оламот произлегле и биле создадени заради тој Соф и Сиум. Тој се нарекува Ајн Соф бидејќи Цимцум таму не се применува, што укажува дека таму нема ништо што има крај. Со помош на тоа ние можеме да заклучиме дека оваа Светлина, Ор, е Пашут, и е целосно еднаква, бидејќи еден зависи од друг. Причината за создавањето била откровението на Неговите Имиња и Ознаки.
2. Неговата Едноставна желба, Рацон (30) се издигнала да ги создаде Оламот и Не’ецалим за да донесе совршенство на Неговите дела, Неговите имиња и ознаки во Светлината, и тоа е причината за создавањето на Световите, Оламот.
Ор Пними
30. Ние не треба да се чудиме како постои желба, Рацон во Ајн Соф, која е повисока од сите други поими, за кој можеме да речеме: „Издигни се кон Неговата Едноставна Желба.“ Треба да се разбере она што било речено погоре, дека во секој Не’ецал по неопходност постои желба за примање на Шефа од Маацил. Но, во Ајн Соф е „Едноставна желба, (Рацон)“ бидејќи Тој е Едно и Неговото Име е Едно. Светлината во Ајн Соф се нарекува Тој додека желбата за примање се нарекува Неговите Имиња, и тие се едноставно единство без форма кои би ги одделувала. Но, ние тоа не треба да го мешаме со единство и одделување од телесниот свет бидејќи за нив е карактеристично движењето, близина и далечина. Ова е така бидејќи духовната суштина не зафака простор.
Одделување во духовноста настанува само со средствата на Шинуи Цура. Така, доколку некоја духовна работа се стекне со дополнителна Цура, која не е налик на моменталната Цура, тоа престанува да биде едно и настануваат два различни ентитети. Нивната раздалеченост се мери со спротивноста на нивната форма, особина. Исто како што телесни ентитети се поврзуваат и одделуваат преку близина и далечина, така и духовните ентитети се одделуваат и поврзуваат во зависност од нивната различност на форма, особина. Шинуи Цура ги одделува еден од друг, додека Хиштавут Цура ги спојува. Запомни го тоа, бидејќи е клучен елелмент во оваа мудрост. Сега ти ќе го рабереш значењето на горепсоменатите зборови: „Тој е Еден и Неговите имиња се Едно,“ и едноставното едиенство за кое сме толку прецизни во Ајн Соф. Навистина ова единство е едно од чудата на Неговата семоќност.
Ние ја видовме разликата помеѓу Маацил и Не’ецал кој бил формиран од Цура од желбата за примање, која постои во Не’етцал а не во Маацил. Заради таа Шинуи Цура , Не’ецал се одделил од Маацил и се здобил со свое име, што значи Не’ецал а не Маацил. Горното објаснување може да нè залаже да помислиме дека Светлината Ајн Соф, наречена „Тој“ не е целосно припоена со Ајн Соф, наречен „Неговото Име,“ што значи со желбата за примање на Светлината и на Шефа, наречена „Тој.“ Ова е затоа што Ор Елјон која се протега од неговиот Ацмут, наречен „Тој“ има само една особина - да дава - и ниедна од Цура на желбата за примање. Но затоа, Ајн Соф, наречена „Неговото Име,“ кое има желба за примање, се разликува од Ор Елјон, која воопшто нема желба за примање, и ние знаеме дека Шинуи Цура одделува се. Но, Мидраш и Рав ни кажуваат дека тоа не е така. Наместо тоа, Тој е Едно и Неговото Име е Едно во Едноставно Единство, значи дека нема разлика помеѓу нив. Иако постои разлика во формата помеѓу „Тој“ и „Неговото Име,“ тоа таму е целосно неактивно. Ние тоа не го разбираме, но тоа е така. За тоа е речено дека во Ајн Соф воопшто не постои воспримање и мисла, бидејќи оваа работа е над нашиот ум (ќе биде образложено понатаму во текстот).
Цимцум на Ор околу средната точка
3. Тогаш, Ајн Соф се ограничила Себеси (40) во Нејзината средна точка 950), во самата средина, се ограничил таа Светлина и таа се разлетала (60) кон страните околу средната точка (70).
Ор Пними
40. Ние го знаеме значењето на: Тој е Едно и Неговото Име е Едно. Таму има Шинуи Цура, со почит кон желбата за примање, вградено во Ајн Соф, која сè уште не создава различност помеѓу тоа и Ор Елјон, и тие се во едноставно единство.
Сепак, оваа Шинуи Цура станала причината за создавањето на Световите, (Оламот): „Да го донесе совршенството на Неговите дела и Неговите Имиења на Светлина,“ како што вели Рав овде. Создавањето на Световите и нивното ланчено опаѓање надоле, до Олам ха Зе, ја создало и обновило можноста да се направи простор за работа во Тора и Мицвот, но не со цел да се прима, туку само да се дава задоволство на Создателот. Тогаш Душите (Нешамот) станале способни, во нив да ја промени формата, особината на желбата за примање, што ги разделувало нив од Маацил, во особината на желба за давање задоволство на Него, и тоа е токму она што Тој го сака (види точка 90). Ова е Хиштавут Цура со Маатцил, наречен Двекут (сполотеност) и соединување. Тоа е така затоа што тогаш тие веќе се соголени од особината на желбата за примање и се здобиле со особината на желбата за давање, која е особина на Самиот Маацил. Ти веќе занаеш дека Хиштавут Цура прави духовните работи да станат едно. Заради таа причина Световите се вратиле во нивната предходна состојба. Ова е значењето на зборовите на Рав: „Кога ја издигна Неговата Едноставна желба, (Рацон) за да создаде, итн.“ „Издигна“ означува дека Тој ја изедначил формата, особината со Ор Елјон. Желбата за примање во Ајн Соф, наречен Малхут од Ајн Соф, или „Неговото Име,“ немала недостатотк во Двекут со Ор Елјон, заради нејзината Шинуи Цура. Но, таа се реализирала себеси со цел да ја изедначи особината, формата со Ор Елјон и да се оддели од големата желба за примање, наречена Бехина Далет, за посилно да се припои кон Ор Елјон. Близината на Цура надокнадува за Двекут. Тоа се изразува во зборовите „се издигна“ што означува Малхут од Ајн Соф, кој е Рацон Пашут, се издигнала и се припоила кон Ор Елјон, што значи ја уништила нејзината желба за примање. Ова е значењето на зборовите на Рав: „Ајн Соф тогаш се ограничила Себеси.“ Тоа веќе беше објаснето погоре (точка 6) дека целата мерка на Неговата Шефа и Ор и висината на Не’ецал се мерат според количината на желбата за примање во нив. Така, бидејќи горната Малхут, од Ајн Соф, се ограничила себеси и ја уништила желбата за примање, па Ор и Шефа се одделиле заради штуроста на желбата. Ова е значењето на Цимцум. Издигнувањето на желбата предизвикало одделување на Шефа и на Ор од таму.
50. Тоа е збунувачки, бидејќи таму нема ниту Рош ниту Соф, како може да постои средно? Но дали ние овде се занимаваме со телесни работи? Работата е дека тоа веке беше објаснето, дека во Ајн Соф неопходно постои желба за примање. Но, таа е Рацон Пашут, без дискриминација на мало и големо, бидејќи желбата за примање која е таму не се смета за Шинуи Цура која прави поделби. Како последица, таа не е на никој начин инфериорна во однос на Ор Елјон.
Треба да се зне дека Ор Елјон мора да се протега четири степени, пред да открие дека желбата за примање во неа е целосна и трајна мерка во Не’ецал. Причината за тоа е дека желбата за примање е вградена во Хитпаштут на Ор од Шореш, и со тоа Ор се смета дека се одделила од Маацил и се здобила со свое име, што значи Хитпаштут од Маацил. Сè додека Шинуи Цура, од желбата за примање, не била вградена во тоа, тоа сè уште се сметало за Маацил а не како Хитпаштут кој се одделил и се преместил од кај Маацил. Тоа е така бидејќи едиствената разлика во духовноста е Шинуи Цура (види точка 6 и Хистаклут Пнимит). Но, колку што оваа желба станала откриен од страна на силата на Не’ецал, таа сè уште не била постојан во Не’ецал. Тоа значи дека Не’ецал мора да копнее да прими Шефа пред да се смета дека желбата за примање се појавила со силата на самата Не’ецал. Ова копнеење може да се случи само кога нема Шефа, бидејќи само тогаш е возможно да се сака на начин на кој желбата за примање ќе биде откриена преку сопствената сила. Тогаш садовите за примање се целосно трајни.
Секој Хитпаштут на Ор од Маацил мора да се состои од желба за давање, исто како што се состои и од желба за примање. Поинаку, Маацил и Не’ецал би биле во спротивна форма, со спротивни особини, што значи во целосна одделеност, и тогаш ќе бидат оддели еден од друг како исток од запад. Така, секоја Светлина, која се протега од Маацил, мора да има вградено во себе и желба за давање, за Не’ецал да има блискост со особината на Маацил. Кога во Не’ецал се појавува желбата за давање, до него доаѓа голема Ор Нимшах од Маацил, во однос на будењето. Оваа Ор секогаш се нарекува Ор на Хасадим. Хитпаштут Алеф од Маацил, во кој е вклучена желбата за примање, секогаш се нарекува Ор на Хохма, или Ор на Ацмут. Ти треба да ги запомниш овие два вида на Ор – Светлината.
Втората Светлина, која е Ор Хасадим, е многу пониска од првата, која е Ор Хохма. Ова е така затоа што таа се протега од Хитгабрут и будењето на Не’ецал, со своја сила, кој сака да ја изедначи својата форма,особина со Маацил, заради што тој се насочува кон будење на желбата за давање. Но, Хитпаштут Алеф, кој е Ор Хохма, Нимшах директно од Маацил. Тогаш Не’ецал нема удел во ширењето. Заради оваа причина таа е многу повисока. Заради таа причина Ор Хохма се смета за Ацмут и Хаиут (одржување) на Не’етцал. Ор Хасадим се смета за Ор за поправка, со цел Не’ецал да стане целосна. Сега ти ќе ги разбереш четирите Бехинот и степените кои мораат да бидат во секоја Не’ецал. Прво, Светлината се шири од Маацил како Ор Хохма, која ја содржи само „желбата за примање.“ Ова е Бехина Алеф. Тогаш, во таа Светлина се засилува желбата за давање, и така ја протега Светлината на Хасадим. Овој Хитгабрут се смета за Бехина Бет. Тогаш Светлината Хасадим се шири (ќе биде објаснето подоле), и ова се нарекува Бехина Гимел.
Откако горните три Бехинот (состојби) се појавиле во целост, силата на желбата за примање, која е вградена во Хитпаштут Алеф, повтоно се буди и повторно ја влече Светлината Хохма. Ова ја завршува постојаната желба за примање во Парцуф, која се појавува како копнеж, кога во Парцуф немало Ор Хохма туку имало Ор Хасадим, после Бехина Гимел, кога Не’етцал може да копнее по Ор Хохма. Овој копнеж кој ја одредува желбата за примање, и го завршува својот сад за примање, бил отсутен во Хитпаштут Алеф. Заради таа причина садовите за примање се целосни само во оваа Бехина Далет, исто така наречена Хитпаштут Алеф. Кога еднаш Бехина Далет е целосно завршена во Ајн Соф, во неа се појавил Цимцум, што значи одделување на желбата за примање од Бехина Далет, што предизвикува одделување на Ајн Соф од таму. Ова го завршува објаснувањето за четирите Бехинот кои мораат да постојат во секој Не’ецал. Бехина Алеф се нарекува Хитпаштут Алеф, или Хохма; Бехина Бет се нарекува Хитгабрут Алеф, или Бина; Бехина Гимел се нарекува Хитпаштут Бет или Зеир Анпин; Бехина Далет се нарекува Хитгабрут Бет или Малхут. Двете проширувања се сметаат за машки, бидејќи ги преставуваат Шефа која доаѓа од Маацил. Хитпаштут Алеф е Шефа на Ор Хохма, додека Хитпаштут Бет е Шефа на Ор Хасадим. Двата Хитгабруиот (мн. Од Хитгабрут) се сметаат за два женски дела, бидејќи тие претставуваат будење на Не’ецал и засилување на желбата, Рацон, со своја моќ. Првиот Хитгабрут е будењето на Не’ецал за жебата за примање, што стнува целосен сад за примање во Парцуф. Тој секогаш се нарекува како Бехина Далет. Оваа Бехина Далет се нарекува „Средната Точка“ во Ајн Соф. На тоа мисли Рав кога вели: „се ограничила Себеси во средната точка.“ Тоа се нарекува со тоа име бидејќи тоа е сад за примање на Ор Ајн Соф, кој е немерлив и безганичен. Зарди таа причина тој сад е како точка во внатрешноста и средината на таа Светлина, додека кружи околу него и се прилепува кон него од сите страни немерливо. Само така тоа може да ја одржи Ор Елјон немерливо и безгранично.
Но, во садот за примање после Цимцум и надоле, што значи во долниот Не’ецалим, постојат садови кои ја држат нивната Светлина во нивните Пнимиут и Тох. Тоа значи дека ѕидовте на садовите (Келим), кои се четирите Бехинот, во нив ставаат Гевул и одредена мерка на Ор, заради нивниот Авиут. Но, во Ајн Соф, каде што Ор и Кли се едноставно единство, што значи дека Тој е Едно и Неговото Име е Едно (види точка 30), Кли не ја ограничува таа Ор која ја држи. Така, Ор во него се смета за Ајн Соф. Сега ние темелно го објаснивме прашањето за средната точка во Ајн Соф. Ние покажавме дека тоа не се однесува на телесно опипливо место, туку Бехина Далет, која е врадена во Ајн Соф, се нарекува со тоа име за да укаже на едноставното единство со Ор Елјон. Исто така, Цимцум во таа средна точка веќе беше објаснет погоре (види точка 40).
60. Поимот „Духовна раздалеченост“ веќе беше објаснет во точка 30. Исто така беше објаснето дека нема раздалеченост помеѓу Ајн Соф и средната точка, што значи помеѓу Ор и Кли. Но, откако ја ограничило Ор од средната точка, тоа ја открило и Шинуи Цура од Ор. Тоа е така затоа што Ор нема желба за примање, туку точката е желба за давање, која се разликува од Ор. Затоа што нивната Цура им е различна тие се оддалечени еден од друг според разликата. Овае тоа што Рав го мисли со зборот „носење.“
70. Гореспоменатите четири Бехинот, исто така се нарекуваат „четири страни.“ Рав ни кажува дека иако Цимцум бил само во средната точка, што значи Бехина Далет, Ор се одделила од сите четири Бехинот. Тоа се случило затоа што во духовноста нема делумни работи, и затоа таа се одделила и од трите Бехинот. Халал кој останал после Цимцум бил Агол.
4. Тогаш таму имало празен простор (80), Авир, и празен Халал, од самата средна точка.
Гледајте, овој Цимцум бил дури и околу средната точка (90), на таков начин што местото Халал било Агол на секоја страна, целосно еднакво (100). Тоа нема облик на Меруба (квадрат), прав агол, бидејќи Ајн Соф исто така се ограничил Себеси како Игул, еднакво на сите страни.
Ор Пними
80. Веќе беше објаснето во точка 4 и 5.
90. Што значи без дискриминација на големи или мали. Ние не траба да се чудиме околу тоа, бидејќи Шинуи Цура во средната точка веќе била изложена заради одделувањето на Светлината од него. Како последица, биле препознаени и помалите мерки, една помала од друга. На пример, Бехина Гимел е почиста од средната точка, бидејќи мерката на желбата за примање е помала отколку во Бехина Далет. Така, Бехина Бет е почиста од Бехина Гимел, бидејќи нејзината мерка на желбата за примање е помала од таа на Бехина Гимел, и Бехина Алеф е најчиста од сите, бидејќи таа има најмалку желба за примање, во однос на тоа дека нејзината Шинуи Цура е најмалку очигледна. Така, ние имаме разликување на мало и големо во степените. Во тој случај, зошто Рав вели дека Цимцум бил еднаков околу точката? Одговорот е дека Цимцум, скратувањето не ја претворило средната точка во Соф. Со други зборови, ако Светлината заминала од точката заради својата Шинуи Цура, тогаш тоа сигурно би станало Соф, што значи најнискиот степен. Тогаш ние исто така би ги сметале трите предходни Беинот како поважни од средната точка, бидејќи се ден врз друг. Но, тоа не било така, бидејќи Цимцум не се појавил заради Шинуи Цура во точката. Ова е невозможно бидејќи Малхут од Ајн Соф, во која нема Шинуи Цура помеѓу нејзе и Ор, и обете се во едноставно единство, што значи дека Тој е Едно и Неговото Име е Едно. Ограничувањето се случило само затоа што Неговата желба (Рацон) сакала да создаде Светови (Оламот). (види точка 40). Тоа значи дека Тој ја сакал таа Хиштавут Цура која е судено да се појави со создавањето на Световите, што значи особината за примање со цел да дава задоволство на Создателот. Постои голема доблест во тоа: од една страна, тоа е целосно давање, бидејќи желбата е насочена само да дава задоволство на Создателот и нималку за „себе.“ Ова ја прави Цура целосно еднаква со Ор Елјон од Маацил и во целосна сплотеност со Него. Од друга страна, возможно е да се продлабочат и зголемат садовите за примање до бесконечност и вечност. Ова е така затоа што сега формата за примање не произведува Шинуи Цура, бидејќи доаѓа од желбата за давање.
Нашите мудреци рекле дека ако некој даде венчален збор, и рече: „Со ова јас те осветлувам“ тогаш таа е осветлена. Во Тора е запишано: „ ... ѝ дава в рака,“ што значи мажот е тој кој го дава венчалниот збор. Оној која прима пари од друг е слично на оној кој му дава. Во Тора е запишано „.. ѝ даде в рака,“ бидејќи тој прима само со цел да ѝ дава задоволство на жената, да ја почестува неа со неговото примање. Ние дознавме дека првичната причина за Цимцум била желбата за нова особина на примање со цел да дава, која е судена да се појави со создавањето на Световите, (Оламот) (види точка 40). Но, причината не била Авиут, која таа ја почувствувала во средната точка, бидејќи таму немало воопшто ниту разлика, ниту Авиут. Така, средната точка не станала Соф заради Цимцум. Невозможно е да се разграничи мала работа од голема. Затоа Рав пишува дека Цимцум бил „целосно еднакво.“
100. Тоа значи дека имало некој приказ кој мора да бил направен заради Цимцум, иако Цимцум бил еднаков (како што е објансето темелно), а не заради некоја Шинуи Цура. После Цимцум и оделувањето на Ор од средната точка, станало очигледно дека Ор Елјон не одговара за може да се припои кон неа заради нејзината Цура на Гадлут за примање. Бидејќи тоа станало познато таа опаднала од степенот кој го имала во Ајн Соф, и сега се сметала за Соф, што значи најнискиот Авиут. Само таа средна точка останала празен Халал, кој неодговара за да ја облече Ор дури и после Цимцум. Ние погоре објаснивме (предходната точка) дека таа не станала Соф заради горенаведената причина. Ова е значењето на прецизноста на Рав кога вели дека тоа место на Халал било Агол на секоја страна, целосно еднокво.’’ Тој сакал да каже дека тоа не е вистински Соф, туку е како Соф на округла слика, каде што Соф е на средината. Можеме да ги споредиме овие четири Бехинот со четири круга еден во друг, како лушпи од кромид. Централниот Игул е Бехина Далет, опкружена со Бехина Гимел, обиколена со Бехина Бет која е обиколена со Бехина Алеф. Затоа непостои горе и доле, десно или лево. На пример, Бехина Алеф е над сите со едната половина, и под сите со другата половина, и така е со сите Бехинот. Затоа, непостои горе и доле, лево или десно. Непостои разлика во нивните доблести, сите и тие се целосно еднакви. Веќе беше објането ( во горната точка) дека причината за Цимцум не била Шинуи Цура. Ова е исто така и прецизноста на Рав “ Агол на секоја страна , сосема еднакво.’’ Бидејќи Ор Ајн Соф била еднаква, и Цимцум бил еднаков. Ова е значењето на Игул.
5. Причината била дека откако Ор Ајн Соф била целосно еднаква, таа требало предходно да се ограничи еднакво на сите страни, а не да се ограничи повеќе на едната страна од другите. Во мудроса на геометријата познато е дека нема поеднаков приказ од приказот на Игул (200). Но, ова не е случајот со Меруба (300), со испакнати прави агли, Мешулаш (тријаголник) (400), и сите други фроми. Заради таа причина Цимцум морал да ја има формата на Игул.
Ор Пними
200, Веќе беше објаснето во предхоната точка.
300. Доколку имало разлика во горе и доле, лево и десно, тој би се појавил во форма на Меруба, која ги содржи овие четири страни, кои се четирите имиња на овие Бехинот. Но, тоа не било така, туку се појавил во форма на Игул, која не ги содржи овие разлики.
400. Укажување на степен кој има три Бехинот, каде недостига Бехина Далет, што значи има три страни- горе, лево и десно. Таму недостасува долната страна и така се нарекува Машулаш.