Талмуд Есер Сефирот – Изучување на Десетте Сефирот
Игулим и Јошер - Кругови и праволиние
Капител 1, Дел 2, Поглавје 2
Овде ги објаснува Есер Сефирот де Јошер, нивното појавување, еволуцијата и што тие содржат. Поглавјето содржи седум прашања:
1. Редот на појавувањето на Есер Сефирот де Јошер. 2. Петте дела во душата, Нешама, на долниот Адам: Нефеш, Руах, Нешама, Хаја, Јехида. 3. Во Јошер како и во Игулим, има Опкружувачка Светлина, Ор Макиф, и Внатрешна Светлина, Ор Пними, но има и надворешен сад, Кли Хицон и внатрешен сад, Кли Пними. 4. Светлината од Игулим е Светлината од Нефеш, додека Светлината на Јошер е Светлината од Руах. Прво биле создадени Игулим, а потоа Јошер. 5. Арих Анпин од Игулим свети за Аба ве Има од Игулим, преку прозорецот, Халонот, преку 3 линии кои се во него: лево од Гимел Кавим, десно и среде него. Светлината се протега од нив кон сите Игулим, и затоа, секој детал кој е во Јошер исто така постои и во Игулим. 6. Адам Кадмон се протега од Ајн Соф, сè до крајот на Ацилут и ги создржи сите Оламот, и нам не ни е дозволено да ги истражуваме. 7. Ние не ги истражуваме Игулим, туку само Јошер.
Редот на појавувањето на Есер Сефирот де Јошер
1. Сега ние ќе ја објасниме втората функција на Есер Сефирот, кои се квалитетите на Светлината на Јошер, која е налик на три линии во форма на Горниот Адам. Игулим се протегаат од Вишото надолу, преку претходно споменатата Кав, која исто така се протега од Вишото надолу. Кав се протега од Рош (глава) на Горната граница, Гаг (1) од највисокиот Игул, надолу до дното на крајот на сите Игулим, од горе надолу. Тој се состои од Есер Сефирот, како приказ, Целем, на правиот, вертикалниот Адам (2). Тој Адам стои исправен (3) и се состои од 248 органи (4) кои се појавуваат како три линии: десна, лева и средна. Адам воглавно се состои од Есер Сефирот. Секоја Сефира е подделена на десет внатрешни Сефирот итн.
Ор Пними
1. Во секој Олам или Сефира, Кетер се смета за граница, Гаг, на тој Олам или Сефира. Малхут во секој Олам или Сефира се смета за тло, Карка, на тој Олам или Сефира. Горниот Игул, претставува Сефира од Кетер, додека границата, Гаг, на Кетер е Кетер де Есер Сефирот на тој Кетер.
2. Облеката на Мохин се нарекува Целем (приказ, изглед). Тоа доаѓа од зборот Цел (сенка). Осветлувањето од Јошер, кое се состои од првите три Сефирот, се нарекува Адам, бидејќи тој прима Га“Р облечен во Целем. Тоа претставува долга тема која ќе ја објасниме подоцна.
3. Рош (глава) на секоја Сефира и Парцуф се состои од првите три Сефирот: Кетер, Хохма, Бина, и од седумте долни Сефирот: Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод, Малхут, кои во секоја Сефира и Парцуф се сметаат како тело, Гуф, на таа Сефира или Парцуф. Кога тие се во правилен ред, што значи кога Светлините на Га“Р се во Келим де Га“Р и Светлините од За“Т се во Келим де ЗАТ, се смета дека Парцуф е „Сопственик на право ниво.“ Но, ако Светлините од Гуф се облечени во Келим (садови) де ГАР, наместо да бидат облечени во Светлините кои треба да ги облечат таму, тогаш тој Парцуф не е „Сопственик на право ниво.“ Тоа е така затоа што во таа состојба, Рош (глава) не е поважна од телото, Гуф, бидејќи дури и Рош ги употребува само Светлините на Гуф. Ваквата состојба се нарекува Харканат Рош, во кој Рош е на исто ниво како и Гуф.
4. Постојат 248 РаМаХ, карактеристики на Хесед во горниот Парцуф од кој се протегаат 248 органи во долните. (обработено во Мишна, Охалот).
Петте делови во Нешама на долниот Адам се: Нефеш, Руах, Нешама, Хаја, Јехида
2. Постојат пет вида на Светлини во долниот Адам (5): Нефеш, Раух, Нешема, Хаја, Јехида (6). Тие оформуваат пет нивоа (7) едно над друго. Ова е значењето на петте повторувања на стихот: „Благослови ја Боже мојата душа итн.“ Како што е споменато во Масехет Берахот (стр 10,71), кои ги претставуваат пеетте одлики на Нешама.
Ор Пними
5. Не постои суштина во сите светови, во Вишите како и во овој свет, која не се состои од горенаведените Есер Сефирот, кои ги претставуваат гореспоменатите четири Бехинот и нивниот Шореш (корен). Тоа е она што го мисли кога вели дека овие пет Бехинот исто така се наоѓаат и во долниот Адам од овој свет.
6. Келим (садовите) во Есер Сефирот се нарекуваат: Кетер, Хохма, Бина, Зеир Анпин и Малхут, додека Светлините, кои се во нив, се нарекуваат: Јехида, Хаја, Нешама, Руах и Нефеш. Запишано е (Мидраш Раба, 82, 26), дека Ор Јехида го облекува Кли де Кетер, и Ор Хаја го облекува Кли де Хохма, Ор Нефеш го облекува Кли де Бина и Ор Раух го облекува Кли де Зеир Анпин. Ор Нефеш го облекува Кли де Малхут.
7. Вие веќе знаете дека степените се разликуваат според нивната чистина и Авјут. Поимот „повиш или погорен“ се однесува на поголема чистина отколку на тој во „понискиот“ степен. Во обете; Игулим и Јошер има Ор Макиф, Ор Пними, Кли Хицон и Кли Пними.
3. Сите Есер Сефирот од Игулим ги имаат сите гореспоменати карактеристики, имено Орот (Светлини) и Келим (8). Ор е поделена (9) на Ор Пними и Ор Макиф, додека Кли е поделено (10) на Хицониут и Пнимиут. Есер Сефирот во приказот на Адам исто така ги имаат сите тие карактеристики.
Ор Пними
8. Орот се НаРаНХаЈ додека Келим се КаХаБ ЗоН.
9. Духовното разделување се случува заради разликата во особините, која таму била обновена (види поглавје 1, дел 1, точка 30). Секој повиш од другиот означува почист и пофин од другиот, понизок од друг укажува дека е повеќе груб, Ав, од некој друг. Со разликата во соосбините на Авјут поедиенцот станува одделен и излегува од другиот, станувајќи понизок од него. Познато е дека Светлините се истураат надолу од Елјон до неговиот Тахтон. Заради тоа, нижиот мора да ја прими Шефа, (Светлината на уживањето), во неговиот повиш и почист стадиум, Бехина, додека Елјон ја истура Шефа само од нејзиниот најнизок и најгруб стадиум, Бехина. Така, формата на Ор која доаѓа од Елјон се изедначува со формата на Кли во Тахтон, бидејќи најгрубите карактеристиките на Елјон се еднакви со најфините на Тахтон. Произлегува дека Тахтон не може да ја прими целата Светлина која му припаѓа, туку само многу мал дел, колку што може да прими неговиот најчист Кли. Другите негови стадиуми, кои не се толку чисти, мора да останат со Светлината која им е соодветна заради нивната разлика во особините од Вишиот, која ја истура врз нив. Заради таа причина ние согледуваме дека Ор, која му припаѓа на нижиот е поделена на два стадиуми, Бехинот:
1-от. Малата количина на Светлина која е примена од Елјон во неговиот најдобар Кли. Таквиот вид на Светлина кој е примен се нарекува Ор Пними во нижиот. 2-ра. Целосната количина на Светлина која му припаѓа на стадиумот кој останала во нижиот и не може да ја прима заради разликата во особините од Елјон. Таа целосна количина се смета дека останала во Елјон и не опаднала до нижото. Таа се нарекува Ор Макиф бидејќи таа го обиколува нижото, што значи му свети од далеку, иако не е облечена во него; туку таа е намалена и е далечно светило, Хе’арах. Тоа далечно светило, Хе’арах, може да го причисти Авјут во нижото, сè додека сите стадиуми во нижото не се изедначат во нивната форма со Елјон. Тогаш тоа ќе биде во можност да ја прими целосната мерка на Светлина која му припаѓа. Ваквата состојба се нарекува Книсат Макифин (влегување на Ор Макиф). Тоа значи дека Опкружувачките Светлини влегле во садовите на нижите, (Келим де Тахтон) кои биле прочистени, и исполнила со Ор Пними.
10. Бидејќи Светлините биле поделени на Ор Пними и Ор Макиф сега постојат два вида на примање во Кли. Тие се: примање внатре во Кли, и примање во надвотешноста на Кли, (види дел 1, табела на темите, точка 102). Ор Пними е примена внатре во Кли, додека Ор Макиф која го причистува од неговиот Авјут, се смета дека се прима преку надворешноста на Кли, што значи без да влезе во самиот сад. Ваквата поделба на Кли на внатрешно и надворешно, (Пнимиут и Хицониут) се одредува според копнежот и чистината (Авјут и Закут) на Кли. Тоа е така затоа што само неговиот Авјут е достоен да ја прими Ор Пними, бидејќи садот за примање од создавањето, Не’ецал, се состои од Бехина Далет. Навистина, првите три Бехинот не се способни за примање, туку предизвикуваат да се појави Бехина Далет. Заради таа причина, секој сад се смета дека има своите стадиуми, Бехинот во Кли, додека Светлините се појавуваат во неговиот стадиум - Бехина Далет. Затоа таа се нарекува Пнимиут на Кли и негова внатрешност, каде што се наоѓа Шефа. Првите три Бехинот кои предизвикуваат во Кли да се појави Бехина Далет додека тие самите не примаат, се сметаат дека од надвор обиколуваат околу Бехина Далет. Тоа е налик на дебелината на ѕид на телесен сад кој се состои од четри кори од кои едната ја обвиткува другата и.т.н. Сé се прима само во внатрешноста на Кли, што значи во внатрешната кора, додека другите три кори од ѕидовите на Кли само ја зајакнуваат внатрешната кора, со цел таа да има сила да го издржи исполнувањето.
Ние треба да ја разбереме духовноста на сличен начин, имено дека Бехина Далет е првичната одлика која ја држи насладата, Шефа, во Кли. Првите три стадиуми, Бехинот, се причините за појавувањето на целосната моќ на Бехина Далет, сè додека таа не стане способна да ја задржи Шефа, додека тие самите по себе не се оспособат да ја одржат Ор Пними. Тие се нарекуваат надворешност на садот, Хицониут на Кли, бидејќи се исклучени од примање на Ор Пними. Бехина Гимел е надворешност на Бехина Далет; Бехина Бет е надворешност на Бехина Гимел; Бехина Алеф е надворешност на Бехина Бет и ги обвиткува сите други стадиуми. Надвор од нив постои друг надворешен стадиум, Бехина, без Авјут, кој претставува корен за сите четири стадимуни на садот, (Бехинот де Кли). Знајте дека тој целосно чист стадиум, Бехина, е садот за примање на Ор Макиф. Причината за тоа е дека неговата чистота го прави способен да прими светло од Ор Макиф, иако таа доаѓа од далеку.
Ние сега ги научивме поделбите на садот. Неговиот надворешен дел, Пнимиут, што значи неговиот стадиум, Бехина, кој е најголемиот Авјут, имено Бехина Далет во Кли, ја прима Ор Пними. Неговиот надворешен дел, што знали неговиот најчист стадиум - Бехинат Шореш во Кли, ја прима Ор Макиф од далеку. Ние не треба да прашаме зошто Бехина Далет не е достоен да прима заради моќта на Цимцум и Масах кои се во него, додека во обзир ја земаме Ор Хозер која се издига од Бехина Далет (види Хистаклут Пнимит). Светлината од Игулим претставува Светлина од Нефеш, додека Светлината од Јошер е Светлината од Руах. Прво настанале Игулим а потоа Јошер.
4. Разликата помеѓу Игулим и Јошер се поврзува со фактот дека Есер Сефирот од Игулим (20) се сметаат за Светлина од Нефеш. Тие имаат Внатрешнаи надворешна Светлина, и делови, (Ор Пними, Ор Макиф и Хицон). Тие се состојат од Есер Сефирот од Келим, од кои секој се состои од надворешенни и внатрешни светила (Пнимиут и Хицониут. Исто така постојат и Есер Сефирот од Орот, каде што секоја Ор се состои од Ор Пними и Ор Макиф. Но, Есер Сефирот од Јошер се сметаат за Светлини наречени Светлина од Руах (3), која претставува повиш степен отколку степенот на Нефеш, и тие се состојат од Ор Пними и Ор Макиф и имаат Есер Сефирот од Келим, и во секој од нив има внатрешни и надворешни светила. Очигледно, прво настанала Нефеш а потоа Руах.
Ор Пними
20. Сите Сефирот кои можат само да примаат Орот и немаат способност да даваат на други, имаар Светлината во себе која се нарекува Ор Нефеш. Веќе беше објаснето дека сите Светлини во Игулим мораат да бидат примени од Светлината од Кав (види дел 2, поглавје 1, точка 30). Причинат е дека Ор Елјон не може да си дозволи Келим, освен преку Зивуг со Масах кој ја издига Ор Хозер. Ова е затоа што Ор Хозер ја поврзува Светлината со Келим. (види дел 2, поглавје 1, точка 30). Последователно, Ор Елјон не се поврзува со Келим кои немаат Масах и тие не можат да истураат од долу нагоре кон други. Таа Ор се нарекува Ор Нефеш. Така, бидејќи во вишите Келим де Игулим нема Масах, Ор Елјон не може да си ги дозволи, и тие мораат да примаат Ор од Кав, но дури и тоа е само за нивно опстанување, а не за да даваат. Заради таа причина, Светлината во Игулим се нарекува Ор Нефеш.
30. Есер Сефирот од Руах се сметаат за давање, односно машка. Заради таа причина, Светлината од Руах е лишена од Ор Захар, што значи од давање. Есер Сефирот од Нефеш се нарекува Ор Некева, односно женска, што значи тие примаат, но не можат да даваат. Заради таа причина, Есер Сефирот од Светлината од Кав се сметаат за Есер Сефирот од Руах, што укажува дека тие се сметаат за Ор Захар, имено давање, како што објаснивме погоре. Руах се смета за повишо ниво од Нефеш бидејќи тој дава кон Нефеш. Арих Анпин од Игулим свети за Аба ве Има од Игулим преку прозор, (Халонот), од Гимел Кавим - десно, лево и срдината во него. Светлината се протега од нив кон сите Игулим, и затоа, секој детал кој го има во Јошер исто така постои во Игулим.
5. Дури и Есер Сефирот кои се сметаат за Игулим (40) еден во друг, тие веќе ги имаат сите форми на примање на задоволство, кои постојат во Кав од Јошер (5). Тоа е така затоа што Игул Кетер, наречен Арих Анпин, после Тикун (6) има еден Некев и Халон (7) во десната страна на Игул (80). Од таму доаѓа Ор Арих кон Игул Аба и свети врз неа (90). Постои уште еден Халон од левата страна на Игул од Арих. Светлината стигнува до левата страна на Игул Абба, која е внатре во неа, ја пробива и во неа прави Халон (100). Светлината се протега од таму до Игул Има, кој е внатре во Игул Аба и таму свети. Така, Светлината која поминува од левата страна на Игул Аба не е за самата Аба; таа таму само поминува (200), но предавањето е наменето за Има. Произлегува дека Арих Анпин свети за Аба ве Има заедно, исто како нивниот Јошер. Иако има еден Игул во друг, тие уште имаат прави Кавим (300), десен, лев и среден, во Халонот кои се наоѓаат во нив. Светлината се протега од таму во Есер Сефирот од Игулим, преку целосно прави Кавим, во секој детал во Есер Сефирот на првиот Кав во Руах.
Ор Пними
40. Ова значи дека КаХаБ ЗоН не се протегаат во Јошер, што значи еден под друг, од Зах до Ав, туку петте степени се еднакви, а не еден под друг, имено со поголем Авјут. Се разбира, во нив постои разликување на причина и последица, бидејќи тие призлегуваат еден од друг. На пример, Хохма доаѓа од Кетер, Бина од Хохма, и Зеир Анпин од Бина, додека Малхут од Зеир Анпи (види Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 50). Но, ова разликување во однос на причина и последица се дефинира со тоа што се еден во друг. Во таа состојба, секоја причина предизвикува последица. Хохма е предизвикана од Кетер, додека Бина е предизвикана од Хохма итн. Така, еден во друг означува дека едниот е резултат на другиот. Но, помеѓу нив воопшто нема разлика во однос на горе и доле (види дел 1, поглавје 1, точка 100)
50. Бидејќи тоа е впечатокот на Светлината која е во Кли, дури и кога заминува од таму за да оди до друго, таа не го менува своето спроведување кое го имала во претходното Кли. Така, додека Светлината во Кав била во Јошер, таа се протегнала и опаднала, едена под друга, што значи се здобила со Авјут на постепен начин заради Масах, кој таму го има, (види дел 2, поглавје 1, точка 6). Затоа, дури и кога заминала од таму и дошла до Есер Сефирот од Игулим кои немаат Масах, и откако била принудена да стане округла во нив, таа сепак не го сменила своето спроведување во протегањето од степен во степен. На пример, кога Светлината од Кав доаѓа до Сефира од Кетер, таа таму станува округла, што значи ја присвојува формата на Кли и во тој случај нема распознавање на горе и доле. Но кога Светлината се протега од Игул од Кетер до Игул од Хохма, таа не станува округла, туку се протега кон Јошер, и прави разлика помеѓу доле и горе. Како последица, Сефира од Игул од Хохма стои под Игул од Кетер и се состои од поголем Авјут бидејќи нивната форма не е иста. На сличен начин, кога Ор се придвижува од Хохма до Бина, таа се протега во Јошер. Затоа се смета дека Бина е под Хохма, што значи со повеќе Авјут, и тоа правило важи за сите Сефирот. Есер Сефирот од Игулим се со иста форма, без разликување на горе и доле во Келим. Но, во нив сепак постои распознавање на горе и доле заради тоа што тие примиле наслада со помош на Есер Сефирот од Кав на Јошер.
60. Откако биле оформени четирите Оламот - АБЈА, секоја Сефира станува целосен Парцуф со Рош, Тох, Соф. Заради тоа на нив им биле дадени различни имиња: Парцуф кој настанал во Кетер бил именуван како Арих Анпин, Парцуф кој настанал од Хохма бил наречен Аба, додека Парцуф кој настанал од Бина бил именуван Има. Парцуф кој бил формиран од шест Сефирот ХаГаТ НеХиЈ бил наречен Зеир Анпин додека Парцуф кој настанал од Малхут бил наречен Нуква (месечина). Овие имиња ќе бидат објаснети на соодветното место.
70. Вие веќе знаете дека заради Светлината од Есер Сефирот од Кав која е примена во Игулим сите Бехинот од Јошер неопходно се вградени во Игулим (види точка 50). Овој стадиум во Кав, кој се нарекува Масах, чиј Ор Хозер ја поврзува Ор Елјон во Келим, е отпечатена во Игулим, но без Авјут. Тоа е бидејќи Авјут не може да издигне понизок степен кон повисок, заради фактот дека Вишото нема ист Авјут како нижото, и тоа е она што го прави „Виши.“ Само „процепот“ кој го создава Масах во долниот степен во Есер Сефирот од Јошер се издига од Масах од Кав де Јошер и е отпечатен во Игулим. Овој „процеп“ формиран од Масах се нарекува Халон. Како што во собата се става порзорец да донесе светлина во таа соба, така и Масах ја открива способноста на Ор Хозер со која ги поврзува Светлината со Создателот. Така, доколку исчезне Масах , Светлината исто така ќе исчезне од суштеството и тоа ќе остане во мрак, како да е затворен прозорецот. Така, кога зборуваме само за процепот, кој го создал Масах, но не и за Авјут, ние го нарекуваме Халон или Некев. (Чувство на недостаток)
80. Ова значи дека било отпечатено во десното и левото кои делуваат во Есер Сефирот од Јошер.
90. Гореспоменатиот Халон создал неправилност во протегањето и опаѓање на Светлината. Тоа значи дека постепено се здобил со Авјут, и така секој подолен степен станувал повеќе груб од претходниот. Текстот „од таму Ор од Арих доаѓа до Игул Аба и му свети,“ означува дека заради Халон, Светлината прима Авјут и опаднала под Аба од Игулим. Со други зборови, Хохма била спуштена и повеќе не е еднаква со Кетер де Игулим, каков што бил случајот пред тие да примат Светлината од Јошер преку Халон. Истиот принцип се однесува на Бина под Хохма.
100. Халон бил направен во Сефирот заедно со опаѓање на Светлината до него од горниот Игул. Тоа значи дека таа Светлина која е отпечатена во Масах се содржи во него. Затоа се смета дека Светлината го пробила и во него создала Халон.
200. Веќе беше објаснето погоре (дел 2 , поглавје 1, точка 4).
300. Светлината се спушата од Игул до Игул по пат на протегање во Јошер, по права линија. Но, ова не се смета за Тикун од Гимел Кавим кој опаѓа од Масах и ја има Ор Захар, со која може да дава на други. Овие Кавим од Игулим немаат моќ да даваат бидејќи тие се спуштиле долу како Халонот. Халон се задоволува само со примање на Светлината за себе, но не со истурање кон други. Тоа е правилото: „без Масах нема Ор Захар, туку само Ор Некева, што значуи Ор Нефеш.“ Адам Кадмон се протег од Ајн Соф до крајот на Ацилут и ги содржи сите Оламот и на нас не ни е дозволено да навлегуваме во тоа.
6. Адам Кадмон (400) го поврзува едниот крај со другиот (1), горниот крај со долниот крај во целиот Халал (простор) од Ацилут. Сите Оламот се содржат во Адам, но ние немаме дозвола да навлеземе и да говориме за овој Адам Пнумиут и Ацмут (суштина) (2).
Ор Пними
400. Ние не треба да се чудиме во однос на употребата на името Адам Кадмон. Запишано е (Мидраш, Раба, Берешит 27): „Раби Јудан рекол: „Голема е моќта на пророците кои со особините наликуваат на Создателот, како што е запишано: „и јас слушнав глас на човек помеѓу бреговите на Ула и..тн.“ и над сакањето на тронот било сакањето на појавувањето на човекот над тоа.“ Причината ќе биде објаснета на соодветното место.
А. Тоа значи дека тоа поврзува сè од Ајн Соф, најчистиот од сите Оламот, долу до средната точка, нај Авјут Бехина во сите Оламот. Така, целата реалност пред нас, горната и долната, претставуваат гранки кои произлегуваат од тоа, кои одат надоле и го облекуваат. Затоа ги поврзува сите нив.
Б. Пнимиут, што значи Ор Ајн Соф која е облечена во Него, и Неговиот Ацмут, се сметаат за Бехина ГАР во Него. Тоа веќе беше објаснето во запознавње со Талмуд Есер Сефирот, точка 27, дека ние немаме дозвола да зборуваме за ниедно ниво - Бехина од ГАР, во ниеден степен на Парцуф, дури и во Олам Асија. Но, нам ни е дозволено да се вклучуваме во ЗАТ, дури и ЗАТ де ГАР де Адам Кадмон. Игулим произлегуваат први, а потоа Јошер. Ние не навлегуваме во Игулим, туку само во Јошер.
7. На почетокот, Есер Сефирот излегле преку Игул (3), еден во друг. Потоа, додека биле внатре во Игулим, Јошер се протегнал како еден Адам, по должината на сите гореспоменати Игулим (4). Сепак, ние не се занимаваме со Игулим (5) туку само со Јошер.
Ор Пними
3. Веќе беше објаснето дека Игулим се појавиле веднаш после Цимцум и одделување на Светлината. После тоа Јошер се појавил на таков начин што Игулим се сметале како причината за Светлината на Кав. Заради тоа тие се сметаат дека му претходат.
4. Значење, од горниот крај до долниот крај. Набљудувај, на пример замислена телесна должина. Тоа ќе те донесе да го дознаеш нејзиниот духовен корен. Ние замислената должина ја разбираме според следниве карактеристики: горниот крај, долниот крај и растојанието помеѓу нив. Вие можете да препознаете духовна должина на истиот начин: прво го наоѓаш нејзиниот долен крај, кој е најгруб, каков што има во долниот Авјут. Од познавањето на дониот крај, ќе го пронајдете и горниот крај, бидејќи мерката на Авјут на дното, е исто така и мерката на Ор Хозер (види Хистаклут Пнимит, точка 86). На пример, Авјут на Бехина Далет де Хохма, и Бехина Бет во Бехина Далет достигаат само до Кетер де Бина и.т.н. Така, со познавање на дониот крај, горниот крај веднаш станува познат. Кога ги познавате двата краја на степенот, природно ја познавате и раздалеченоста помеѓу нив. Тоа е така затоа што духовна раздалеченост значи разлика во особините помеѓу две одлики. Мерката на разликата во особините ја одредува раздалеченоста помеѓу нив. На пример, доколку долниот крај на Бехина Алеф е во Бехина Далет, горниот крај достига само до Кетер де З“А. Во тој смисол, разлдалеченоста не е голема. Но доколку крајот е во Бехина Бет, тогаш горниот крај ќе биде во Кетер де Бина. Така, разликата ќе биде два степени на Авјут, кои се Бехина Алеф и Бехина Бет. Доколку долниот крај се состои од Авјут од Бехина Гимел во Бехина Далет, тогаш горниот крај ќе биде Кетер де Хохма. Во овој случај, оваа далечина ќе биде три степени на Авјут, итн. на ист начин.
5. Ова е така затоа што Игулим ги обиколуваат првите три Сефирот од Јошер (види дел 2, поглавје 1, точка 90). Познато е дека нивните Келим се многу подобри отколку ГАР де Јошер. Но, вие веќе знаете дека нам ни е забрането да го изучуваме и да зборуваме за ГАР. Заради таа причина ние немаме дозвола да ги изучуваме Игулим.