Заедничката душа на „Израел“ (од зборовите „Јашар Кел“- „Директно кон Создателот“). Искрата на душата и Душата на Адам Ха Ришон.
Од книгата „Плодови на Мудроста. Разговори”, стр. 117
Речено е дека постојат 600 илјади души, и секоја душа се поделила на голем број искри. Но како тоа да се сфати ако духовното не се дели на делови, и начелно немало создадено ништо освен една душа – Адам Ха Ришон. И навистина, во светот не постои ништо, освен една единствена душа, како што е речено во Берешит (На почетокот): „И во ноздрвите негови му вдахна здив на животот”. Истата таа душа се наоѓа во секој од синовите на Израел – во секој целосно, како во Адам Ха Ришон. Бидејќи духовното не се дели и не се сече на делови, како што е карактеристично за материјалното. На 600 илјади делови и голем број духовни искри, душата се разделува од егоизмот на човекот. Во почетокот егоистичкото тело ја истуркува и ја оддалечува од себеси Светлината на душата. Но ако со помош на изучувањето на кабалата човекот се поправа, тогаш зависно од степенот на неговата поправка, во него почнува да свети заедничката душа. Затоа, во однос на материјалното тело, постојат две состојби:
1. Човекот ја чувствува својата сопствена душа и не сфаќа дека таа е заедничка душа за цел Израел, (од „Јашар кел“- на хебрејски, „Директно кон Создателот“). Тоа навистина е голем порок, кој доведува до целата таа поделба.
2. Сè уште заедничката душа на Израел не му свети со полн капацитет, туку делумно – т.е. според степенот на неговата поправка и соединувањето со душите.
Токму тоа е знак за целосната поправка, кога човекот чувствува, дека неговата душа престојува во целиот Израел, во секој од нив, поради што тој веќе не се чувствува како дел кој е одделен од другите, бидејќи тие се зависни еден од друг. Тогаш станува совршен, без било каков недостаток, и во него душата свети вистински со целата моќ, како во Адам Ха Ришон, за што е речено: „Оној, кому Тој му вдахнал здив”. Оттука, постојат три периоди во растот на човекот:
1. Искра на душата, која те пламнува, те се гаси, на што укажува фразата: „може и забрането”.
Личната душа – кога човекот се чувствува себеси како дел од 600 илјади души (дел од заедничката душа), која останува со него постојано, но сè уште не се ослободила од својот порок. Т.е. телото не е во состојба да ја прими заедничката душа, па затоа се чувствува одделено, што во него предизвикува огромни страдања на љубовта. А потоа се доближува до совршенство, т.е. кон мистеријата на заедничката душа, бидејќи потполно се поправило целото негово „тело“ (егоистичката желба) и веќе не претставува мерка на ограничување и препрека, дозволувајќи му целосно да се спои со заедницата на народот на Израел.
Речено е: „Дури и само еден човек да се приближи кон апсолутното враќање кон Создателот, веднаш ќе дојде царот Месија”. И го појаснуваат со зборовите: „Еден Мојсеј е еднакво вреден на 600 илјади души”. Излегува, небаре има два пати по 600 илјади души: душата на Мојсеј и душите на Израел? Но всушност, не постои ништо освен една душа, како што се испоставува според степенот на поправката на секоја душа, која се очистува од својата нечистотија. Затоа, за да ги подготват душите, ја привлекле кон нив, кон секоја душа, целокупната Виша душа на светот Ацилут – бидејќи духовното е неделиво, и тогаш „Создателот ќе владее над целата земја”(Захарија 14:9). Но ако останала непоправена барем една душа, нејзината Светлина недостасува во сите души на Израел. Исто така, секоја душа, поправајќи се, ја привлекува целата Светлина на заедничката душа, и со тоа предизвикува поправка на душите на целото поколение. Така сите души зависат една од друга, како што е речено: „Тој бил достоен, Шхина да завладее во него – само што неговото поколение не било подготвено за тоа” (Санедрин 11).
Секоја душа, после поправката, вложува напори за го крене целото свое поколение и моли за него, сè додека не го крене на своето духовно ниво. Токму во тоа е смислата на реченото: „Еден Мојсеј е еднакво вреден на 600 илјади души”. Бидејќи, ако бил нивен верен водач, тогаш ја поседувал целата светост, која била наменета за целото тоа поколение. Тоа треба да се сфати. И навистина, во секое лично има заедничко, бидејќи на крај, сите души ќе се соединат во една, враќајќи се кон своите духовни корени. И затоа, секоја лична душа ги доживува истите извонредни чуда и случки, кои ги поминува целиот овој свет за шест илјади години. Притоа добрата душа ги собира во себе сите особини на Светоста, кои постојат до и после неа, а лошата душа – обратно. Времињата кои што за неа се менуваат – се поколенијата, од кои секое дејствува, потчинувајќи се на својот личен судија и на разумот на судијата, добиен од Светоста во тоа време. Затоа, секоја душа е подготвена да ја прими во себе душата на Мојсеј, Арон, Самоил, Давид и Соломон, небаре поминува низ тие времиња. При излегувањето од Египет и добивањето на Тора, во него се открива душата на Мојсеј, верниот водач. За седумте години на освојувањето на земјата Израел – душата на Јешуа Бен Нун. А при градењето на Храмот – душата на царот Соломон. Не се мисли на лични души – туку на целата заедница, зошто постои правило дека духовното е неделиво. Веднаш, по добивањето на душата, човекот ја добива заедничката душа на Израел, согласно со своето место и степенот на поправката. Затоа, кога со човекот се случува ова чудо, тој во себе ја добива целата Светлина на откривањето на таа душа, и затоа се нарекува според името на сопственикот на нејзиното откривање.
Речено е: „Цел Израел – се синови на царот” (Трактат Шабат) и „Секој од Израел е достоен да го наследи после царот неговото царство” (Ерусалимски Талмуд). Во тоа е содржана голема мистерија, затоа што во сите претходни поколенија само се спроведувала подготовката за владеењето, бидејќи биле потребни посебни келим, за да ги примат во себе своите судии – како душата на Мојсеј, Самоил и другите. Меѓутоа, достигнувањето на крајната цел зависи од целиот народ на Израел. Сé додека недостига и најмалиот дел од малата искра, не ќе може да се открие конечната замисла, и затоа секој од Израел е достоен за владеење, бидејќи сите од оваа вистинска гледна точка се еднакви, и нема никакви посебни келим за примање на тоа совршенство, а секој кој се поправа себеси и ја очистува својата душа, ќе биде достоен да ја открие Малхут (Царството на Создателот) на светот, и ќе се нарече цар Давид. За тоа е речено: „Давид, царот на Израел – е жив, и постои!”, затоа што тој не умрел и неговото кли престојува во секоја душа на Израел. Додека пак душата на Мојсеј е само во кабалистите на ова поколение, и во пророците и превосвештениците. И затоа е речено: „Секој од Израел е достоен после царот да го наследи неговото царство”, и многу луѓе ги ослободува од вината. „Ќе се намножи дрскоста пред доаѓањето на Месијата” (Трактат Сота) и “луѓето ќе се угнетуваат еден со друг и секој – ближниот свој, и младиот ќе се однесува дрско пред старецот, а презрениот – пред почитуваниот” (Пророк Ијешајагу). Односно и младиот и презрениот човек машки ќе се борат во својата душа, стремејќи се да го воспостават Неговото царство над светот, како да биле старци и достојни луѓе на ова поколение.
„Презрениот” – т.е. оној кој што поседува ниска и најмала душа, согласно со неговиот корен. Но ако тој го насочи своето срце кон давање и ги поправи своите дејства во достојни, тогаш ќе ја привлече кон својата душа целата заедничка душа на светиот народ, со сите чуда, кои му се откриле на тој свет народ до овој ден – бидејќи сето тоа било само подготовка кон достигнувањето на ова совршенство. И затоа, оваа лична душа е обврзана исто така да доживее сé, и да го најде својот мир во еден миг, и благодарение на чудотворната сила на ова поколение, да го привлече Кетер на Малхут – круната на царството на Создателот, во која е содржано апсолутно сé. Како што е речено: „Потребно е да му се спротивставиш на гревот и тоа е обврска на секоја лична душа” (Талмуд, Брахот). За тоа е речено: „Дури и само еден човек да се приближи кон апсолутното враќање кон Создателот, веднаш ќе дојде царот Месија“. Односно, иако само еден човек од поколението ја достигнал заедничката душа, тој ќе може да го поправи целото свое поколение. Затоа што секој, кој ја извршил својата должност, ја симнува вината од целото свое поколение, и може да ја намножи својата молитва, и да го заштити, сé додека не го заслужи спасението на целото тоа поколение. Но, поинаку било во сите други спасенија, кои биле само подготовка и не се однесувале на секоја лична душа. Например, дарувањето на Тора се однесувало токму на поколението од пустината и нивниот предводник Мојсеј, додека сите други поколенија, кои можеби можеле да бидат и почисти, не ја привлекле таа Светлина, како што не ја привлекол ниту еден друг човек, освен Мојсеј, бидејќи едното зависи од другото.
Меѓутоа, силата на Месијата е спремна за секоја генерација, и затоа е подготвена исто така и за секоја лична душа, да ѝ даде да ја привлече Светлината на Месијата, што е обврска на секој. Смислата е во тоа, што Светлината на Месијата се однесува на заедничката поправка, и за неа сите келим се исти, бидејќи тие се разликуваат само со своите келим ХАБАД (Хохма, Бина, Даат), со своето ниво. Затоа сите други, кои ќе го видат лицето на Царот, еднакво ѝ служат на оваа цел, за да ја вратат атара ле-јашна,(старата слава), и тука нема значење разликата во нивните нивоа.