Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Активниот ум

Секој е должен да го достигне коренот на својата душа. Тоа значи дека саканата цел на создаденото суштество е Двекут (соединување) со Неговите одлики, „Како што е милостив, итн." Неговите одлики се светите Сефироти, и тоа е активниот ум кој го води својот свет и со кој им ја дава својата добронамерност и раскош.

Но мораме да сфатиме зошто тоа се вика, „Двекут со Создателот," бидејќи се чини како да се работи само за учење. Ќе го објаснам со алегорија: во секое дело во светот, умот на вршителот останува во делото. Во една маса, може да се види вештината и стручноста на столарот во неговиот занает, било да е мал или голем. Така е затоа што додека работел, ја направил според својот ум, одликите на неговиот ум. А тој што го гледа тоа дело и размислува за умот втиснат во него, за време на делото, тој е приврзан за умот кој го извршил, т.е. тие навистина се обединуваат.

Така е затоа што всушност нема оддалеченост и прекин меѓу духовните, дури и кога се во различни тела. Но умот во нив не може да се разликува, бидејќи кој нож може да го пресече духовното и да го остави раздвоено? Напротив, главната разлика меѓу духовните е во нивните одлики – за пофалба или за осуда – и составот, бидејќи умот кој работи астрологија нема да се прилепи до умот што размислува за природните науки.

А и во истото учење има голема разноликост, бидејќи ако некој надмине некој друг дури и во еден елемент, тоа ги раздвојува духовните. Но кога двајца мудреци го разгледуваат истото учење и ја имаат истата мера на мудрост, тие се всушност обединети, бидејќи што ги раздвојува?

Затоа, кога некој размислува за постапките на другите и го достигнува умот на мудрецот кој ги извршил, двајцата го имаат истиот ум и моќ. Така, сега се целосно обединети, како човек кој сретнал свој сакан пријател на улица, го гушка и бакнува, и поради нивната целосна обединетост, не можат да бидат раздвоени.

Оттука, правилото е дека во Говорењето, умот е најдобро прилагодената сила меѓу Создателот и Неговите суштества. Тој се смета за посредник, што значи дека Тој му дал искра од таа сила, и преку таа искра, се му се враќа Нему.

Напишано е, „Во мудрост Ти сите си ги создал," што значи дека го создал сиот свет со својата мудрост. Така, тој што е награден со достигнување на начините со кои Тој го создал светот и неговото однесување се припојува кон умот кој ги создал. Се припојува кон Создателот.

Тоа е значењето на тоа дека Тората целата е од имиња на Создателот, кои им припаѓаат на суштествата. Со нивните заслуги, суштеството го достигнува Умот кој влијае на се, бидејќи Создателот гледал во Тора кога го создавал светот, и човек достигнува просветлување преку Создавањето и засекогаш се припојува кон тој Ум; така се соединува со Создателот.

Сега разбираме зошто Создателот ни ги покажал своите алатки на умешноста. Ни треба ли нам да создаваме светови? Но од гореспомнатото, сфаќаме дека Создателот ни го покажа своето однесување за да знаеме како да се соединиме, што значи „соединување со Неговите одлики."

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели