Вистински критериум за вредноста на науката
Вредноста на секоја наука во светот се одредува според вредноста на нејзината намена, според целта која е разбирлива дури и при нејзиното површинско истражување. И затоа не постои наука, која нема некоја цел, освен науката за забава на бебињата, кои сакаат да го поминуваат времето во занимавање со тривијалности. Таква е нивната цел, и соодветно на тоа – нивната важност. Затоа науката не се цени според нејзината точност и знаењата, туку според користа и предностите што ги дава.
Вредноста на секоја обична наука одговара на материјалната корист, што таа ја носи, која без секаков сомнеж, ќе исчезне, ако не денес, тогаш утре, односно токму целта одредува што претставува науката.
И без оглед на тоа, што науката има голема предност над целта, бидејќи во секој случај науката секогаш има духовна основа, но, како што веќе било речено, таа се проценува соодветно на целта, тоа е она, што останува од неа довека. А ако целта е нешто минливо и безвредно, тогаш и науката исчезнува заедно со тоа. Така сега ние ја гледаме вистинската поставеност на нештата – која е важноста на науката Кабала во споредба со обичните науки. Бидејќи сето она со што се занимава науката Кабала е сфаќање на патиштата на управувањето на Создателот со своите суштества, и спојувањето со Него. На таков начин, суштината на оваа наука се потпира на Создателот. Но бидејќи невозможно е да се процени важноста на Создателот за суштествата, создадени од Него, тогаш невозможно е да се процени и степенот на предноста на науката Кабала над надворешните науки.
И, како последица на тоа, дека главна тема на нашата наука е животот засекогаш и довека, тогаш и нашата наука ќе постои вечно. Бидејќи нејзина цел е да се удостоиме за зближување со Создателот (што е најдобра од сите цели, кои што можеме да ги замислиме), тогаш токму оној што се занимава со неа, да не говориме за тој што се удостоил, достоен е за секаква пофалба на говорното ниво.
Нема потреба од глупави луѓе
Затоа се малубројни оние, кои што се стремат кон вишото, како што е речено: „Илјада луѓе доаѓаат да изучуваат кабала, но само еден излегува кон Светлината”. „Ги видов искачените, но малкумина се”. За тоа постојат многу причини, а основната причина е во тоа, што секој почетник сака да ја опфати целата наука целосно, и дури и најглупавиот сака да ја сфати праведливоста на управувањето на Создателот. Навистина, знаењето е неопходно, но глупавиот смета, дека може да го добие соодветно со неговиот разум, како и секое овоземно знаење. Меѓутоа оваа наука невозможно е да се објасни на јазикот на егоизмот, носителите на оваа мудрост се изразуваат со поинаков јазик...
Во страдања ќе живееш
Знај, дека има еден услов, задолжителен за сите, дури и за обичните науки, услов:„Во страдања ќe живееш”. Бидејќи е познато, дека секој, кој се удостоил да се нарекува мудрец, го губи вкусот на телесните насладувања, и соодветно на мерата на маките, кои ги одбрала неговата душа за страдања од горчината на трудот на сфаќањето на науката, токму соодветно на таа мера тој ја постигнува. И ако е така, тогаш може да им поставиме едно прашање на сите мудреци на светот наеднаш: „Зарем сè, што се однесува на љубовта не произлегува од самиот човек и неговото тело и се враќа во него, а ако е така, тогаш зошто доживеале неуспех сите мудреци во љубовта кон науката, ако од почеток па до крај таа не претставува ништо друго, освен напори на телото?”
Меѓутоа секој, кој поседува искуство во врска со даденото прашање, знае, дека постои единствено нешто во светот, што претставува најдобро од сите насладувања, какви што само може да замислиме, - добивање на признание во очите на општеството, заради кое вреди да се истрошат сите сили, да се откажеш од сите телесни насладувања, само за да го достигнеш посакуваното во доволна мера. Токму тоа е камен-темелникот. Очите на најдобрите од сите генерации се насочени кон него, заради што ние го трошиме животот за материјалното. И во тоа е каменот на сопнување за оние, што се стремат кон Создателот, и затоа од илјада, кон Него се искачуваат само малкумина.
Секоја наука има свој јазик. Оние, кои први почнале со изучување, го дефинирале предметот на науката, и ја објасниле неговата суштина со тој јазик. Така намената на јазикот е да биде преодна алка, блиска и до суштината на науката, и до оние што ја изучуваат. Во него се содржани необични можности – тој може да го направи презентирањето кратко, а објаснувањата подлабоки.
Претставници на науката кабала и претставници на обичната наука
На таков начин, соодветно со важноста на науката кабала (се разбира, дека условот кој функционира во секоја наука, функционира и во неа), се обезвреднува целокупниот материјален живот; но во прилог на ова, треба да се обезвредни и камен-темелникот, односно добивањето на признание од општеството.
Научникот, кој се занимава со обична наука не ги цени материјалните добра, за да го искористи драгоценото за него време за откритија, наместо да го троши напразно, како што тоа го прават сите глупави луѓе, заради својата пристрасност кон материјалните добра. Научникот, кој бега од тоа како од оган, се спасува од тоа, бидејќи го одбира игнорирањето на материјалниот живот. Како замена за тоа, во заштеденото на таков начин време, тој добива знаења.
Може да се направи споредба со научниците, кои ја изучуваат науката кабала. Сè додека не се обезвредни во очите на човекот камен-темелникот – добивањето на признанието од општеството, тој апсолутно не е подготвен за постигнување на науката кабала, бидејќи ќе го поминува времето во обидите да го добие тоа признание, и ќе се израмни со глупавите луѓе, кои го трошат времето за материјални добра. Неговото срце нема да биде отворено за постигнување на оваа чиста и зачудувачка наука, и нема да биде подготвен да се удостои да го спознае Создателот. А тоа е едноставно.
Од кажаното ќе биде јасна причината, заради која нашата наука не наоѓа признание во светското општество. Тоа не ја вреднува дури ниту како второстепена наука. Грешката произлегува од заменувањето на суштината, бидејќи претставниците на обичната наука, заради фактот, дека нивната цел е добивање на признанието од општеството, со сета сила се трудат да најдат таква надворешна обвивка за својата наука, која би била прифатена дури и од глупавите луѓе, бидејќи тие се основа на човештвото, и преку нив се одвива распространувањето на сето она што се рекламира.
Скривање на науката кабала од глупавите
Но тоа не е случај кај оние, што ја изучуваат науката кабала. Тие никогаш не се стремеле да ја претстават својата наука на начин, на кој што таа би била прифатена од будалите, бидејќи нема потреба од нив. Јас сакам да кажам, дека дури иако научниците се обидуваат да ја сфатат смислата на вистината така, за да биде прифатена од нив, сепак тие нема од таа причина да дојдат кон изучување на „Писанието“.
Затоа што глупавиот не сака ништо, освен она, што е откриено на неговото срце, што му е блиско, односно се однесува на телесните насладувања. Како што веќе говорев, глупавиот останува во својата глупост на игнорирање на науката заради својата блискост со човечките насладувања, додека времето, колку цел еден живот, нема да е доволно за да ги исполни барем „половината од своите желби”. Затоа тој нема слободно време за наука, дури иако таа му се допаѓа. Дури и истакнати научници, земајќи ја предвид значајноста на науката кабала, се сметаат за глупави и материјалистички, заради својот сремеж да го добијат признанието од општеството. Бидејќи од гледната точка на науката кабала, тоа е апсолутно еднакво на големата желба за материјални добра и телесните желби.
Затоа кабалистите не им ја откриле на глупавите методата на развојот, со помош на науката кабала, бидејќи тоа претставува голем прекршок. Како што е речено од мудреците: „Како што претставува обврска да се открива она, што ќе биде правилно сфатено, така претставува наша обврска да не го откриваме она, што нема да биде правилно сфатено”. Затоа, од моментот, кога поколението паѓа во власта на злото, кабалистичките книги се осудени на спалување, како што веќе не еднаш се случувало, бидејќи самото постоење на науката кабала претставува трн во око за будалите. Затоа што тие не наоѓаат во неа никаква корист за наполнување на своите егоистички желби, туку напротив, таа има ја одзема можноста јавно егоистички да се насладуваат, што за нив претставува врв на задоволството.