Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Криење и откривање на лицето на Создателот

Второто криење, кое книгите го спомнуваат како „криење во криење", значи дека човек не може да го види дури ни грбот на Создателот. Место тоа, вели дека Создателот го напуштил и дека веќе не внимава на него. Сите страданија што ги чувствува ги припишува на слепата судбина и на природата, бидејќи во неговите очи патиштата на Провидението стануваат толку испреплеткани што го наведуваат да негира.

Тоа значи дека човек се моли и дава во добротворни цели за своите маки но не добива ама баш никаков одговор. А таман кога ќе престане да се моли, добива одговор. Секојпат кога ќе ја надмине маката, верува во Провидението, и ги поправи своите дела, среќата безмилосно му врти грб и тој пак паѓа на старото. А штом ќе почне да негира и ги влоши своите дела, станува многу успешен и многу му олеснува.

За својата живеачка не заработува на правилен начин, туку преку измама или осквернување на Шабат. Или пак, сите негови познаници кои ја следат Тората и Мицвот (заповедите) страдаат од сиромаштија, болести, и се презрени од луѓето. Таквите следбеници на Мицвот му се чинат некултурни, сосема без мозок, и толку лицемерни што не може да поднесе ни минута да биде во нивно присуство. И обратно, сите негови злобни познаници, кои му ја исмеваат верата, се многу успешни, богати и здрави. Не знаат за болест; паметни се, доблесни, и со добар карактер. Безгрижни се, имаат самодоверба, и имаат мир цел ден, секој ден.

Кога Провидението на таков начин ќе му го уреди животот на човека, тоа се вика „криење во криење." Тоа е затоа што тогаш човек паѓа под сопствената тежина и не може понатаму да го зајакнува верувањето дека неговите болки доаѓаат од Создателот од некоја скриена причина. На крај, тој паѓа, станува еретик, и вели дека Создателот воопшто не ги гледа своите созданија, и дека се што се случува се случува поради судбината и слепата природа. Тоа значи да не се гледа ниту грбот

Опис на криење на лицето

1. Страданија како недоволно пари, слабо здравје, деградација, неуспех во остварувањето на своите планови, и емоционално незадоволство како воздржување од мачење на својот пријател.
2. Молитвите не добиваат одговор. Пропаѓање кога ќе се подобрат делата, и успех кога ќе се расипат. Издржување на лоши начини: измама, крадење, или осквернување на Шабат.
3. Сите негови чесни познаници страдаат од сиромаштија, лошо здравје, и секаква деградација, а злобните познаници го исмеваат секој ден и се успешни во здравјето, богатството итн. и водат безгрижен живот.
4. Сите негови праведни познаници кои се држат до Тората и Мицвот се чинат сурови, егоистични, чудни или во суштина глупави и неучтиви, како и лицемери. Одвратно му е да биде со нив, дури и во Рајската Градина, бидејќи не може да поднесе да биде со нив ни секунда.

Еден вид криење (опис): Неговото лице не се открива; што значи, Создателот не се однесува кон некого според Своето име – Добриот Кој Прави Добро. Напротив, човек од Него страда од недостиг на приходи, и многу луѓе сакаат да ги соберат од него своите долгови и да му го загорчат животот. Целиот ден му е полн со маки и неволји. Или пак страда од лошо здравје и непочитување од страна на другите. Секој план што ќе го почне не успева да го доврши, и постојано е фрустриран.

На тој начин, се разбира, човек не го гледа Доброто Лице на Создателот, т.е. ако верува дека Создателот е тој што му го прави сето тоа, било како казна за прекршоците или за да го награди на крај. Тоа следува по стихот, „тој што Господ го љуби, него го исправа", како и „праведните почнуваат со страдање, бидејќи Создателот на крај сака да им дари голем мир."

Па сепак, тој не греши па да каже дека сето тоа му дошло од судбината и од природата без никаква причина и намера. Напротив, тој зајакнува верувајќи дека Создателот, со Неговото водство, му го сторил сето тоа. Сепак, тоа се смета дека е гледање на грбот на Создателот.

Чекори до откривањето на Лицето

Но штом во целост ќе го открие зачинот – Светлината која ја вдишува во своето тело – преку јакнење на верата во Создателот, човек го завреднува водството со Неговото Лице разоткриено. Тоа значи дека Создателот се однесува кон него како што му доликува на името, „Добриот кој Прави Добро."

Така, тој добива изобилство на голем мир од Создателот и е секогаш задоволен. Тоа е затоа што заработува за живот со леснотија и до максимум, никогаш нема маки или притисок, не знае за болест, е многу почитуван од сите, без напор го остварува секој план што ќе му падне на ум, и жнее успех каде и да се сврти.

А кога ќе посака нешто, ќе се помоли и веднаш добива одговор, бидејќи Тој секогаш одговара на се што овој ќе побара од Него, и ниедна молитва не е одбиена. Кога човек зајакнува со добри дела, има уште поголем успех, а кога е немарен, успехот пропорционално му се намалува.

Сите негови познаници се чесни, со добри приходи и здравје. Многу се почитувани од другите и немаат никакви грижи. Имаат мир цел ден, секој ден. Паметни се, вистинољубиви, и со толку добар изглед што човек се чувствува благословен што е во нивно друштво.

И спротивно на тоа, сите познаници кои не го следат патот на Тората се во беспарица, ги мачат тешки долгови, и немаат ни секунда мир. Болни се, полни со болка, и презрени во очите на другите. На човеков му изгледаат безумни, злонамерни, злобни и сурови кон другите, измамници и такви лицемери што е неподносливо да се биде со нив. Неговото име ни покажува дека Тој е добронаклонет кон сите свои созданија во секаков вид добро, доволно за секој вид на примател од народот на Израел. Секако, задоволството на еден не е како задоволството на друг. На пример, тој што се бави со мудрост нема да ужива во слава и богатство, а тој што не се бави со мудрост нема да ужива големи достигнувања и пронајдоци во мудроста. Така, Тој дава богатство и слава на еден, а чудесни достигнувања во мудроста на друг.

Кога човек моли да стане појак во својата верба во Неговото водство над светот за време на периодот на криење, тоа го тера да размислува за книгите, Тората, и оттаму да ја извлече Светлината и разбирањето како да ја зајакне својата вера во Неговото водство. Тие осветлувања и забележувања кои ги прима преку Тората се нарекуваат „зачинот на Тората." Кога ќе се соберат во одредена мера, Создателот се смилува на него и го опсипува со духот одозгора, т.е. повисоката раскош.

Опис на откривање на Лицето

1. Добивање на изобилство добра и мир, целосно и лесно заработување за живот. Човек никогаш не чувствува немаштија ниту болест, го почитуваат каде и да се сврти, и успешно и лесно го остварува секој план што ќе му текне.
2. Кога се моли, веднаш добива одговор. Кога ќе си ги поправи делата, многу е успешен, а кога ќе ги влоши, го губи успехот.
3. Сите негови познаници кои чекорат по вистинскиот пат се богати, здрави, не знаат за болест, се многу почитувани, и живеат во мир. А познаниците кои не го следат вистинскиот пат се со слаби приходи, полни со маки и болки, и луѓето се гнасат од нив.
4. Сите свои праведни познаници ги смета за паметни, разумни, културни, вистинољубиви, и толку убави што е најголемо задоволство да се биде меѓу нив.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели